Ознака: кои

human and robots

Каква иднина ни готват во тајната лабараторија на Google?

Post Views: 3 Замислете како би изгледало ако вашиот фрижидер може да се поврзе на интернет и самиот да ги нарача продуктите што се потрошиле. Или пак замислете ја вашата чинија што се поврзува на интернет и на друштвените мрежи објавува што имате за ручек. И сè тоа додека вие седите дома во пижами, а вашиот робот оди на работа во фирмата. Тоа се само дел од соништата што се разгледуваат во Google X, тајната лабораторија во која интернет гигантот се обидува да реализира 100 луди идеи, пишува New York Times. Иако повеќето се само концепти, и воопшто не се блиску до остварување како...

Continue reading

Охрид подготвен за „Давид“

Post Views: 1 „Давид“ пристигна во Македонија. Според информациите од УХМР, овој циклон ќе донесе нов бран на врнежи кои се очекува да започнат денеска по 22 часот. Врнежите ќе продолжат и во текот на ноќта со позасилен интензитет, а се очекува да наврнат од 40 до 60 л/м2. Врнежите ќе бидат изразити во западните и јужните делови на земјата, ќе дува засилен, повремено силен јужен ветер со удари над 80км/час. Во сабота се очекува кратка пауза за веќе во попладневните часови и вечерта да стигне нов влажен бран, се очекува овој бран да биде ударен, изразен преку поројни дождови и грмотевици....

Continue reading

Најџел Kенеди на „Охридско лето“

Post Views: 0 Британецот воопшто не изгледа како најпродаван класичен виолинист на сите времиња. Најџел има панкерска фризура, се облекува невообичаено за класични концерти, и јавно признава дека е уживател на марихуана за да ја поттикне креативноста! Овој светски виртуоз на виолина е и одличен џез-музичар, па со својот Најџел Кенеди бенд” го обиколува целиот свет и приредува концерти кои прераснуваат во вистинско шоу и спектакл. “Токму затоа неговиот настап на фестивалот Охридско лето” ќе биде со комбинирана програма од класична и џез-музика. Во првиот дел уметникот...

Continue reading

slatinsko ezero

Има ли опасност од излевање на Слатинското езеро

Post Views: 1 Најавеното невреме со обилни врнежи од дожд, потенцијална опасност за Слатинското езеро. По катастрофалното оштетување на браната кое се случи на почетокот на 2013та година која само делумно беше санирана, при секое поголемо невреме се алармираат службите кои зе надлежни за состојбата со оваа акумулација. Раководителот на охридскиот ЦУК, Митко Темелкоски вели дека во моментов овој воден басен е исполнет до половината  така што и да има поголемо количество на вода од најавените врнежи не би требало да дојде до некоја несакана последица. Тоа не преставува директна опасност...

Continue reading

Ilija Piperkoski

„Дедо и внук“

Post Views: 0 Едно од филмските остварувања кое годинава ќе биде подржано од „Агенцијата за филм на Република Македонија“ е  приказна на охридскиот млад режисер Илија Пиперкоски. Играниот филм „Дедо и внук“, во режија на Илија Пиперкоски, кој ќе се снима целосно на локации во Охрид, е прв ваков филм после „Мирно лето“ од далечната 1961 година. Првата клапа треба да падне оваа есена е во копродукција со романската „Пандорас бокс продакшн“. Пиперкоски открива дека станува збор за универзална генерациска љубовна приказна која го навела да направи едно навраќање кон минатото, но и самосвесно...

Continue reading

Охриѓани се помалку се жалат на работата на државните службеници, тврди секретарот на општината Спасески

Post Views: 0 Извршувањето на работните задачи на седумдесет административни службеници  се под директен надзор на секретарот на општината Димитар  Спасески. Спасески два пати во текот на годината ги отценува како тие ја извршуваат нивната  работа. Се оценуваат по 9 критериуми  и се формира просечна оценка.Во неговиот мандат вели дека само еднаш изрекол  негативна оценка за работа на службеник, додава секретарот.„ Согласно законот едно негативно  оценување значи прераспределба на државниот службеник на работното место соодветно на неговото образование. Ако бил раководител на сектор...

Continue reading

вртелешка

Продолжува уништувањето на детските игралишта во градов

Post Views: 9 Детските игралишта каде што децата минуваат дел од времето во игра, се почесто безмилосно се уништуваат. Долго време спортските и детските игралишта беа посакувани терени за забава и рекреација на децата, а сега кога ги добивме, не знаеме да ги чуваме. Родителите, бабите и дедовците кои ги носат децата на игралиштата го осудуваат ваквиот унуштувачки однос. Реквизитите во детските игралишта најчесто страдаат во вечерните часови под налет на агресивното однесување на децата од 10 години па нагоре. Искинати заштитни мрежи, откорнати лулашки и лизгалки е честа глетка во...

Continue reading

такси

Локалната подготви програма за поефикасно работење на такси превозот во Охрид

Post Views: 3 Локалната самоуправа ќе воведува мерки за поефикасен такси превоз во градот. Програмата  утре ќе биде ставена на усвојување пред советниците на 35-тата седница на совет.  Со промените во превозот ќе бидат засегнати околу 350 такси превозници. ТВМ  ги контактираше претседателот на здружението на охридските таксисти и сопствениците на неколку такси компании за мерките кои  ќе се преземаат за  ефикасен такси превоз.  Повеќето од нив тврдат дека не ни знаат за програмата. Нагласуваат дека пред 2-3 месеци одржале работна средба со градоначалникот Бакрачески пред кого ги изложиле...

Continue reading

vampir

Во Полска: Вампир убива жени !?

Post Views: 16 Мештаните од Мјeчховице, Полска, се убедени дека во блиската шума има вампир кој убива жени на возраст од 30 до 55 години! Се почнало откако 54 годишна жена е пронајдена мртва во шумата. Залудни биле повиците од полицијата да се смири паниката бидејќи жената не е убиена туку умрела од природна смрт. Набргу на фејсбук се проширила приказна дека веќе три жени се убиени во истата шума, а зад убиствата стои вампир кој ги намамува таму за да ги силува и мачи. Портпаролот на полицијата Адам Јакубиак тврди дека гласините за вампирот во нивната област се само гласини кои ги...

Continue reading

studenti

Софтвер против плагијатите на македонските студенти

Post Views: 10 Министерството за образование и наука ќе воведе софтвер кој ќе овозможи брзо и лесно пронаоѓање на трудови кои се плагијат на веќе објавени, оценувани или презентирани трудови. Софтверот ќе го изработи македонска компанија, ќе чини околу 1.200.000 денари а универзитетите ќе можат да го користат бесплатно. Во системот ќе бидат имплементирани ефикасни алгоритми и статистички методи за определување на оригиналност на документи и пребарување на текстот. Системот ќе користи напредни техники за индексирање и мапирање на текст и ќе работи со документи напишани на македонски,...

Continue reading

logo

Истекува рокот, уште 5 дена за воведување ГПРС каса

Post Views: 1 Сите фирми кои што вршат промет на добра и на услуги за кои плаќањето се врши во готово, а кои досега не ја отпочнале постапката за воведување на ГПРС фискална каса кај некои од овластените производители, имаат уште пет дена до истекот на крајниот рок – 31 Јануари, да ја исполнат законската обврската. Според последните податоци, 38.565 фискални апарати со ГПРС уред успешно се регистрани и поврзани со новиот систем на УЈП за он-лајн следење на готовинските плаќања. По истекот на рокот, даночните обврзници кои не користат фискален систем на опрема со ГПРС ќе се соочат...

Continue reading

emo

Синдикатот од АД ЕМО бара помош од охридскиот градоначалник

Post Views: 5 Синдикатот на АД Емо поднесол список од 80 вработени со барање за помош до градоначалникот Никола Бакрачески. Бараат да им се помогне да не бидат тужени заради неподмирени долгови кон трите јавни претпријатија, Проаква, Комуналец и Нискоградба и  да не им се пресметуваат камати.  Станува збор за  членови на синдикатот од некогашниот стопански гигант во Охрид кој  во моментов се наоѓа во тешка финсиска состојба.  Ова барање  следува по ветувањето на градоначалникот Бакрачески дека ќе ја разгледа можноста Локалната самоуправа да им помогне на  вработените, напоменува Миле...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top