Ознака: клуб

medal trka

Велосипедски празничен викенд во Охрид

Post Views: 1 Сончевото време околу 1ви Мај го донесе до совршенство велосипедскиот празничен викенд во Охрид. Патешествијата започнаа на 28ми Април со Велокамп 2012, каде учесниците имаа организирано ноќевање, за да продолжи наредниот ден со државниот друмски натпревар кој носи бодови на ранг листата на Македонија. Натпреварот се одржа на релацијата Охрид-Струга-Дебар, односно по течението на реката Црн Дрим. Инаку оваа патека се вози за прв пат по 20 години. На 30ти Април се одржа и рекреативен маратон низ неколку струшки села, за на 1ви Мај да се одржи веќе познатиот натпревар...

Continue reading

tekwondo deca

Започна Охрид Опен 2012

Post Views: 0 Конечно Охрид Опен навистина е опен односно отворен. Ова е прв теквондо турнир во градов после цели 14 години, а згора на тоа и по повод прекрасен јубилеј. Македонската теквондо федерација слави свои 20 години постоење или 20 години поминале откако овој спорт за прв пат бил практикуван во Македонија. За овој турнир беше најавено учество на преку 200 натпреварувачи, но дел од нив го откажале своето присуство поради актуелните случувања во Скопје. Сепак тоа не ги спречило останатите 1200-тина учесници да ги покажат своите вештини во теквондото. Меѓу нив и теквондо клубот...

Continue reading

Cvetko Grozdanov

Академик Цветан Грозданов ја отвори душата

Post Views: 5 Традиционалното признание кое го доделува „Лајонс клуб – Охрид“, во рацете на академик Цветан Грозданов. „Кога ќе споменете Горна Порта за мене како историчар на Охрид помеѓу другото оваа порта има свое и историско и уметничко значење. Јас долго го проучувам Охрид, затоа што тоа ми е опсесија. Повеќе од задоволем сум што Лајонси се сетија на мене и со оваа награда ме почестија“, изјави академик Цветан Грозданов по примањето на наградата. „Овдека сретнав една генерација, нова генерација на млади охриѓани, интелегентни, пробивни, продорни, образовани кои ја знаат својата...

Continue reading

novogodishen koncert

Традиционалeн Новогодишен хуманитарен концерт во организација на Лајонс клуб – Охрид

Post Views: 1 Традиционален Новогодишен Хуманитарен Концерт во организација на Лајонс клуб од Охрид. Во духот на лајонизмот, охридските „витези на слепите“ со ваквите акции допринесуваат да им се подобри состојбата на оние на кои помошта им е повеќе од неопходна.  Концертот кој се одржа синоќа е петти по ред во организација на Лајонс Клуб Охрид и со него охридските лајонси покажаа дека Охрид изобилува со млади таленти, но и граѓани кои се хумани. „Вечерва имавме прилика и чест да присуствуваме на хуманитарен концерт каде доминираше нашата иднина и нашата младост“ истакна гувернерот...

Continue reading

Milutin Sekuloski

Лоцирани „жешки“ еко точки на езерското дно

Post Views: 30 Стари шпорети, мијалници, гуми, градежен шут, пластични предмети се само дел од отпадот што го  пронаѓаат нуркачите на дното од езерото. „Сме нуркале на многу места во светот ама ваква хаотична ситуација со фрлање на цврст отпад во водите како што е со нашето езеро не сме нашле никаде“, вели Милутин Секулоски од нуркачкиот клуб Амфора. За спречување на ваквите појави  Секулоски апелира институциите да пронајдат механзими за   контрола и  спречување несовесните граѓани од цврстиот  отпад да се ослободуваат во езерските води. И додека надлежните не го спречат ваквото...

Continue reading

laboratorija vo PZU Daron

Рапиден пораст на дијабетичарите во Охрид

Post Views: 7 Транзициониот стрес  зема  данок со  постојано растење на бројот на заболени од дијабетес. Ова заболување зема се поголем замав во светот , но и кај  охриѓани. Се откриваат  бројни случаи каде што пациентите  од таблетарна терапија мора да преминат на инсулин. Во Охрид нема недосток на инсулин и лекувањето  е достапно на сите.  Во акција за рано откривање на дијабетот се вклучи Лајонс клубот Охрид.  Лајонистите  во соработка со  Здружението на дијабетичарите од Охрид и приватната здравстевна ординација Дарон спроведоа акција за бесплатна проверка на шеќер во крвта.  ...

Continue reading

svr

Охрид продолжува да ја полни црната хроника

Post Views: 1 Поради постоење на основано сомнение дека е сторител на кривичните дела „Предизвикување општа опасност„ и „Неовластено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи„ СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.М. (21) од населбата Велгошти. Денес рано наутро, во 04 часот и 55 минути, пријавениот, пред ноќниот клуб „Наполеон„ неовластено пукал од огнено оружје-ловна пушка марка „ Црвена застава„ сопственост на неговиот татко, која ја поседувал со соодветна дозвола. На пукањето со огненото оружје, му претходела вербална расправија и нарушување на јавниот...

Continue reading

strelci

Летен училишен спортски камп во Охрид

Post Views: 1 Летен училишен спортски камп во Охрид. Дел од него се 80 тина деца кои постигнале солидни резултати во сите спортови на ниво на основните и средни училишта во Македонија. Во склоп на кампот денеска напознатиот најдобриот стрелец на сите времиња од  Македонија, Бранимир Јованоски, во стрелачкиот клуб одржа предавање. Јованоски кој е едниствениот носител на злато за Македонија на олимпијадата во 1992 год. во Барселона и добитник многу други награди на европски и светски натпревари, но и селектор и тренер на репрезентативците кои настапуваа на параолимписките игри на идните...

Continue reading

velosipedist

Промовирана велосипедската патека „Лихнидос“

Post Views: 1 52-ца членови од осум велосипедски клубови од земјава, кои се занимаваат со планински велосипедизам,  ја промовираа велосипедската патека „Лихниодос“. Велосипедистите во неколку категории возеа низ калдрмисаните улички на Варош и Месокастро. Учесниците во трката истакнаа дека патеката е вистински предизвик за нив, напорна и опасна со угорнини и надолнини, која треба да се извози со максимална концентрација. Поддршка на оваа спортска манифестација, која оди во прилог на надополнување на туристичката понуда  и на охридскиот велосипедски клуб „Еко Дром“ даде и Локалната...

Continue reading

ribar

Политиката замеша прсти и во спортскиот риболов

Post Views: 10 Македонската риболовна федерација се соочува со притисоци за промена на името. Имено по иницијатива на Грчката риболовна федерација, светската риболовна федерација за слатки води и сугерира нја нашата да го смени името од Македонска риболовна федерација во Риболовна федерација на ФИРОМ. Од спортскиот риболовен клуб Св. Апостол Петар од Охрид кој е член на македонската риболовна федерација најостро реагираа  на дописот. Тие се крајно разочарани и изненадени од како што велат „дискриминирачкото и расистичко барање на Светската риболовна федерација“. „Сакам да нагласам...

Continue reading

Metodija Barkoski

Што беше тоа танц?

Post Views: 0 Танцот во светот е мошне почитуван, и ако музиката е храна за душата тогаш  танцот е храна и за телото и за душата. Светските почитувачи и вљубеници на играта  посветиле и ден на танцот,  кој кај нас помина незабележано.  Во Охрид на танцот  најмногу му се радуваат најмладите велат раководителите на фолклорните и танцовите друштва. Преку 1000 млади луѓе членуваат во голем број фолклорни друштва, во школата за модерни танци и балетската  група, но не и повозрасните вели Коле Петкуќески раководител  на танцов клуб „Охрид“. Методија Баркоски Менде раководител на фолклорното...

Continue reading

Нефер игра во едриличарскот клуб Бофор

Post Views: 1 Приказната со едриличарскиот клуб “Бофор“ продолжува. Како што ТелевизијА ТВМ веќе информирше, неисполнувањето на обврските од страна на спонзорот беше причина поради која едриличарскиот клуб “Бофор“, на вонредно собрание кое се одржа на 1-ви април, го раскина договорот со АМАК СП. Потсетуваме дека на истото собрание клубот го избра и новото раководство, а донесе и одлука за враќање на старите симболи на “Бофор“. Овај чин стави крај на соработката која започна во 2003 год, помеѓу едриличарите и Амак СП како спонзор. Едриличарскиот клуб “Бофор“ во неколку наврати...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top