Ознака: Климент

Општата болница во Охрид и ОУ „Св. Климент Охридски“ денес добија донации

Post Views: 9 Инвалидски колички, кревети, душеци, сталаци за инфузија и друга медицинска опрема доби денес Општата болница во Охрид. Тоа е дел од донацијата која и беше дадена на болницата од страна на Здружението за христијанска помош од Визмар, Германија кое има повеќегодишна соработка со градов. Директорката на болницата Славица Малеска рече дека опремата пред се е наменета за детското одделение, но некои помагала ќе бидат распределени и на останатите одделенија. Секоја донација е добредојдена посебно во овие тешки времиња за болницата. Соработката со здружението ќе продолжи и...

Continue reading

Приодот на ОУ „Св. Климент Охридски“ со ѓубре

Post Views: 16 Наша сограѓанка во склоп на рубриката „Ти си твојот град“ ни испрати слики од приодот и околината на едно од најубавите основни училишта во Охрид, Св. Климент Охридски. Но, за жал она што можеме да го видиме на овие се слики е расфрлано ѓубре од несовесни лица. Природата се обидува да ни го разубави секој период од годината, но ние како да се трудиме да и докажеме дека ѓубрето и отпадоците ни се омилено опкружување. За жал, од најмалите почнува. Ова се фотографии од приодот на Основното училиште „Св. Климент Охридски“ – вели нашата сограѓанка за рубриката „Ти...

Continue reading

Бојкот на наставата најавуваат родители на ученици од ОУ Св. Климент Охридски

Post Views: 3 40-тина родители чии деца учат во ОУ Св Климент Охридски се закануваат со бојкот на наставата доколку не се задржат и понатака на работа одделенските учителки Маја Маленко и Лидија Ристеска, како и логопедот и дефектолог Билјана Аслимоска. Трите просветни работнички биле ангажирани во училиштето со договор на дело. Родителите на првачиња и деца со посебни потреби кои учат во ова училиште сакаат и понатаму во образовниот процес да се грижат досегашните учителки. Тие се повикуваат на нивната стручност и професионалност и напоменуваат дека нема да дозволат да се игра со...

Continue reading

Градот достоинствено го одбележа патронатот и својот заштитник Св. Климент Охридски

Post Views: 6 Охрид достоинствено го одбележа својот патронат и заштитник Св. Климент Охридски. По тој повод празникот беше одбележан и со свечена академија на која присуствуваа голем број охриѓани и гости. Повеќе од 11 века со својот дух и трајни световни пораки Св .Климент на многу генерации им го осветлил патот и ги водел кон иднината. Во многу вековното битусување на Охрид, низ неговите цивилизациски пластoви, свој белег оставиле неимари, цареви, освојувачи и владатели и духовни водачи кои со своите дела ја моделирале вечноста на овој град, но Св Климент со својот хуманизам ,...

Continue reading

ОСУ„Св.Климент Охридски“ синоќа го одбележа својот патронен празник

Post Views: 1 Свечено и достоинствено како што и доликува на една образовна институција како што е општинското средно училиште „Св.Климент Охридски“ синоќа беше одбележан нивниот патронен празник. Центарот за култура „Григор Прличев“ беше исполнет со гости и посетители кои дојдоа за да направат чест и да ј проследат програмата која ја имаа подготвено гимназијалците под раководство на нивните професори. На свеченоста присуствуваше и градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски како и советници и претставници на локалната самоуправа и други институции. Свое обраќање пред присутните имаше...

Continue reading

Денес се одбележува споменот на Св. Климент Охридски

Post Views: 2 Македонската православна црква со посебно внимание но и со гордост го празнува споменот на на својот патрон Свети Климент Охридски Чудотворец. Првиот македонски архиепископ, во исто време и творец на далеку познатата Охридска книжевна школа, исто така е најзначајниот средновековен писател и педагог. Со својата активност и со своето дело на повеќе полиња, црковно,просветно, книжевно и.т.н. тој стана заслужен не само за македонскиот народ туку и за целиот христијански свет. Свети Климент заедно со Свети Наум Охридски се најистакнатите ученици на Светите браќа Кирил и Методиј....

Continue reading

Основното училиште Св. Климент Охридски го одбележа патрониот ден

Post Views: 1 Со богата културно уметничка и забавна програма основното училиште Св. Климент Охридски го одбележа патронатот. Во програмата учествуваа ученици од 1,3 , 5, 7 и 9 одделение, училишниот хор и оркестар. Учениците и наставниот кадар од општинското основно училиште меѓу двата патронати постигнале бројни успеси освојувајќи награди и признанија по предметната настава, од областа на културата, литератураата, ликовните твроби и спортот. Предизвик на Наташа Танеска директор на ОУ е да се постигнуваат и понатака врвни резулатати во наставно образовниот процес.„Да го продолжиме...

Continue reading

Супер радио еден од добитниците на Повелбата – Патрон на градот „Св. Климент Охридски“

Post Views: 2 Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија од пристигнатите пет апликации одлучи проф. д-р Ангела Крстаноска – Василевска и Супер радио, да бидат добитници на Повелба – Патрон на градот „Св. Климент Охридски“ за 2017 година. Во образложението на комисијата стои дека Супер радио неодамна го одбележа јубилејот 25 години и дека е препознатлив бренд на радио новинарството, не само во Охрид туку и во Република Македонија. Супер радио денес е препознатливо, пред се, по модерниот радио израз, актуелната музика, вкусно избрана за постарата...

Continue reading

Богослужби за празникот Св. Климент Охридски

Post Views: 5 Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 07. декември 2017 година (четврток), ќе се служи празнична вечерна богослужба во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ – Плаошник – Охрид, по повод празникот „Свети Климент Охридски“ со почеток во 16:00 часот на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј. 08. декември 2017 година (петок), со почеток во 08.45 часот ќе се служи света архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува Неговото...

Continue reading

Традиционална крводарителска акција по повод празникот Св. Климент Охридски

Post Views: 4 Охриѓани, но и гостите кои доаѓаат во градов уште еднаш ја покажаа својата хуманост. Денес тие даруваа крв на традиционалната крводарителска акција која секоја година се одржува по повод големиот празник посветен на патронот на Охрид, Св. Климент Охридски. Очекуваме да се реализира очекуваниот број на крводарувања и засега сме задоволни. Има и млади крводарители кои секоја година, традиционално даруваат крв на истиот ден, вели, Сибел Доко, волонтер во ЦК. На оваа крводарителска акција се собрале повеќе единици од планираното, а радува и фактот што се поголем интерес...

Continue reading

Туристичката понуда во Охрид збогатена со првата бутик винарија Мал Св.Климент

Post Views: 6 Во првата охридска бутик винарија Мал Св.Климент љубителите на добрата капка може да дегустираат и купат високо квалитетно домашно вино. Виното е од првата регистрирана берба на грозје 2016. Произведени се неколку сорти вина од грозје од охридскиот реон. Покрај виното, во винаријата се нуди и храна. Дел од тимот е врвниот шеф од светска класа Синиша Салатиќ кој приготвува извонредни специјалитети. Се приготвуваат тестенини, салати, брускети со свежи зачини, вели охридскиот стопанственик Будимир Соколовиќ регистриран винопроизводител. „Посебно ми е драго што ќе се зголеми...

Continue reading

Основното училиште Св. „Климент Охридски“ се промовира пред родителите кои имаат првачиња

Post Views: 6 Основното училиште Св. „Климент Охридски“ започна со своја промоција пред родителите кои имаат првачиња. Во градинката „Јасна Ристеска“ им ги презентираа предностите на оваа образовна установа и условите кои таму се нудат. Оваа година при прзентацијата акцен ставаат на успесите кои ги има постигнатo училиштето. Минатата недела на државните натпревари најголемиот број на први места ги освоија учениците токму од нашето училиште. Тоа зборува за реформите кои ги направивме и за трудот кој наставниот кадар континуирано го вложува. На регионалните натпревари освоивме вкупно...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top