Ознака: Климент

Gimnazija

Гимназијалците фасцинирани од Белград

Post Views: 1 Средношколците од општинското средно училиште Св. Климент Охридски се вратија од уште едно патување кое имаше образовен, културен и забавен карактер. Минатиот викенд во Белград присуствуваа на изведбата на мјузиклите „Чикаго“ на Театар Теразија и „Цимери“ во Театрот Славија. Учениците од прва година од драмската секција и новинарскиот клуб презадоволни од оваа посета, со воодушевување зборуваат за впечатоците од мјуклите кои ги гледале. Проектот за посета на театарски престави надвор од Македонија, во случајов Белгард го осмисли и реализира драмската секција под водство...

Continue reading

ucenici

Протести за екстерното оценување

Post Views: 6 Сите ученици од 8 и 6 одделение, како и дел од учениците од 7 и 5 одделение од основното училиште Свети Климент Охридски денес не следеа настава. Родителите се изненадени од ваквиот бојкот  на учениците. Се прашуваат на што се должи ваквата постапка.  Учениците од Св Климент Охридски протестираа против екстерното тестирање. Никој не сакаше од одговорните лица во училиштето да каже кој стои зад органзирањето на протестите. Дали се тоа некој од учениците или од професорите. Директорот на училиштето Славица Илиќ е на пат, а нејзиниот заменик не беше достапен за коментар....

Continue reading

den na ucitelot

Наставниците се почесто се среќаваат со насилство и сиромаштија во училиштата

Post Views: 1 Виолета Илиевска 28 години е одделенски наставник во ОУ „Св.Климент Охридски“. За својата професија  вели ја остварив мојата детска желба и никогаша не би ја менувала. Љубовта кон просветата им ја пренесував и на моите ученици  додава Илиевска. За генерациите ученици кои поминале низ нејзината долгогодишна кариера нагласува дека заедничко за сите ученици е  желбата  за знаење и успех.Денес ОУ Св.Климент Охридски го одбележа меѓународниот ден на просветните работници. Со песна, игра и рецитација учениците од училиштето ја покажаа почита кон своите сегашни и некогашни...

Continue reading

katalog

Со нов каталог ќе се привлекуваат германски туристи

Post Views: 4 Нов каталог за германските туристи. Промотивниот материјал, кој на 80 страници, преку слика и текст, ќе раскажува за убавините на Македонија, е дело на долгогодишен туристички работник од Германија, кој потекнува од Охридско. „Гледајќи како другите земји се борат за повеќе туристи, одлучив да направам каталог под наслов „Македонско сонце, одмор на Охридското Езеро“, вели авторот на каталогот Климент Китаноски. Китаноски открива дека Македонија како туристичка дестинација воопшто не им е позната на Германците. „ Ако една дестинација не е позната не можеме да најдеме...

Continue reading

FTU

Новите студенти на „збор“

Post Views: 2 Симболично со химната на Македонија и универзитетската химна отпочна првиот академски час на ФТУ „Св. Климент Охридски“ Охрид. Успешна академска година на новите студенти им посака деканот на ФТУ Сашо Коруноски и ректорот на универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола, Златко Жоглев. Деканот на ФТУ Коруноски, рече дека денешниот ден е од големо значење за идните академци и како настан му се придава голама важност. Тој посебно го истакна податокот за отворањето на новата гранка, гастрономија исхрана и диететика.Ректорот на Битолскиот универзитет Жоглев рече дека не случајно...

Continue reading

Sv. kliment Ohridski

Просветни инспектори го скенираат ОУ „Св. Климент Охридски“

Post Views: 1 Тим од државни просветни инспектори трет ден  ја скенираат работата на основното училиште „Св.Климент Охридски“. Под лупа се ставени планирањето и подготвувањето на наставата, следење на наставните часови, постигнувањата на учениците, работата на наставниците, раководењето со институцијата како и целокупната инфраструктура. Претседателот на инспекцискиот тим, Митре Шуминоски,  нагласува дека работата на ова училиште е случаен избор за нивниот увид. Контролата има за цел учениците да добијат подобар наставен  и образовен процес во училиштата, вели Шуминоски.Забелешките,...

Continue reading

Aleksandar Arnaudov

Основците од Св Климент Охридски го обелија образот на градот

Post Views: 3 Во предвечерието на патронот на училиштето и градот, основците од  Св. Климент Охридски со свечена програма насловена со „ Животот е убав “  го одбележаа името на својот заштитник. Пригодната програма ја проследија голем број гости и родители, а присутните со пригодна реч ги поздрави директорката на училиштето Славица Илиќ. Таа истакна дека се слави името на патронот на градот и училиштето, сесловенскиот просветител и првиот учител Св Климент  Охридски. Преку детската игра, песна и збор се слави убавината на животот  потсети Илиќ и ги повика присутните да ја пронајдат...

Continue reading

logo

Кој сака да биде директор?

Post Views: 2 Дали дојде времето за наплаќање на политичките сметки, направени за време на годинешниве локални избори. Деновиве две директорски места се во фокусот на вниманието на градов – за ЈП „Охридски комуналец“ и   ОСУ„ Св. Климент Охридски“. ТВМ дознава дека во четвртокот, на последниот состанок на општинскиот огранок на СДСМ, потесното партиско раководство вршело притисок врз градоначалникот Петрески за именување на директор на ЈП „Охридски Комуналец“. Од него било барано тоа да биде член со партиска книшка од СДСМ. Од општинската, а и од централната СДСМ како прв...

Continue reading

pres

Охрид во чест на Св. Климент

Post Views: 10 Охрид ќе го чествува летниот Св. Климент. На плоштадот во градот ќе се одржи голем музички хепенинг на кој ќе учествуваат музичари исклучиво од Охрид. Во чест на големиот световен празник Св. Климент, на 8ми август на плоштадот во Охрид ќе се одржи хепенинг под наслов „ Охрид во чест на Св. Климент“. „Изминативе години значение му се придаваше само на зимскиот Св. Климент, меѓутоа како патрон на градот и од причина што во летниот период има туристи од сите страни на светот, за подобра промоција на Охрид ќе се слави летниот Св. Климент“, вели градоначалникот Петрески.„...

Continue reading

igracka

Донација за децата со специјални потреби

Post Views: 3 Трите паралеки со околу 15 -тина деца со посебни потреби од основното училиште Св „Климент Охридски“ добија ксилофони, блок-флејти, ударалки. Децата ја сакаат убавата  музика,  а посебно позитивната  која ги развеселува вели педагогот од ова училиште Лидија Размоска.    Координаторот за млади од  Црвениот крст-Охрид, упати благодарност до сите кои го посетија концертот,  и со купената влезница  ја нахранија душата со хуманост и убава музика испоплнета од баритонот, Борис Трајанов и   мандолинскиот оркестар на Рамадан Шукри. Анета Јованоска Црвен крст  Охрид истакна дека...

Continue reading

spomenik

Претставена монграфија за училиштето „Св.Климент Охридски“

Post Views: 8 Во основното училиште Св„Климент Охридски“ беше промовирана монографијата на училиштето. Училиштето може со гордост да се пофали дека е едно од ретките со историја од 110 години, прво училиште кое воведува паралелки за ученици со посебни потреби и прво училиште кое издава своја монографија. Во монографијата на училиштето „Св.Климент Охридски“, минатото, сегашноста и иднината се претворени во зборови. Со мал исклучок за периодот од 1898г до 1914г, период во кој недостасуваат архивите на училиштето, претставен е наставниот кадар, учениците и постигнувањата на училиштето....

Continue reading

Sv.Klimentova ngarda

Свечена академија во чест на Свети Климент Охридски

Post Views: 18 Покрај богатата културно- уметничка програма, беа доделени и највисоките општински признанија- наградата и повелбите Свети Климент Охридски. Големиот број посетители во Центарот за култура имаа можност да ја проследат Свечената академија во чест на заштитникот на Охрид. Вечерва, духот на Св. Климент сите нас кои живееме во Охрид не исполнува со своевидна гордост што сме жители на овој свет град, со овие зборови им се обрати на гостите,  градоначалникот Александар Петрески.   Во рамки на свеченоста, беа доделени највисоките општински признанија – наградата и повелбите...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top