Ознака: Кина

napad

Двете Кореи на работ на војна

Post Views: 0 Загина еден јужнокорејски маринец, а повредени се уште 14 војници и двајца локални жители. Јужнокорејската војска возврати со 80 гранати во самоодбрана. На островот горат куќи, а населението се евакуира, Сеул испрати борбени авиони во регионот и ја стави војската на највисоко ниво на готОвност, а владата свика итна седница.Јужнокорејскиот претседател Ли Мјунг Бак рече дека е мошне важно да се спречи ескалиција на престрелката. Пјонгјанг се уште молчи за нападот. Расте стравот од нова корејска војна. Русија изрази сериозна загриженост, а Јапонија нареди подготвеност...

Continue reading

kampanja

Австралија е убава и глупава блондинка

Post Views: 1 Зборувајќи во Сиднеј на конференција за меѓународно образование, Сајмон Анхалт изјавил дека светот гледа на Австралија како на глупава блондинка, атрактивна од надвор, но плитка и не интелигентна од внатре. Како причина за еднодимензионалноста на континентот ја издвоил неуспешната промоција на сопствената култура, образование и индустрија. Според него, успехот на раскошните туристички реклами како 180-милионската “So where the bloody hell are you?”, резултирале со претставување на земјата како многу украсно, но не и корисно место.   76% од анкетираните Австралијанци...

Continue reading

Nobelovecot so soprugata

Домашен притвор за сопругата на Нобеловецот за мир

Post Views: 0 Кинеските власти и одредија домашен притвор на сопругата на кинескиот дисидент Лиу Сјаобоа, добитникот на овогодинешната Нобелова награда за мир, соопшти портпаролката на организацијата за заштита на човековите права.Кинеските власти, на сопругата на нобеловецот, и го заплениле телефонот и и ја соопштиле одлуката за домашен притвор откако го посетила својот сопруг во затворот и му ја кажала веста за наградата. Нобеловата награда за мир му припадна на Лиу за неговата „долгогодишна и ненасилна борба за основните човекови права во Кина“. Тој е осуден на 11 години затвор,...

Continue reading

Nobelovec

Пекинг апси приврзаници на Нобеловецот Ксијабао

Post Views: 1 Организациите за заштита на човековите права во Кина, соопштија дека полицијата во Пекинг уапсила неколку десетици приврзаници на Ксијабао, поради тоа што ја прославувале одлуката на Нобеловиот комитет токму нему да му ја додели престижната награда . Официјален Пекинг жестоко реагираше, оценувајќи дека норвешкиот комитет со одлуката го загубил угледот и оти наградата ја претворил во политички инструмент за деградирање на Кина. {loadposition content9}

Continue reading

pishtol

Мал гневен човек

Post Views: 10 Во текот на денешниот претрес во судница, во кинеската област Хунан, еден маж уби тројца судии и рани уште тројца присутни, по што и самиот си пресуди, јави кинескиот весник „Хунан дејли“.Инцидентот се случи во судницата на Обласниот народен суд во Линфлинг, главниот град на централнокинеската провинција Хунан, пренесоа медиумите.Засега нема повеќе детали за инцидентот.Агенциите потсетуваат дека вооружените инциденти се реткост во Кина, бидејќи во оваа земја е забрането поседувањето и продажбата на огнено оружје.{loadposition content9}

Continue reading

deca Kina

Во Кина се тргува со деца како со алва

Post Views: 2 Трговијата со луѓе, вклучувајќи крадење и продажба на деца, зема епидемични размери во Кина, а полицијата е немоќна да го запре овој тренд, пишува германскиот весник „Шпигел“. Дополнителен проблем е корупцијата која ја забрзува трговијата, па очајните родители со здружени сили трагаат по своите синови и ќерки. Но, нивните напори не вродуваат со плод. Еден од Кинезите што го загубиле своето дете е Гуо Гангтангаг, кој продава сушени декорации од тиква во трговски центар во Пекинг. Неговото дете беше украдено пред 13 години и оттогаш него го мотивира само една желба –...

Continue reading

treta svetska vojna

Како била избегната Трета светска војна

Post Views: 0 Во 1969-та година, Советскиот Сојуз се подготвувал да изврши нуклеарен напад врз Кина, тврди кинески историчар во магазин поддржан од Комунистичката Партија. Лиу Ченшан е автор на фељтонот посветен на петте нуклеарни закани со кои од 1949-та година се соочила Кина. Според него, најсериозна била опасноста седум години по Кубанската ракетна криза, кога Москва и Пекинг беа во конфликт поради границата, кој однесе повеќе од 1.000 жртви и од двете страни. Тогаш, советски дипломати го известиле Вашингтон дека планираат да ја “збришат кинеската закана и да се ослободат од тој...

Continue reading

deca

Кинеските власти воведуваат присилна стерилизација на населението

Post Views: 0 Здравствените служби во градот Пунинг во јужна Кина планираат да стерилизираат околу 10 000 луѓе во следните 4 дена како дел од програмата за контрола на популацијата, пренесува Скај њуз.Кампањта ќе се спроведува кај луѓе кои веќе имаат  најмалку едно дете. Властите подготвиле и остри мерки против оние кои ќе одбиваат да се стерилизираат. Кинеските медиуми пренесуваат дека на многумина кои што одбиле да се стерилизираат им ги киднапирале родителите или некои од роднините.Стотина луѓе во Пунинг веќе се во заробеништво.Светското движење за човекови права Амнести интернешнл...

Continue reading

ekonomija kina

Некои кинески провинции побогати од членките на Г-20

Post Views: 1 Се повеќе кинески провинции се побогати од некои членки на Групата 20 најразвиени земји во светот и економии во голем пораст (Г-20), се наведува во т.н. „сина книга“ на кинеската Академија за општествени науки за конкурентноста на кинескиот регион. Академијата првпат го споредува вкупниот бруто домашен производ (БДП) во кинеските региони со 18-члената Г-20, исклучувајќи ги Кина и ЕУ, како и БДП по жител, објави весникот „Чајна дејли“. Јужната кинеска провинција Гуангдонг, економска сила на границата со Хонгконг, во 2008 година беше предводник на кинеските региони според...

Continue reading

barak obama

Обама и Далај Лама подобро да не се сретнат

Post Views: 2 Кина стравува дека можната средба на Барак Обама со тибетскиот водач Далај Лама ќе и нанесе штета на довербата меѓу двете земји кои веќе се во спор поради продажбата на американско оружје на Тајван.Zhu Weigun од Обединетиот фронт на кинеската владеачка комунистичка партија,изјавил на конференција за новинари, дека неговата влада остро се спротивставува на можноста за било каква средба меѓу Обама и Далај Лама,кого Пекинг го смета за опасен сепаратист.“Состанокот би бил во спротивност со меѓународната пракса и сериозно би ги подкопал политичките темели на кинеско-американските...

Continue reading

rudar

Загинаа 25 рудари во Кина

Post Views: 2 Најмалку 25 рудари загинаа во пожар во рудник за јаглен во централниот дел на Кина, соопштија во среда кинеските власти. Спасувачите трагаат по уште пет рудари во рудникот Лисенг, во провинцијата Хунан. Несреќата се случила во вторник попладне. Причината за избувнувањето на пожарот, како што се соопштува, бил краток спој. Во моментот на несреќата, на 240 метри под земја се наоѓале вкупно 73 работници, од кои 43 успеале да се спасат. За преостанатите рудари се претпоставува дека се обиделе да се спасат така што се спуштиле уште подлабоко. Телата на загинатите се пронајдени...

Continue reading

Indija i Kina

Индија околу 2025 година ќе стане побројна од Кина

Post Views: 2 Според прогнози на Федералното биро за пребројување на населението, околу 2025 година најгусто населена земја во светот ќе биде Индија, пренесоа светските агенции. Според американски експерти кон 2025 година населението на Кина ќе почне да се намалува. Според оценки на бирото, во Кина врвот на бројноста на населението ќе се достигне во 2026 година и ќе биде под 1,4 милијарда лица. Претходно се претпоставуваше дека ова ниво ќе биде повисоко. Според американски експерти, сегашната динамика се објаснува, пред се, со падот на таканаречениот коефициент на плодност или очекуваниот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top