Некои кинески провинции побогати од членките на Г-20

Се повеќе кинески провинции се побогати од некои членки на Групата 20 најразвиени земји во светот и економии во голем пораст (Г-20), се наведува во т.н. „сина книга“ на кинеската Академија за општествени науки за конкурентноста на кинескиот регион.

 |  Маја Савиќ  | 
ekonomija kina
економија кина

kineziСе повеќе кинески провинции се побогати од некои членки на Групата 20 најразвиени земји во светот и економии во голем пораст (Г-20), се наведува во т.н. „сина книга“ на кинеската Академија за општествени науки за конкурентноста на кинескиот регион.

Академијата првпат го споредува вкупниот бруто домашен производ (БДП) во кинеските региони со 18-члената Г-20, исклучувајќи ги Кина и ЕУ, како и БДП по жител, објави весникот „Чајна дејли“.

Јужната кинеска провинција Гуангдонг, економска сила на границата со Хонгконг, во 2008 година беше предводник на кинеските региони според вкупниот БДП, а по неа следеа Шандонг, Џенгсу и Џенгенг во Источна Кина, се наведува во „сината книга“.

Во споредба со 18-те членки на Г-20, Гуангдонг се наоѓа на 16 место според вкупен БДП и пред Саудиска Арабија, Аргентина и Јужноафриканската Република. Шандонг и Џенгсу ги надминаа Аргентина и ЈАР, додека Џенгенг се наоѓа пред ЈАР.

Кога станува збор за БДП по жител, Шангај е на 12 место во споредба со 18-члената Г-20, пред Турција, Мексико, Аргентина, Бразил, ЈАР, Индонезија и Индија.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top