Ознака: капачите

На охридските плажи нема знаци кои ќе ги предупредат капачите

Post Views: 18 Плажите се омилено место во овие екстремно жешки денови, но малкумина знаат дека кријат и безброј опасности. Капачите не знаат каква е конфигурацијата на дното на езерото, каде има карпи, а каде песок, колку е длабочината на водата на одредени места, кои се црни точки, дали има подземни извори и вртлози, дали на оние плажи каде има мост тој е безбеден и тн. Не беше така одамна кога на плажите, посебно на оние уредените и покрај хотелските комплекси постоеја знаци од кои можеа да се добијат вакви информации. Сега од некогашните обележја нема ниту траг, а нови не се сетил...

Continue reading

лого

Препораки за капачите за Водици

Post Views: 3 Вкупно 8 тимови на спасители на вода од охридскиот Црвен крст, распоредени долж градското пристаниште и во спасителни чамци како и 4 нуркачки тимови ќе се грижат за безбедноста на капачите кои во вторник на 19-ти јануари ќе скокаат по Светиот Крст во водите на Охридското Езеро. Спасувачките екипи ќе бидат засилени и со 8 медицински тимови за укажување прва помош со едно амбулантско возило, помогнати со 2 медицински тима на Итната медицинска помош со две амбулантски возила. Со оглед на релативно ниската температура на водата во Охридското Езеро кај пристаништето  која...

Continue reading

Педалинките и ова лето опасност за капачите

Post Views: 6 Викендов за влакно избегната несреќа во водите на езерото. Пет девојчиња кои биле качени на педалинка ќе настрадале во близина на плажата Немо. Педалинката потонала, а тие за среќа успеале да испливаат до брегот. Само две од нив имале елеци за спасување, а на оваа плажа нема ангажирани спасители на вода. Имаме доста интервенции на педалинки кои не се технички исправни, кои имаат одредени недостатоци и кои лесно потонуваат и кои се издаваат и на лица кои не се пливачи и на лица кои се малолетни, а и на поголем број на лица отколку што е капацитетот на самата педалинка,...

Continue reading

fakac na krst

Црвен крст: Скокачите по крстот да бидат внимателни, температурната разлика на воздухот и водата во езерото голема

Post Views: 19   8,2 степени целзиусови ќе изнесува температурата на водата во Охридското Езеро за големиот христијански празник Богојавление-Водици. Истата ќе биде дури за 1,3 степени пониска од лани кога, водата во езерото имаше температура од 9,5 степени целзиусови. Температурата на воздухот значително потопла и ќе изнесува од 7 до 8 степени. Токму ваквите температурни разлики според Сашо Точков од Црвениот крст може да бидат опасни за капачите. Порача тие да бидат особено внимателни. „Треба да се внимава при влегување во водата, сите оние кои чувствуваат слабост, кои се здравствено...

Continue reading

spasuvaci

Спасителите на вода подготвени, но не и концесионерите на плажи

Post Views: 8 Спасувачите на вода технички и психофизички подготвени за делување во новата капачка сезона. Но, тоа не важи за сите концесионери на плажите на охридско – струшкиот брег.  Дел од нив и годинава  замижуваат пред законските одредби да обезбедат сигурни капалишта. Две недели пред официјалниот старт на туристичката сезона  немаат преземено подготовки за обележување на плажите, вели Сашо Точков  од општинскиот Црвен крст. Напоменува дека на плажите немаат  поставено  набљудувачници, пунктови за укажување на прва помош и делови за интервенција  на спасувачите на вода.„...

Continue reading

plaza

Само половина од плажите на охридската ривиера безбедни за капачите

Post Views: 7 Моментално на половина од плажите на охридското и струшкото крајбрежје, капачите влегуваат во вода на сопствен ризик. Некои од плажите најавиле дека ќе создадат безбедни услови , секако во зависност од тоа како нив им одговара, а не на оние кои ги користат капалиштата. Но, како вели онаа народната, „Ѓаволот ниту ора ниту копа“. Пред само неколку дена инцидентот со момче од Гостивар, кое за малку ќе страдаше во водите на Охридското Езеро на плажата кај Св. Стефан, повторно го актуелизира прашањето за безбедноста на плажите чиишто концесионери и покрај законските одредби,...

Continue reading

plazi

Концесионерите на плажите ги кажаа своите маки на локалната самоуправа

Post Views: 20 Локалната самоуправа денес се запознаваше со актуелните проблеми на концесионерите на охридските плажи. Локалната од една, концесионерите од друга страна заеднички разговараа со претставници од Охридската капетанија, полицијата, Црвениот крст како и јавните претпријатија „Охридски комуналец“ и МЈП „Проаква“. Од локалната самоуправа велат дека целта на оваа средба е да се подготви една успешна, но и безбедна летна туристичка сезона. Капетанот на Охридската капетанија, Горан Устијаноски потенцираше дека направиле безбедносни анализи на лице место и откриле што според...

Continue reading

podgotovki za vodici 2013

Финишираат подготовките за Водици

Post Views: 3 Се поставуваат шатори за медицински екипи и за капачите, се украсуваа бродовите, поставуваа огради и тезги на кои ќе се точи топла ракија , а нуркачите го чистеа и езерското дно каде ќе се фрла светиот крст.  Обележана е и линија  која ќе овозможи сите кои ќе се обидат да го фатат крстот до него да стигнат со пливање, што би значело сите пријавени да тргнат во исто време и од исто место, а не како досега.   „Како што нагласивме во повеќе наврати овојпат ако некој нечесно или предвреме тргнит или скокни од брод или чамец, нема да ги добијат наградите кои ги дава здруженито....

Continue reading

spasiteli

Психофизички подготвени -спасителите на вода

Post Views: 9 Зоран Станкоски и Љупчо Стојаноски се лиценцирани спасители на вода. Со оваа квалификација  се стекнале пред пет години. Двајцата се обучиле и полагале во ОО Црвен крст. По стекнатите вештини и дозвола за спасување на вода досега биле ангажирани на бројни плажи в долж охридското крајбрежје. Интервенирале во многу  ситуцаии, но за среќа  ризичните моменти завршувале среќно. „ Досега не сум имал ситуации со давење, но имало бројни ризични ситуции со губење на свест или посекотини  кои звршувале во најдобар ред“, нагласува Станкоски. Во моментов Стојаноски и Станкоски...

Continue reading

kapaci

Капачи-внимателно утре!

Post Views: 2 Водата во езерото со екстремно ниска температура. Од Црвениот крст од Охрид со предупредување до сите оние кои ќе скокаат по светиот крст, но и сите капачи воопшто, да бидат крајно внимателни. На брегот на езерото ќе бидат поставени медицински пунктови кои ќе се грижат за безбедноста на капачите. Претседателот на Охридскиот Црвен крст, Сашо Точков вели алкохолот-строго забранет за оние кои ќе скокаат по крстот. Во очи големиот христијански празник „Богојавление-Водици“ предупредувања за крајна внимателност за сите капачи. Овие предупредувања редовно им се повторуваат...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top