Ознака: капацитети

plaza Struga

Туристичка сезона за мерак

Post Views: 37 Струга, според најавите на таткото на градот Рамиз Мерко, во овој период на годината солидно живее од туризмот. Градоначалникот рече, дека од година во година стекнуваат се поголемо искуство во оваа носечка дејност и со примена на добра пракса, резултатите се видни. Мерко истакна дека за тоа придонела и извонредната соработка со угостителските и туристичките работници кои понудиле добри цени, квалитено сместување и секако солидно мени. Тој додава дека направиле се во интерес на развој на туризмот и привлекување на гости. Во рамките на туристичкиот амбиент голема улога...

Continue reading

охрид

Oхридското крајбржје располага со квалитетни сместувачки капацитети

Post Views: 0 Охрид на  гости им нуди квалитетни сметсувачки капацитети. Сместувањето  од година во година бележи  подобрување и во бројот на легла и во нивниот комфор, напоменува Ѓоко Апостолов од  тлер. Од вкупниот борј на расположливи легла во Охрид вклучувајќи ги и хотелите околу ¾ од вкупниот број припаѓа на приватните станоиздавачи од мал обем, напоменува  Апостолов. Од оддлението за туризам при овој сектор решенија за категоризација на сместивачките објекти се издадени на 2.383 станоиздавачи  кои располагаат со 12.858 легла . Од нивната анализа посочуваат дека во Охрид се регистрирани...

Continue reading

Хотелите во Охрид и Струга не инвестираат во нивните капацитети, тврдат од Комората

Post Views: 4 Хотелите во Охрид и Струга во ништо не инвестираат. Немаат спа центри, сауни, фитнес клубови, а и собите не се реновирани, смета Аркан Керим, претседателот на  Туристичко-угостителската комора при Сојуз на стопански комори на Македонија. Тој додава дека посебно домашните туристи поради тоа повеќе одат во Грција и Бугарија, наместо во Охрид, Струга. Керим смета дека  за претстојниот празник, Први мај околу 150.000 – 200.000 македонски граѓани ќе отидат во Грција,  наместо да ги посетат нашите туристички центри, а минатата година 470.000 македонски туристи биле во...

Continue reading

booking.com

Охридските сместувачки капацитети со високи оценки на реномираниот booking.com

Post Views: 0 Сместувачките капацитети во градов со исклучително високи оценки на најголемиот интернет сервис за онлајн закажување booking.com. Бројни се капацитетите од секаков обем и со различен број на ѕвезди кои се закитиле со високи оценки кои претежно варираат од 8,5 до 9,7 што според стандардите на booking.com е навистина висока оценка. Овие оценки и критики кои ги добиле нашите сместувачки капацитети се дело на гостите кои таму престојувале, а кои покрај бројчаната оценка даваат и своја текстуална критика за она што најмногу им се допаднало или најмногу им пречело додека биле...

Continue reading

На Охрид му требаат нови хотелски капацитети

Post Views: 0 На охридско – струшкото крабржје нема доволен број  хотелски капацитети , вели Крсте Блажески првиот човек на Хотам. Во моментов на располагање за гостите се 6500 до 7000 легла додека една  туристичка дестинација се смета за сериозна ако располага со најмалку 10.000 легла посочува  Блажески.Тој  напоменува дека хотелската индустрија располага и со застрарени објекти на кои им треба обновување. Појаснува дека во моментов 10 -тина нивни членки не можат да почнат со доградба на хотелите. „ Владата излезе со предлог комуналиите да се намалат на 5 посто за дограба...

Continue reading

Хотелските капацитети во Охрид исполнети за новогодишните и божиќните празници

Post Views: 1   Хотелските капацитети во Охрид исполнети за новогодишните и божиќните празници. Хотелиерите велат дека најголем дел од гостите се од соседните земји и тоа од Србија и Бугарија. Цените за тридневен аранжман се движат од 110 до 150 евра по лице. Од хотелите Метропол и Белви велат дека многу се задоволни од продажбата на аранжманите во овој хотелски комплекс. Кај нив капацитетите се исполнети речиси 100% и тридневен аранжман чини 149 евра. Интензивно се подготвуваат за гостите од соседна Грција кои имаат резервирано за католички божик кој е на 25ти декември. Комплексите...

Continue reading

industriski hali

Некогашни индустриски капацитети со посредство на локалната до потенцијални браунфилд инвестиции

Post Views: 0 Дел од индустриските капацитети и хали во градов кои не се во функција, потенцијална можност за домашни или странски инвеститори. Локалната самоуправа преку Секторот за туризам и локален економски развој објави два јавни повици на кои се бараше од сите стопански субјекти, правни или физички лица кои поседуваат вакви капацитети, а истите не се во функција, да ги презентираат пред локалната и со тоа да станат дел од сите потенцијални браунфилд инвестиции кои би се реализирале во градов, било тоа да се странски или домашни инвеститори.  “Досега се пријавени вкупно...

Continue reading

hoteli

Со подобра патна инфраструктура и нови хотелски капацитети до резултати во туризмот

Post Views: 2 Градење на нови хотелски капацитетти, достигнување на бројка од еден милион гости годишно, поволни каматни стапки за добивање кредити, креирање на производ кој е привлечен за странските туристички гиганти, изградба на соодветна патна инфраструктура за поуспешна и подолга туристичка сезона во земјава. Ова се само дел од желбите, идеите и предлозите на туристичките работници со чија реализација тие сметаат дека многу би се подобрила туристичката слика во земјава. Како една од пречките за реализацијата на нови инвестиции во делот на хотелските капацитети, според претседателот...

Continue reading

хотел Дрим

Бериќетен период за струшките хотелиери

Post Views: 7 Настапува плоден период за хотелиерите во Струга. Ручек под отворено небо на 1 јануари, пред хотелската плажа, е дел од понудата за новогодишните празници на хотелот „Дрим. Менаџерот по продажба Билјана Тодороска рече, дека денес, не постои недопрена точка во економијата од глобалната економска криза, вклучувајќи го тука и хотелиерството и угостителството. Таа додава дека и покрај тоа луѓето чуствуваат потреба за одбележување на празници за што и одвојуваат средства преку годината.Голем предизвик е да се обезбеди поле за работа во хотелиерството во Струга, вели генералниот...

Continue reading

upisi

Слаб интересот кај полуматурантите за угостителската струка, гимназијата скоро со исполнети капацитети

Post Views: 15 Охридските средни училишта полека но сигурно ги исполнуваат своите капацитети. На крајот од првиот, јунски уписен рок после двете пријавувања, солидни бројки покажуваат во општинскиот електромашински училишен центар „Св.Наум Охридски“. Таму, според директорот Јане Цаноски, најголем интерес полуматурантите покажале за профилите електротехничар за компјутерска техника и автоматика, профилот техничар за патен сообраќај и профилот козметичар-техничар во струката лични услуги која веќе е оформена како паралелка иако има уште некое слободно место. „Како училиште, општинскиот...

Continue reading

moskopole

Туризам по мерка на гостите во Москополе

Post Views: 1 Али Маноку од албанското село Москополе, вели дека животото го научил на две лекции, да работиш повеќе или да го преспиеш животот. Тој во далечната 2004 година зедно со сопругата и неговиот син отпочнале бизнис.  Маноку вели, дека Москополе е единственото село во Албанија кое нуди различни можности на алтернативниот туризам, посебно поради големите културно историски вредности и големиот број на цркви. За менаџмент за успешен бизнис не треба школо, туку чуство кој бизнис може да биде профитабилен, додава тој. Па така денес Москополе или како што го нарекуваат Влашкиот...

Continue reading

охрид

Нов начин на промоција, подобра туристичка сезона

Post Views: 2 Хотелиерите во градов најавуваат добра туристичка сезона. Велат дека ова лето треба да биде поуспешно од предходното по бројот на остварени ноќевања во туристичките капацитети како од странски така и од домашни гости. Но, тие додаваат дека Охрид сеуште е далеку од достигнување на оние бројки кои се за паметење. Сугерираат локалната и државата сериозно да поработат на промоцијата не само на градов туку и на целиот регион. Според нив преставувањето на саеми со закупување на штандови е само непотребен трошок кој ретко кога вродил со  плод. Речиси никој не склучил договор...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top