Oхридското крајбржје располага со квалитетни сместувачки капацитети

Oхридското крајбржје располага  со квалитетни  сместувачки капацитети.

 |  Валентина Неловска  | 
охрид

охридОхрид на  гости им нуди квалитетни сметсувачки капацитети. Сместувањето  од година во година бележи  подобрување и во бројот на легла и во нивниот комфор, напоменува Ѓоко Апостолов од  тлер. Од вкупниот борј на расположливи легла во Охрид вклучувајќи ги и хотелите околу ¾ од вкупниот број припаѓа на приватните станоиздавачи од мал обем, напоменува  Апостолов. Од оддлението за туризам при овој сектор решенија за категоризација на сместивачките објекти се издадени на 2.383 станоиздавачи  кои располагаат со 12.858 легла . Од нивната анализа посочуваат дека во Охрид се регистрирани за работа 5.600 апартмани, 4.204 соби, 433 станови и 3 куќи.

„ Тренд е во последната година иако од вкупниот број на регистрирани приватни станоиздавачи да се бележи благ пораст на  квалитетот на капацитетите кои се издаваат по категорија“, кажуав Апостолов.

Во прилог на ова одат споредбените  податоци од 2013 и 2015 година. Според нив Апостолов набројува  дека  во 2013 имало  8 апартмани со 1 ѕвезда, а  во 2015 нема издадено ниедно решение за оваа најниска категорија. 2013 со 2 ѕвезди имало  3,  а во 2015 имало 6 објекти. Со 3 ѕвезди се регистрирани 12 , а во 2015 пак 37 објекти. 36 објекти имале 4 ѕзезди во 2013, а во 2015 биле издадени решенија за 40 објекти.

чаршија

„Бележиме пораст на квалитетот на сместувачките капациотеи категоризација на апартмани согласно Правилникот за издавање решенија. За собите кои се карактеризираат како стандардни и комфорт , категоријата е промелива. Стандардните со 1 ѕвезда во 2013 имало149, а толку останале и во 2015, а додека комфорт со две ѕвезди во 2013 биле издадени за 125 , а во 2015 нивниот број пораснал за 98 соби и достигнал бројка од 223“, кажува Апостолов.

Апостолов напоменува дека порастот  на квалитетот на сместувачките капацитети се должи на мерката на Локаланата самоуправа која ја спроведе од пред три години. Станува збор з  субвенционирањето на  приватните станоиздавачи од мал обем со кое  добиваат 20 денари од уплатената туристичка такса за секое пријавено ноќевање.  

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top