Ознака: каналот

Во каналот Студенчишта нема веќе место за паркирање на пловила

Post Views: 11 Максимално искористени капацитетите на каналот Студенчишта , за паркирање на пловни објекти.  Во импровизираната марина нема ниту едно слободно место.  ЈП „Билјанини извори“ на сопствениците  на пловила oва лето ќе им нуди сува марина. Безбедно паркирање на пловилата во склоп на спортската сала во близина на каналот. „Ние како јавно претрпијатие за да им излеземе во пресрет на сите  кои што  ќе дојдат во Охрид им нудиме сува марина позади спортската сала каде има простор. Претходно им нудевме  да ги остваат своите приколки,  но сега ќе може  и глисерите. Да може да...

Continue reading

kanal studencista

Ќе се прошири каналот „Студенчишта“

Post Views: 0 Државниот секретар на Министерството за одбрана Сашо Стефаноски, при денешната посета на Охрид, најави проширување на каналот во делот со кој располага кампот за обука на вода. Тој воедно нагласи дека со општина Охрид имаат добра соработка која треба да се продлабочи. „Ќе имаме можност да поразговоарме со војниците кои што се тука сместени, да ги погледнеме условите во кои тие живеат и  работат се разбира да погледнеме што е она што ние како министерство за одбрана може да го направиме за овие луѓе во наредниот период да ја зголемиме понудата на овој камп и секако како...

Continue reading

marina

Локалната самoуправа бара погодна локација за изградба на марина

Post Views: 3 Околу 1200 сопственици на пловни објекти регистрирани во Охридската капетанија чекаат изградба на современа марина. Потребата од изградба на прифатилиште за глисерите и чамците е потребна нагласуваат и од Капетанија. Од Локалната самоуправа бараат погодна локација за изградба на марина,  информира портапролот Томе Џамтоски. Постои план за изградба на марина и уредување на крајбрежниот појас во најатрактивното централното градско подрачје и каналот Студенчишта.   „ Реално Локалната самоуправа размислува колку во овој момент според се она што му се случуваше на градот...

Continue reading

kanal Studencista

Спортските риболовци против, каналот да се претвори во инпровизирана марина

Post Views: 7 Едниот брег од каналот Студенчишта кој и припаѓа на локалната самоуправа ќе се уредува најави неодамна првиот човек на  Капетанијата на пристаништата. Капетанот Горан Устијаноски вели дека на една страна од каналот, која и припаѓа на општината ќе се изгради инфраструктура за прифаќање на пловните објекти. Просторот ќе се уреди и заштити и тука за одреден надомест ќе може да се чуваат безбедно пловните објекти. Здружението на рекреативни риболовци „Свети Апостол Петар“ од Охрид е против овој проект на Локалната самоуправа.„Новиот проект на локалната самоуправа за изградба...

Continue reading

ezero

Ќе се стави ли ред во водениот сообраќај во езерото

Post Views: 7 Забраната за скутери се зголемува за еден час, одлучија од охридската капетанија. Љубителите на овие пловила ќе можат да ги возат само пред 11 часот и после 19, вели Горан Устијаноски, капетанот на охридската капетанија. Тој додава дека  забраната ја поместиле за уште еден час бидејќи во 18 часот плажите сеуште се полни со капачи па опасноста од доаѓање до некаков несреќен случај предизвикан пд скутерџиите е поголема. Зaбраната стапува на сила од први јули и ќе трае до крајот на август. Инаку охридската капетанија презема и низа други активности и мерки за подобрување...

Continue reading

пристаниште

Потребен специјален багер за чистење тиња од пристаништата и каналот

Post Views: 2 Започна постапка за набавка на специјално пловило за чистење на тињата во пристанишата Охрид, Св Наум и каналот Студенчишта. Чистењето на дното од наноси е многу важна работа и како град мора да направиме напори за набавка на едно вакво возило, укажува капетанот Горан Устијаноски. За исплатливост на специјалното возило најдобро решение би било набавката да е за регионални потреби на Охрид, Струга и Поградец, предлага капетанот. Устијаноски во меѓувреме направил обид за изнаоѓање на решение за проблемот со кој се среќаваат во водниот сообраќај. „ Се наоѓаме во прва фаза...

Continue reading

brod

Бродскиот крш од Студенчишта зависи само од волјата на сопствениците

Post Views: 1 Очите на јавноста повторно се свртени кон каналот Студенчишта. Овој пат вниманието го привлекува  потонувањето на бродот Силекс кој веќе неколку години е стациониран во каналот и не е во пловна состојба. Бродот се претвара во руина и го нагрдува просторот и природниот канал на само неколку метри од Билјанини извори. Наместо да се претвори во туристичка атракција каналот станува отпад за неупотребливи бродови, се загадува и има се помалку риба, е коментарот на Радован  Димитриески, прет на СРД „ Св. Апостол Павле“. Потребно е да се отстранат сите непловни бродови и каналот...

Continue reading

alga

Позелена каналот Студенчишта

Post Views: 8 Процвета алга во каналот Студенчишта. Ваквата слика не е вообичаена за овој временски период. Спортските риболовци реагираат и велат дека за прв пат забележуваат една ваква појава. Тие сметаат дека тука има огромно присуство на фосфор, не ја исклучуваат можноста дека се влеваат фекалии, органски матери и друго. Претседателот на Спортските риболовци Радован Димитриески, се заканува со кривични пријави, бидејќи смета дека тоа се должи на тотална негрижа на одговорните институции кои ништо не преземаат за она што им се случува пред нос. „Ова е прва година, додека другите...

Continue reading

kanal

Каналот во Горица исчистен-недоисчистен

Post Views: 0 Каналот во близина на плажата  Горица кој започна да се чисти пред две недели  остана  недоисчистен.  На овој потег кој води кон плажите секојдневно  проаѓаат туристи кои реагираат на грдата слика од неподигнатиот отпад која го нарушува убавиот предел. Гостите кои летниот одмор го поминуваат во Охрид порачуваат дека треба да се посвети поголемо внимание на чистотата на околината. Мора да се исчисти и среди простoрот повеќе, се честите коментари упатени кон надлежните за глетката на овој простор.Со оглед на тоа што туристичката сезона е веќе започната побаравме одговор...

Continue reading

канал

Во споредниот канал Студенчишта плива отпад

Post Views: 6 Споредниот канал кој тече околу спортско рекреативниот центар Билјанини извори и се влева во каналот Студенчишта е прекриен со цврст отпад. Пластични шишиња, лименки и окрек пливаат во водата и оставаат грда слика за нашата еколошка совест. Надлежните институции на локално и државно ниво, кој треба да се грижат за хигиената на јавните површини, продолжуваат со добро познатата реторика за своите ингеренции. Танас Танаксоки, главниот општински инспектор се оградува од надлежностите за чистење. Од општинскиот инспекторат велат дека споредниот канал е под надлежност на...

Continue reading

kanal Biljanini izvori

Спортските риболовци во работна акција

Post Views: 9 Спортските риболовци денеска го чистеа каналот од останатата изумрената плашица, која почна да се распаѓа. Јавно се запрашуваат зошто никој од надлежните не реагираше досега и дозволија плашицата да скапува во каналот. „Нормален човек ќе се запраша во чија надлежност е каналот и ова што се случува во Охрид. Сега настапува топол период и се знае дека рибните болести настапуваат многу брзо во езерото и стравувам дека ќе имаме зараза поради која не ќе се знае што ќе се прави повеќе“, вели член на СРД Св. Апостол Петар, Борис Ѓеорѓиевски.  Спортските риболовци сметаат дека...

Continue reading

plasica

Патот на плашицата

Post Views: 0 10 февруари. Телефонски повик до редакцијата на ТВМ. Се јави  познат екологист од Охрид. Новинари брзајте, земете камера и доаѓајте во каналот „Студенчишта“. Се случи природен феномен. Јата на плашици се собрани во каналот. 11 февруари, нов момент. Не е феномен туку еколошка катастрофа. Помор на плашицата. Тогаш претседателот на Спортското риболовно друштво Св. „Апостол Петар“,  Радован Димитриески рече дека „Каналот Билјанини извори, наместо туристичка атракција стана мистерија“. На терен излегоа и сите надлежни институции. Меѓу нив беше и државниот инспектор за земјоделство...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top