Во каналот Студенчишта нема веќе место за паркирање на пловила

Максимално се искористени капацитетите во импровизираната марина. Ова лето на сопствениците на пловила ќе им се нуди сува марина, безбедно паркирање на пловилата  во склоп на спортската сала Биилјанини извори.

 |  Соња Рилковска  | 


Максимално искористени капацитетите на каналот Студенчишта , за паркирање на пловни објекти.  Во импровизираната марина нема ниту едно слободно место.  ЈП „Билјанини извори“ на сопствениците  на пловила oва лето ќе им нуди сува марина.
Безбедно паркирање на пловилата во склоп на спортската сала во близина на каналот.

„Ние како јавно претрпијатие за да им излеземе во пресрет на сите  кои што  ќе дојдат во Охрид им нудиме сува марина позади спортската сала каде има простор. Претходно им нудевме  да ги остваат своите приколки,  но сега ќе може  и глисерите. Да може да си ги спуштаат во каналот да ги користат  и повторно да ги вратат назад“, вели Гордана Јованоноска директор на ЈП „Билјанини извори“.
 

Отстранети се сите хаварисани пловила кои со години скапуваа во каналот. Останаа уште два поголеми  бродови кои сопствениците ќе треба да ги остранат  во спротивно локалната ќе  ги извади од каналот.

„На потегот имаме дел за кајчиња, дел за  помали глисери но имаме и дел за јахти во должина од 11 метри. Нагоре како се доаѓа се паркраат помали  бидејки каналот се стеснува. Тука се наоѓаат и катамарините кои служат за превоз на туристи и иуживање  во глетката на Охридското езеро.“, вели  Јованоска.

На погегот кај Мазија  ќе се врши уредување на просторот. Ископување и расчитување за да може да се овозможи усидрување на пловилата едрилици кои не го загадуваат Охридското езеро. Оваа состојба укажува на потребата од изградба на соодветна марина, ветување за Охрид кое се провлекува со децении.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top