Ознака: каналот

Повторно се излеваат отпадни води во езерото кај каналот Студенчишта

Post Views: 0 Итно да се стопира загадувањето на Охридско Езеро кај месноста „Мазија“ повикуваат од граѓанскатата иницијатива Охрид SOS. Во отворено писмо до градоначалникот Кирил Пецаков, бараат да се спречи загадувањето на езерото. Еколошките активисти потсетуваат дека Охридското Езеро  покажува алармантни знаци на еутрофикација, а секое неделување во насока на сузбивање на изворите на загадување е неприфатливо. Во 21 век во пределот на „Студенчишта“ и „Билјанини извори“ во срцето на исклучително важно место за биолошката разновидност, да се соочуваме со мистериозни одводни канали...

Continue reading

nevreme

Невремето во Британија ги зеде и првите човечки жртви

Post Views: 3 Силното невреме што ја зафати Британија однесе два човечки живота. Поради невремето проследено со силни ветрови заробени се 400 лица на два фериботи во каналот Ла Манш. Не можеме да стигнеме до брегот и да ги истовариме патниците. Ќе треба да почекаме ветерот да се намали, соопшти компанијата оператор. Според метеоролозите бурата ќе почне да се намалува во следните неколку часа, по што се очекува отворање на пристаништата. Инаку, во Франција поради невремето над 75 илјади луѓе се без електрична енергија. {loadposition content9}

Continue reading

Кражбите на пентите во каналот Студенчишта, не се направени на делот со кој стопанисува ЈП „Билјанини извори“

Post Views: 1 После серијата кражби на моторни пенти, кои се случија изминатиов викенд, од ЈП „Биљанини извори“ реагираат дека кражбите не се направени во делот со кој стопанисува јавното претпријтие. Од јавното прептпријатие со став: „ЈП Билјанини Извори како правен субјект кој стопанисува со одлука на Советот на Општина Охрид со едниот дел од каналот Студенчишта ја известува јавноста и сите наши закупци на сидришни места дека настанатите кражби кои се случија во изминатиот викенд при што беа украдени пенти и еден таблет од неколку пловни возила кои беа усидрени кај каналот Студенчишта...

Continue reading

Во викендите и по 400 пловила има во каналот и сидриштата долж езерскиот брег

Post Views: 4 Голем број на пловни објекти крстарат по Охридското Езеро ова лето, а во викендите се евидентираат и по 400 пловила. Скоро е невозможно при нивно полнење со гориво да нема загдување на езерските води, велат од Капетанија. За среќа досега инспекторите за внатрешна пловидба од Капетанија не регистрирале посеризони загадувања на водите иако се неизбежни се додека Охрид не добие марина и контролирано точење на гориво, вели капетан Горан Устијаноски ,од Капетанија на Пристаништат на РМ. „Колку и да е внимателен човек при точење на гориво определена количина од горивото мора...

Continue reading

Спречено понатамошно излевање на фекалии во каналот Студенчишта

Post Views: 3 Екипите на ЈП Нискоградба го спречија понатамошно излевање на фекалии во каналот Студенчишта. Во текот на вчерашниот ден во долниот дел од каналот беа забележани фекални отпадни води кои еколошки го загрозуваат овој дел од крајбрежјето. Реакции за загaдување на водата пристигнаа од граѓани и екологисти. Ова не е прв пат да се случи ваков еколошки проблем на тој потег во каналот, инцидентно се појавува веќе подолго време. Нина Трендфилова, помошник директор на оперативно технички работи во ЈП Нискоградба, кажа дека нивните екипи ја испитале фекалната и атмосферска канализација...

Continue reading

Се расчистува патниот правец до Велестово и каналот до Билјанини Извори

Post Views: 0 Денес екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ реализираа вонредни активности за подигнување на расфрланиот отпад на патниот правец од бензиската пумпа „Билјанини Извори„ до с.Велестово. За жал тешко се надминуваат навиките на несовесни поединци кои се ослободуваат од пластични шишиња, картонска амбалажа, најлонски кеси додека се рекреираат, шетаат, а не ретко ги фрлаат и од автомобилите. Некои дури и од покуќнината се ослободуваат во овој дел од националниот парк „Галичица„. Се расчистуваше и каналот кој води од спортскиот центар „Билјанини Извори„ , покрај административната...

Continue reading

Засадени десетина садници на местото од исечените стебла кај каналот Студенчишта

Post Views: 5 Десетина нови фиданки се засадени кај каналот Студенчишта. Тие се посадени по сечата на повеќе стебла брези за кои Комисијата за сечење дрва дала согласност дека се опасни за минувачите, вели општинскиот портпарол Томе Џамтоски. „На секое пресечено дрво се разбира со дозвола од нашeто одделение за животна средина пропорционално на дебелината на исечените стебла се засадуваат 1, 2 или повеќе дрва“, вели Џамтоски. Општинскиот инспекторат е задолжен за контрола дали се почитуваа законските одредеби и решенијата од Комисијата која издала согласност дали се заменети исечените...

Continue reading

Бродовите „Илинден“ и „Лихнида“ извадени од каналот Студенчишта

Post Views: 1 Акцијата ја изведе Капетанија на пристаништата на Македонија и е дел од акцијата со која сите руинирани пловни објекти кои се во каналот треба да се извадат од таму. Бродот Илинден поради својата габаритност моментално се наоѓа во близина на дирекцијата на ЈП Охридски Комуналец, а бродот Лихнида во кругот на ЈП Охридски Комуналец. Капетанот Горан Устијаноски за ТВМ кажа дека наскоро ќе бидат извадени уште 2 пловни објекти од каналот. Трошоците за вадење на бродот Лихнида паднаа на товар на државата бидејќи не е утврдена неговата сопственост, а трошоците за вадење на...

Continue reading

Раскинат договорот помеѓу Општина Охрид и Фибула за продажба на атрактивната локација кај каналот

Post Views: 4 Општина Охрид во првостепена постапка пред Основен суд Охрид ја доби тужбата против Фибула Травел за раскинување на договорот за продажба на земјиштето на локацијата кај каналот Студенчишта. Имено, според објавата на судската пресуда од 29.11.2019, судот го усвоил тужбеното барање на општината, со што договорот за оттуѓување на градежно земјиште по пат на електронско наддавање од 19.08.2014год  се раскинува поради неисполнување на истиот од страна на Фибула. На оваа  атрактивна локација на охридското крајбрежје, компанијата Фибула ер Травел требаше да изгради два хотели...

Continue reading

На каналот Студенчишта ќе се постават кран за подигање на пловни објекти и видео надзор

Post Views: 0 На каналот Студенчишта ќе се воведуваат две нови услуги за потребите на сопствениците на пловните објекти. ЈП Билјанини извори на потегот со кој стопанисуваат од ова лето ќе ја зголеми безбедноста на пловилата, а ќе го олеснат и внесот и излезот на пловилата од каналот, вели Гордана Јованоска, директор на ЈП Билјанини извори. „Стопанисувањето на ЈП кое е сериозно во намерата е во 2020 година да го направи она што го бараа катамаранџиите,а тоа е да се постави кран за кревање на пловните објекти со кој ќе се овозможи пловилата да се иставаат од водата за сервисирање и...

Continue reading

ЈП Билјанини извори ќе покрене барање за одстранување на хаварисаните пловила од десната страна на каналот

Post Views: 1 ЈП Билјанини извори ќе покрене иницијатива за ставање ред со хаосот на пловни објекти на десната страна од каналот Студенчишта. За следната сезона најавуваат покренување барање до Локалната самоуправа и до Капетанија да се среди и другиот дел од брегот, информира Гордана Јованоска, директор на ЈП Билјанини извори. Во моментов никој не е надлежен за пловилата од десната страна од каналот па со децении во каналот се оставени голем број неисправни пловила кои кородираат, информира Јованоска. „Во долниот дел од каналот со влезот стопанисува АРМ, погорниот е на приватен сопственик,...

Continue reading

Сопствениците на пловни објекти ќе може закупат паркинг простор на каналот Студенчишта

Post Views: 1 Локалната самоуправа ќе воведува ред при паркирањето на пловните објекти во Студенчишкиот канал. Со каналот, досега не стопанисуваше никој и сопствениците на пловилата ги врзуваа кајчињата, глисерите и бротчињата кој каде ќе стигне. Многу често имаше појава и на расправии за паркинг местата. Од ова лето Локалната самоуправа со одлука на градскиот Совет го отстапи каналот на стопанисување на ЈП Билјанини извори. Предлог има сопствениците на едрилици да бидат ослободени од плаќање на закупнина, а за останатите пловила да се плаќа закупнина за просторот на 6 месеци и една...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top