Ознака: институции

Средба Нобл-Јанкуловска

Post Views: 8 Генералниот секретар на Интерпол, Роналд Кенет Нобл, е во работна посета на Македонија.Тој денеска ќе се сретне со Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, како и со директорот на Бирото за јавна безбедност Љупчо Тодоровски. Како што информираат од МВР, на средбите раководството на МВР и генералниот секретар  Кенет Нобл ќе разговараат на повеќе теми околу досегашната соработка меѓу двете институции.

Continue reading

И Линдита заслужува среќно детство

Post Views: 0 Болката на мајката е голема. Ова е мислата што му паѓа на ум на секој човек кога ќе ја види охриѓанката Шерифе Рамадан како секојдневно се бори со немаштијата која се надвиснала над нивниот дом, каде расте нејзината ќерка Линдита која боледува од церебрална парализа. Во една соба со влага, ходник, и купало од бетон цело искршено надвор од куќата, Рамадан вели дека нема никави услови за ја гледа нејзината ќерка. Суровата судбина ми даде болно дете, а и сопругот е со нарушено здравје па грижата за семејството паѓа на мој грб,  вели пред камерата на ТВМ, Шерифе. „Момичето...

Continue reading

solza

Денеска е меѓународен ден на деца жртви на насилство

Post Views: 1 Првата детска амбасада во светот Меѓаши како организација која се грижи за заштита на децата и нивните права потсетува на значењето и целта на овој  меѓународен ден, а тоа е да се признае болката која децата ја претрпуваат насекаде низ светот како резултат на физичко, ментално и емоционално злоставување. Од добиените податоци од работата на СОС телефонот за деца и млади од Меѓаши соопштуваат дека дошле до заклучок дека децата ретко имаат храброст да го пријават насилството, тие се исплашени и се чувствуват немоќно. “Во текот на минатата 2010 година на СОС телефонот за...

Continue reading

erasmus

Еразмус плус-можност за студирање во странство, нови методи на предавање за професорите

Post Views: 0 Интернационализација на образовните институции, нови методи за предавање, мобилност на студентите и учениците. Ова се само дел од бенефитите на Еразмус плус програмата на Европската унија, една од  водечките програми во сегментот образование, обука, спорт и млади. Денес, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност за охридските образовни институции како и невладини организации кои се занимаваат со обуки, спорт или млади, организираше инфо ден во кој им ги презентираше предностите на оваа програма. Дарко Димитров, директор на агенцијата, вели дека...

Continue reading

sostanok direktori skoli

Активот на директори на училишта дискутираше за проблемите и предизвиците на образовните установи

Post Views: 5 Во вторник започнува второто полугодие и редовното одвивање на наставата во основните и средните училишта од градов. Денес активот на директори од училиштата остварија работна средба со секретарот на локалната самоуправа, Димитар Спасески, на која беа предочени моменталните услови за работа во сите образовни институции и беше дискутирано околу предизвиците во нивното работење. Претседателот на активот на директори на основни и средни училишта, Јордан Пуроски, вели дека е задоволен од ситуацијата во охридските училишта. „На ниво на град имаме многу добра комуникација...

Continue reading

лебед

Лебедите на Охридското езеро без конкретна законска заштита

Post Views: 1 Лебед  со скршено крило плива во Охридското  езеро. Пред два дена до НВО „Анималија“  пристигнала дојава од граѓани дека е забележан лебед со скршено крило. За повредениот лебед  знаеме  околу два месеци, информира  Димитар Ставрески од  Анималија  Здружение за заштита на животните.  Се обиделе да исконтактираат некои институции за да се вклучат во санирање на повредата, но не можеле да најдат кој е одговорен, објаснува  Ставрески. Слично искуство имале и пред неколку години. И тогаш и овој пат наишле на  оградувања на надлежностите од институциите, појаснува Ставрески....

Continue reading

azil

Во Македонија годинава регистрирани околу 1100 азиланти

Post Views: 7 Македонските институции бараат начин како да се справат со мигрантите и барателите на азил во  земјата. Тоа е повод за организирање на конфереција на  судии од Управен суд и Виш управен суд кои постапуваат по предмети од областа на азилот и миграциите, како и за судиите и јавните обвинители кои постапуваат во предметите на организиран криминал од областа на криумчарење мигранти, Секторот за гранични работи и миграции во МВР. Судијата Анета Арнаудовска, директор на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, укажува на актуелната ситуацијата на прилив на бегалци...

Continue reading

мамограф

Охридската болница ќе добие нов мамограф

Post Views: 6 Министерот за здравство, Никола Тодоров на вчерашната отворена седница на Владата најави инвестиција од 210 милиони денари за реконструкција на болници и набавка на опрема во здравствените институции во државава. Нов мамограф ќе добие и охридската болница. Тодоров истакна дека овие средства ги обезбедиле како резултат на заштедите коишто ги направиле со набавката на инсулин и ленти за мерење на шеќер. Само од овој тендер вкупната заштеда изнесувала 235 милиони денари, рече Тодоров. {loadposition content9}

Continue reading

inv

Маргинализирани проблемите на охридските лица со телесен инвалидитет

Post Views: 15 Сите здруженија на лицата со телесен  инвалидитет од Охрид го одбележаа 3 декември. Заедницата се присетува на нас само на овој ден , а ние сме тука и живееме 365 ден во годината,  ги потсети надележните институции од името на охридските  здруженија со телесен инвалидитет, Венко Голабоски. Повика надлежните институции да имаат разбирање и да ги сфатат проблемите на  оваа категорија сограѓани.„ Инвалидите не живета само едне ден  и се дел од ова општество.Да не се маргинализираат ид аим се скратуваат нивните права ипотреби. Не сите инвалиди се со ист степен и вид на...

Continue reading

bezbednost vodi

Можни измени на правилникот за безбедност на капалиштата-ќе се применуваат од наредната сезона?

Post Views: 5 Бројот на спасители и медицински екипи на плажите ќе се одредува според должината на ефективно користената површина од плажата, соодветно обележување на капалиштето односно одредување на зоните на безбедно капење според актуелните европски стандарди. Ова се дел од предлог измените на правилникот за видот и обележување на капалиштата. Релевантни институции, претставници од Министерството за транспорт и врски, и претставници од повеќе локални самоуправи три дена дискутираа за можните измени на правилникот со кој би се подобрила законската регулатива за безбедност на капалиштата. „Вродија...

Continue reading

renoviranje

Во охридскиите образовни институции превземени се сите мерки против заразната жолтица

Post Views: 2 Образовните институции од градов подготвени за почетокот на новата учебна година. Директорите на основните училишта во градов но и на средните велат дека вообичаено секое лето пред почетокот на новата учебна година генерално се чистат објектите, но оваа година поради прогласувањето на епидемија од жолтица во некои општини во државава, превземени се и дополнителни мерки. Градинките добија директен налог за спроведување дополнителни мерки , од Министерството за труд и социјална политика. Ние постојано одржуваме високо ниво на хигиена, но овојпат извршивме и дератизација,...

Continue reading

lisca

Локалната се оградува од надлежност за лисиците кои се шетаат низ стариот дел на градов

Post Views: 2 Лисица со шест мали лисичиња се одомаќини во стариот дел на градот. Според раскажувањата на варошани лисиците веќе подолго време живеат во дувло кое се наоѓа под Самоиловите тврдини. Лисиците најчесто можат да се забележат во ноќните часови кога излегуваат надвор и се спуштаат во околните куќи во потрага по храна. Мештаните зад камера кажуваат дека лисиците се толку припитомени што не се плашат од луѓето па влегуваат во нивните дворови. И децата кои живеат во овој дел од градот имале блиски средби со овие диви животни. Едно седум годишно девојче раскажува дека додека...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top