Ознака: институции

blato

Локалната ќе спасува колку може повеќе од Студенчишкото блато

Post Views: 3 Локалната прави напори за придвижување на процесот за ревитализација на Студенчишкото блато. Според градоначалникот Никола Бакрачески, ова природно богатство уште пред триесетина години го загубило својот вистински лик, а во моментот претставува во најголем дел една депонија за градежен отпад. Бакрачески вели дека просторот кој ќе биде опфатен со проектот за ревитализација на блатото е направен во консултација со сите надлежни институции од областа на екологијата како и со претставници од Германската агенција за соработка која ја изработила студијата и проектот за ревитализација...

Continue reading

drvo na kola

Падна дрво врз кола во Косел

Post Views: 18 Во центарот на охридското село Косел падна чинар врз возило марка Мерцедес. Возилото е речиси уништено. Искршените стакла од возилото и деловите од распуканите гранки од стеблото на чинарот сеуште не беа отстранети од местото каде се случи овој немил настан. Од сопственикот на возилото дознавме дека чинарот паднал вчера некаде околу 21 часот. Случајот бил пријавен во СВР Охрид. Направен бил увид и записник од страна на крим техника. Сопственикот најави дека ќе бара надомест на штета од Локалната самоуправа, бидејќи чинарот се наоѓал на јавна површина во сопственост...

Continue reading

manu

Божиновска: Ставовите на научните институции треба да се почитуваат

Post Views: 0 Ставовите на научните институции треба да се почитуваат, и при градење на споменици и поставување обележја истите да не се прескокнуваат во процедурата, порача денес од Охрид претседателот на Комисијата за верски заедници Виолета Божиновска. Ова се однесува на неодамнешниот настан во Струга каде во неколку  струшки села беа откриени спомен плочи по повод сто годишнината од македонско-албанското востание против тогашниот окупатор, во присуство на претседател на Академијата на науки и уметности од Р. Албанија Музафер Куркути. Божиноска истакна дека на тој настан можеа...

Continue reading

kasarna

Локалната со големи планови за земјиштето од поранешната касарна

Post Views: 0 Пробивање на улица, спортски центар, високо образовни институции,  државни институции, амбуланта, црква, трговски центар“, се дел од содржините кои ќе никнат на потегот на некогашната охридска касарна. Планот кој веќе е усвоен, ќе може да се дефинира откако ќе биде прецизирано колкав дел од земјиштето ќе добие општина Охрид.За овој огромен простор кој во моментов е крајно неискористен, локалната само чека да помине владината процедура за пренамена, по што веднаш ќе се започне со реализација на планот донесен за овој потег. „На ова место донесена е планска документација...

Continue reading

diskriminacija

Институциите во борба против дискриминацијата

Post Views: 8 Претставници од полицијата, локалната самоуправа, училиштата како и институции од здравството, преку работилница на Министерството за труд и социјална политика, ќе ги зајакнуваат институционалните капацитети за борба против дискриминацијата. Министерот за труд и социјала, Диме Спасов истакна дека на патот на Република Македонија кон ЕУ, клучно е обезбедувањето на еднакви можности за сите и недискриминација по било кој основ. Тој рече дека токму за таа цел се спроведува и работилницата насловена како „Зајакнување на капацитетите на институциите во борбата против дискриминацијата“. Спасов...

Continue reading

sednica

Села: На Струга и се земаат, а на Охрид му се даваат средства

Post Views: 3 Централната власт при распределба на средства од државната каса за Охрид мајка, а за Струга маќеа. Ваков е впечатокот на струшкиот градоначалник Зијадин Села. Ова доаѓа откако како што обелодени Села, од буџетот на општина Струга, Централната власт одзела 100 000 евра, средства за сервисирање на долг од кредит на МЈП „Проаква“, од кој пак 90% ос средствата односно инвестицијата биле за Охрид. „Денес ни се одземени од буџетот на општина Струга 6 милиони денари или 100 000 евра. Тоа се пари на граѓаните на општина Струга кои се одземени од страна на централната власт....

Continue reading

Grigor Prlicev

ОУ Григор Прличев-прва образовна институција која доби помош од локалната

Post Views: 35 Образовните институции во градов во фокусот на локалната самоуправа. Анализите покажале дека јавните претпријатија не се единствените субјекти кои работеле со блокирани сметки и наталожени долгови, ваква ситуација била затекната и кај некои од образовните институции. Секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, најави серија посети на сите институции кои се во надлежност на локалната, со посебно внимание посветено на образованието. Денес го посетија основното училиште „Григор Прличев“. „Не случајно основното училиште „Григор Прличев“ е одбрано да биде како официјален...

Continue reading

Sv. Kiril i Metodij

Општина Охрид го одбележа денот на Сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј

Post Views: 0 На свеченоста на градскиот плоштад, по повод Св. Кирил и Методиј пред спомен одбележјето се поклонаа делегации на локалната самоуправа, советот, училиштата.    Пред присутните во име на локалната се обрати секретарот на општина Охрид Димитар Спасески. Тој каже дека е особено горд, што годинешната прослава општина Охрид ја посветува на нашите најмлади сограѓани кои со својот труд, умешност, знаење и посветеност успеја да ги освојат највисоките одличја на сите општински, регионални и државни натпревари. „ Ова за нас како општина претставува гордост, но и обврска  со понатамошни...

Continue reading

Tockov i Marina

Црвениот крст и Универзитетот „Св.Апостол Павле“ со поинтензивна соработка

Post Views: 1 Со потпишувањето на денешниот формален меморандум за соработка, Црвениот крст од Охрид и Универзитетот за информатички науки и технологии најавија уште поинтензивна соработка. Претседателот на Црвениот крст, Сашо Точков, вели дека овој меморандум и идната соработка ќе биде само надоградување на веќе добро воспоставените и реализирани програми помеѓу двете институции. Точков напомена дека бенефитите се обострани. „Се надевам и ве повикувам и медиумите како и досега да ги следите нашите активности како и заедничките активности со Универзитетот за информатички науки и технологии...

Continue reading

gradinka decinja

Охридските образовни институции ги следат препораките за заштита од грип

Post Views: 2 Подобро да се спречи отколку да се лечи. Така некако можат да се опишат последните препораки на Комисијата за следење на сезонскиот грип. На нивна препорака, Државниот санитарен и здравствен инспекторат до сите образовни институции достави решенија со предлог мерки за заштита од сезонскиот грип. Бидејќи дечињата се најподложни на грипот, а и работат во големи друштвени средини, со крајот на нивниот зимски одмор, овие мерки и тоа како се важни за нивната заштита. „Предлагаме да се засили хигиенизација во училиштата и предучилишните установи, редовно користење на течен...

Continue reading

preku ezeroto

„Преку езерото“, проект за унапредување на интеркултурниот дијалог

Post Views: 2 Активностите од проектот „Преку езерото“ на Младинскиот совет од Охрид земаат свој облик. Овој проект за изработка на интеркултурна стратегија за општините Охрид и Поградец, денес резултираше со средба помеѓу институциите и организациите кои потенцијално би биле учесници во неговото спроведување. На денешната средба претходеше формирањето на двете работни групи составени од средношколци, и студенти обучени на разни теми корисни за реализацијата на овој проект. „Тие две групи подготвија база, односно листа на потенцијални организации и институции кои ќе бидат вклучени...

Continue reading

paketcinja SV Kliment

Караванот „Тинекс, ти и јас“ и Дедо Мраз, пристигна во Охрид

Post Views: 15 Караван со пакетчиња за децата со посебни потреби, насловен „Тинекс, ти и јас“ и Дедо Мраз пристигна во Охрид. Овој каравам предводен од Дедо Мраз во следниве две недели ќе подели 1500 новогодишни пакетчиња во училишта и установи кои згрижуваат деца со посебни потреби и од ранливи групи низ државава. „Овој новогодишен караван го спроведуваме прв пат оваа година и е дел од платформата Тинекс ти и јас и е логично заокружување на сите донации кои ги имаме реализирано во текот на изминатата година во областа на здравството, образованието, културата, спортот. Караванот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top