Ознака: Илинден

На празникот Илинден Фестивалот Охридско лето донесува двојна програма

Post Views: 0 Концерти на два сопрани и пијано се на вечерашниот репертоар на Фестивалот Охридско лето. Во 20.30 во Света Софија настапуваат познатите сопранистки, сестрите-близначки Билјана Стафансон и Љилјана Јовановиќ, во придружба на врвната македонска пијанистка Марија Вршкова. Концертот ќе го одржат во рамките на Шведската вечер на фестивалот.Близначките Стафансон и Јовановиќ се колоратурни сопрани кои публиката ги памети како „чудо од деца“ од времето кога на 9-годишна возраст на телевизија го исполниле дуетот од Моцартовата „Волшебна флејта“. Двете честопати настапуваат заедно...

Continue reading

АД „Илинден„ ја доби дозволата за градење на современиот зелен пазар

Post Views: 0 Наскоро ќе почне изградбата на современиот градски пазар на  површина од 1233 метри квадратни. Ова за  ТВМ Телевизија го изјави Радован Трајкоски сопственикот на градежната  фирма АД „Илинден“. Трајкоски напоменува дека веднаш штом ЈП „Градски пазар“ ги одстрани тезгите тие ќе стартуваат со градежните зафати. Над 3 милиони евра е проценетата вредност на административно -деловната  зграда, која вклучува изградба на затворен зелен пазар. Во подземниот дел на објектот ќе има  паркинг  и 200 метри квадратни деловен простор на вториот кат.  Рокот на изградба на објектот е ...

Continue reading

Доцни изградбата на Домот за стари лица во Охрид, се чека одобрение за градба

Post Views: 5 Изградбата на Домот за стари лица во Охрид сеуште тапка во место. На локацијата во населбата Далјан, каде што треба да се гради овој дом,  нема никакви градежни активности. Изградбата  беше најавувана дека ќе стартува во 2016 година, согласно договорот со кој купувачот беше обврзан  во рок од 12 месеци да обезбеди одобрение за градба, а во рок од 4 години да го изгради објектот согласно урбанистичкиот план по кој земјиштето е отуѓено. Градоначалникот Никола Бакрачески доцнењето го лоцира кај инвеститорот АД „Илинден„, кој го купи градежното земјиште во 2015 година. Укажува...

Continue reading

Доцни изградбата на Домот за стари лица во Охрид, инвеститорот АД Илинден сеуште нема одобрение за градба

Post Views: 5 Изградбата на Домот за стари лица во Охрид сеуште тапка во место. На локацијата во населбата Далјан каде што треба да се гради Домот нема никакви градежни активности.Изградбата  беше најавувана  дека ќе стартува  во 2016 година  според договорот со кој купувачот беше обврзан  во рок од 12 месеци да обезбеди одобрение за градба, а во рок од 4 години да го изгради објектот согласно урбанистичкиот план по кој земјиштето е отуѓено. Градоначалникот Никола Бакрачески доцнењето го лоцира кај инвеститорот АД Илинден кој го купи градежното земјиште во 2015 година. Укажува дека...

Continue reading

Коњаноска: Илинден празник на секој македониец

Post Views: 3   Денес се одбележува еден од најзначајните празници во Македонија, Илинден. 02 август датум со двојна симболика, национален и православен празник. Илинден има посебно значење за историјата на македонскиот народ. На денешен ден пред точно 113 години започнало Илинденското востание во 1903 година, а во 1944 година е одржано Првото заседание на АСНОМ. Овој значаен датум го одбелeжа и општина Охрид.  Стихови за овој празник прочита најдобриот ученик од гимназијата.  „О, најдолга годино, ти збиру на нашата мака, што ни го изнесе оружјето,до секој горски срт,чакалу и гаврану...

Continue reading

ДЕНЕСКА СЕ ПРАЗНУВА пророк св.Илија – „ИЛИНДЕН“

Post Views: 2 Православните христијани денес на 02 август, го празнуваат пророкот Св. Илија-Илинден, еден од најголемите празници. Свети Илија беше Евреин. Живееше далеку пред Христа. Потекнуваше од градот Тесвит, по што и беше наречен Тесвиќанец. Кога се роди, околу него татко му виде Божји ангели како го повиваат во оган и го хранат со пламен, што укажуваше на неговата подоцнежна пророчка служба. Младоста ја помина во постојано богомислие и во молитва, честопати повлекувајќи се на пусти места. Прорече многу настани и направи голем број чуда со силата Божја, што беше во него....

Continue reading

Реновирањето на патот преку Галичица продолжува по Илинден

Post Views: 8 Јавната установа Национален парк Галичица и изведувачот на работите за реконструкција на регионалниот патен правец Р 2332 Царина – спој со Р 1301 Охрид – Свети Наум ја информираат јавноста дека истиот ќе биде отворен за секаков вид сообрајќај од денес до 3 август 2021 година. Во вторник, на 3 август продолжуваат активностите за реновирање на патот и режимот на сообрајќајот ќе биде како што беше до сега: Регионалниот патен правец кој води преку Галичица ќе биде затворен за секаков сообрајќај, секој ден на делницата од Баба до Царина (преспанска страна) од...

Continue reading

Ако е забаено, да не е заборавено

Post Views: 3 АД „Илинден“ ќе ги асфалтира струшките улици. Како што ТВМ во неколку наврати информира, ударните дупки на неколку улици во Струга сеуште остануваат ноќна мора за возачите. Бројните искинати гуми и дефекти на возилата се препишуваа токму на овој проблем, а секако вината се посочува на Локалната. Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко, вели дека свесен е оти состојбата со локалната патна инфраструктура не е на завидно ниво, но оти нивната грижа е голема во таа насока. Мерко смета дека и државата треба да поводи сметка во делот на регионалните патишта, кои исто така се...

Continue reading

brodska nesreka

Шест години од трагичната несреќа на бродот „Илинден“ во Охридското Езеро

Post Views: 1 Со положување на свежо цвеќе и поклонение, денес беа одбележани шест години од трагичната бродска несреќа во Охридското Езеро во која загинаа 15 бугарски туристи. Претставници од локалната самоуправа, здружението „5ти Септември“, претставници од Ротари и Ротаракт клубовите, Капетанијата како и Бугарскиот културно-информативен центар од Скопје им одадоа достојна почит на жртвите во овој немил настан. „Благодарност за достојното внимание кои им се укажува, страдаме до ден-денес, благодарност што се продолжува почитта. Тагата е голема и не може да помине, се навикнавме...

Continue reading

dom za stari parcela

Струшки АД „Илинден“ ќе го гради долгоочекуваниот дом за стари лица

Post Views: 24 Градежната компанија АД „Илинден“ од Струга ќе го гради долгоочекуваниот дом за стари лица. Оваа струшка компанија беше единствен понудувач на денешната електронска аукција на која се продаде градежната парцела за изградата на домот за стари лица. Почетната цена на парцелата изнесуваше 1393 денари за метар квадратен, а последната достигната цена изнесуваше 1532 денари за метар квадратен. АД „Илинден“ за оттуѓување на градежната парцела во вкупна површина од 8425 метри квадратни ќе плати вкупно 12 милиони 907 илјади и 100 денари.   Домот за стари лица кој ќе биде изграден...

Continue reading

ilinden

Македонија утре ги слави двата Илиндена

Post Views: 3 Илинден е празник кој ги обединува сите македонци каде и да се. Денес, еден ден претходно се собравме да го одбележиме најголемиот празник на Македонија и македонскиот народ. Со тоа даваме почит и се потсетуваме на нашите предци кои несебично своите животи ги втемелија во слободата на нашата нација, рече заменик градоначалникот на општина Охрид Ангел Јанев, на денешното одбележување на двата Илиндени. „Денес овде сите ние се присетуваме на двата илиндена кога нашиот народ после повеќе векови почна да се буди како културно, така и политички и почна да го крева својот...

Continue reading

brod

Се чека на резултатите од вештачењето на бродот Илинден

Post Views: 0 Во секој миг во Охридскиот суд се очекуваат резултатите од вештачењето на бродот Илинден, за да се утврдат причините за неговото потонување на петти септември минатата година, кога животите во бродоломот во Охридското езеро ги загубија 15 бугарски туристи. Со тоа конечно, шест месеци по несреќата и три по последното вештачење на бродот во Охрид, треба да се заокружи истрагата и предметот да се предаде во јавното обвинителство, што ќе одлучи кој ќе одговара за инцидентот. Од резултатите на стручната експертиза на вештаци од Машинскиот факултет во Скопје и од странство,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top