Ознака: измените

mikrofoni

Донесени измените во Законот за медиуми

Post Views: 4 Собранието на Република Македонија во рамките на денешното продолжени на 82. седница со 55 гласови „за“ и осум „против“, како и 11 гласови „за“ и еден „против“ од пратениците од помалите етнички заедници го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за медиуми, по скратена постапка. Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски образложувајќи ги измените и дополнувањата рече дека тие се усогласени со еснафските здруженија на новинарите и со нив се изземаат интернет порталите од системските решенија. Појасни дека со измените се предвидува...

Continue reading

analgin

Лековите без рецепт отсега ќе може да се купат и во супермаркет и бензиска пумпа

Post Views: 6 Лековите без рецепта, како што се аналгин и андол, освен во аптека да се продаваат во супермаркет и на бензиска станица – ова се дел од измените во законот за лекови и медицински помагала. Така, според надлежните, лековите ќе бидат подостапни за граѓаните во руралните средини, а може да има и намалување на цените поради поголемата конкурентност. -Следна крупна изведба која што ја предвидува овој закон е измената на секои две аптеки, на еден ланец на аптеки, задолжително мора да отвори една аптека во рурална област. Очекувам како резултат на оваа реформа да се...

Continue reading

sudija

Измените на Законот за кривична постапка носат клучна улога за Јавниот обвинител

Post Views: 0 Со новите измени, кои стапија во сила од вчера, се гарантира поголема ефикасност и мобилност на органот на прогонот во гонењето на сторители на кривичните дела. Овие измени имаат за цел да ги направат обвинителите подостапни за граѓаните, да ги отстранат политичките влијанија и пред се’ да им гарантираат правичен пристап на странките во постапката. Од вчера, според новите измени во Законот за кривичната постапка, главната улога му се доверува на јавниот обвинител, и тој ќе ја води со помош на правосудната полиција. Функцијата Истражен судија се укинува и место него се...

Continue reading

Приватните станоиздавачи од Охрид не ги поддржуваат измените на Законот за угостителска дејност

Post Views: 1   Само 5 соби во еден објект за индивидуално станување да можат да се издаваат како сместувачки капацитет од мал обем , предвидуваат измените на Законот за угостителска дејност. Досега законот дозволуваше 10 соби со 20 легла да можат да се регистрираат за издавање и тоа по физичко лице. Намалување на бројот на соби ги засегна станоиздавачите. Денес во големата општинаска сала се одржа јавна дебата со цел да се изнајдат најдобри предлог решенија во врска со законските измени и да се достават до Владата на Р. Македонија и Министерството за економија. Од Секторот за ТЛЕР...

Continue reading

logo

Аман за ефтината струја!

Post Views: 8 Граѓанската иницијатива „Аман“ денеска ќе ги предаде во Собранието предлог-измените на Законот за енергетика, за кои во изминативе недели собираа потписи за поддршка од граѓаните. Претставниците на „Аман“ планираат да одржат протестен марш, кој ќе започне во 14 часот пред Спомен-куќата на Мајка Тереза и ќе заврши пред Собранието, по што ќе ја предадат иницијативата потпишана од 13.000 граѓани. Од „Аман“ посочуваат дека ова е само прва иницијатива и дека доколку бидат прифатени предлог-измените, со кои се бара враќање на дневната евтина тарифа на струјата, како и да прекине...

Continue reading

gradeznici

Сезонска работа и за социјалните случаи без да го загубат правото на надомест

Post Views: 0 Полесно ангажирање на сезонски работници со последните измени во Законот за работни односи. Овие измени, како што велат од Министерството за труд и социјална политика во исто време ќе обезбедат и полесен пристап до пазарот за труд за невработените, но и истовремено почитување на барањето на работодавачите за нивно полесно ангажирање. Главна цел на измените, според портпаролот на Министерството за труд и социјална политика, Давор Политов, е пред се ангажирање на корисници на социјална парична помош и обезбедување на посебна заштита на одделни категории на работници. „Она...

Continue reading

Branko Crvenkovski

Црвенковски во Вевчани ги прокоментира актуелните политички случувања

Post Views: 10 Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски не се сложува со последната изјава на неговиот коалиционен партнер од НСДП, Тито Петковски, кој за унгарскиот премиер Виктор Орбан рече дека го поттикнува национализмот и дека е автократ. Ваквите изјави, според Црвенковски, можат само да ù наштетат на Република Македонија.“Ние не стоиме зад неа. Со оглед на тоа какви се состојбите на демократски план во одделени земји членки на Европската Унија, пред сè тоа е задача на јавноста и политичарите во тие земји”-Бранко Црвенковски – претседател на СДСМ.Коментирајќи ги најавите...

Continue reading

mrtv

Собранието изгласа повеќе пари за МРТВ од такса и реклами

Post Views: 1 Собранието на Република Македонија ги усвои измените и дополнувањата на Законот за радиодифузна дејност со кои, меѓудругото, се предлага зголемување на радиодифузната такса од 130 на 190 денари и на рекламниот простор за Македонската радио телевизија. Пратениците од парламентарното мнозинство оценија дека измените се во насока на намалување на зависноста на МРТВ од буџетските средства и нејзино целосно осамостојување, а зголемувањето на рекламниот простор, рекоа, ќе ги зголеми атрактивноста и гледаноста. Опозицијата смета дека со предложените измени се создава нелојална...

Continue reading

znaminja

Собранието ги донесе измените на Законот за употреба на знамињата на заедниците во Македонија

Post Views: 2 Собранието денеска  по скратена постапка ги донесе измените на Законот за употреба на знамињата на заедниците во  Македонија. Иницијативата за измените на Законот  ja поднесоа  пратеници на ДУИ.  За измените гласаа 63 пратеници, 40 беа против, а воздржани немаше. Од присутните 22 припадници на помалите етнички заедници согласно бадентеровиот принцип на гласање, за гласаа 17, а 5 беа против.  Измените на Законот за употреба на знамињата на заедниците предвидуваат локалните самоуправи, во кои над 50 отсто од населението се припадници на заедницата, да може го истакнуваат...

Continue reading

завод

Советот на Хидробиолошкиот Завод апелира за строга заштита на Студенчишкото блато

Post Views: 2 На седницата на Советот на Хидробиолошки Завод, одржана на 28.11.2014 година беше разгледувано Барањето за мислење по однос на измените и дополнувањата на ГУП за Охрид. Ставот на научните работници кој се однесува за Студенчишко блато е следниот: „Советот посебно апелира да се обрне внимание на строга заштита на Студенчишко блато кое е природен резерват на ендемични растителни и животински видови и плодишта за многу видови ципринидни риби. На крај напоменуваме дека на овој локалитет треба да се избегнуваат секаков вид на градежни активности“. Овој став стои и во записникот...

Continue reading

Галичица

Се оценува како ќе влијаат проектите во НП Галичица врз животната средина

Post Views: 2 НП „Галичица“ по задолжение на Владата треба да го измени  планот за управување во неговите граници и да се овозможи градба на три големи проекти. Треба да се изработи стратешка оценка на тие измени  како градбите како што се експресниот пат Охрид -Пештани – Албанска граница, скијачкиот центар и развојната туристичка зона Љубаништа ќе влијаат врз животната средина, напоменува д-р Оливер Аврамоски, раководител на сектор за зачувување на природата во НП Галичица. „ Наша цел е преку изготвување на тие измени, со студија и стратешка  оценка да кажеме што ќе биде засегнато...

Continue reading

gradinka

Во охридските градинки нова повисока цена за полудневен престој

Post Views: 0 Родители до редакцијата на ТВМ реагираат дека се изненадени од веста за новата скоро двојно повисока цена која ќе ја плаќаат за полудневен престој на нивните деца во градинка. Цената за полудневен престој со ручек ќе се зголеми од 806 на 1490 денари , колку што чини и целодневниот престој.   Директорката на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, Розе Костеска негира дека станува збор за нов ценовник туку за измени. „ Сумата која досега се плаќала од 806 денари била заостаната од 2004 година и се однесувала на деца кои користеле само воспитно-образовни активности од 9 до 11 часот. Сега...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top