• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Приватните станоиздавачи од Охрид не ги поддржуваат измените на Законот за угостителска дејност

Приватните станоиздавачи од Охрид не ги поддржуваат измените на Законот за угостителска дејност

Измените на Законот за угостителска дејност со кои ќе се намали бројот на соби кои физичко лице ќе може да ги издава во еден индивидуален објект ги засегна станоиздавачите од мал обем. Од ХОТАМ, ги поддржуваат измените на Законот затоа што сметаат дека приватните станоиздавачи кои имаат повеќе објекти и вили се нелојална конкуренција на хотелите.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Само 5 соби во еден објект за индивидуално станување да можат да се издаваат како сместувачки капацитет од мал обем , предвидуваат измените на Законот за угостителска дејност. Досега законот дозволуваше 10 соби со 20 легла да можат да се регистрираат за издавање и тоа по физичко лице. Намалување на бројот на соби ги засегна станоиздавачите. Денес во големата општинаска сала се одржа јавна дебата со цел да се изнајдат најдобри предлог решенија во врска со законските измени и да се достават до Владата на Р. Македонија и Министерството за економија. Од Секторот за ТЛЕР како институција веќе доставиле свое мислење до Министерството за економија, кое мислење во најголем дел соодветствувало со она на приватните станоиздавачи, вели Ѓоко Апостолов од овој сектор.

„Ние меѓудругото баравме, ако веќе мора да се намали бројот, да се направи анализа зошто 5 а не 6 или 4 или 10 итн…., од друга страна баравме да се направи една јасна дистинкција во однос, што е тоа што физичките лица кои што даваат услуги од ваков обем треба да го прават, а што не, за да бидат регистрирани во приватни станоиздавачи од мал обем, дали може приватниот станоиздавач од мал обем или физичко лице во својот објект да има и рецепција и ресторански услуги итн“ – вели Апостолов.

Поголемиот дел од претставниците на приватните смествувчките капацитети од мал обем не ги поддржуваат измените на Законот за угостителска дејност. Приватните станоиздавачи, сметаат дека измените во законот се наметнуваат на барање на ХОТАМ. Туристички Охрид не може да се потпре само на хотелскиот туризам и секогаш да ги брани само нивните интереси, велат тие Сметаат дека бенефитот од приватниот туризам кој го дава приватниот сектор се многу поголеми од хотелскиот туризам.

„Индивидуалниот туризам треба да се поддржи а не да се скрати неговата активност, ако досега сме имале дозвола за работа на 10 апартмани во објектот незнам зошто сега со 5. Ако иницијативата потекнува од Министерството за економија…, јас сметам дека во пракса таа иницијатива треба да потекнува од базата“

„Приватниот сектор е приватен и Министерството за економија воопшто не треба да се меша со таков закон. Треба да ги остави слободно ние во Локалнава да си ја средиме таа работа како што ни одговара. Што ќе земи министерството …во Скопје има други услови, во Охрид други на Попова Шапка“

„Никогаш приватниот сектор не му прави конкуренција на хотелот, ако хотелот си ја дава услугата на ниво што треба, дека секој гостин 99% ако намислил да оди во хотел не може да го натерате да оди во приватен сектор и обратно“ -реагираатприватните станоиздавачи.

Додека пак од ХОТАМ ги подржуваат измените и сметаат дека само така ќе се спречи нелојалната конкуренција посебно на приватните станоиздавачи кои имаат повеќе објекти, вили со рецепција и ресторанска услуга а се регистрирани како физички лица. Одзивот на приватните станоиздавачи беше голем. На јавната дебата имаше и претставници од Министерството за економија, стопанската комора за туризам, пазарната инспекција, УЈП, од општинскиот туристички инспекторат, од ФТУ како и претставници на политичкта партија на СДСМ.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top