Ознака: земјоделски

traktor

Финансиска поддршка за рурален развој

Post Views: 1 Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид и Канцеларијата за административни работи и стручна поддршка на развојот на земјоделството, информираат дека е објавен јавен повик 02/2014 и 03/2014 за доставување на барања за користење на средства од програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2014 година. Во меркатa 121 предвидени се средства за инвестиции за модернизација на земјоделските стопанства, набавка на добиток од признати организации на одгледувачи на добиток од Република Македонија, набавка на пчелни матици од регистрирано одгледувалиште,...

Continue reading

Во Општина Дебрца ќе се отвори откупен пункт за земјоделски производи

Post Views: 6 Советот донесе одлука за спроведување на постапка за јавно наддавање за издавање под закуп на деловен простор во зградата – дом с.Требеништа, со намена за отворање на откупен пункт за земјоделски производи. Со јавниот повик, кој ќе биде објавен ќе се повикаат сите заинтересирани инвеститори за отворање на откупен пункт за земјоделски производи. На последната 47 седница Советот на општина Дебрца ги усвои измените на персоналниот состав на општинската комисија за проценка на штети од елементарни непогоди. Постапувајќи по барања на загрижени земјоделци, кои претрпеа штети...

Continue reading

traktor

Југоисточна Европа-неискористен земјоделски потенцијал

Post Views: 9 Потенцијалот на земјодеството во југоисточна Европа сеуште неискористен, сметаат европските синдикати од областа на агробизнисот. Според генералниот секретар на европските синдикати од агробизнисот, Харолд Виденхофер, земјоделските производи доживуваат вистинска потрошувачка експлозија во моментот, и токму поради тоа, смета дека Брисел и Европа мора да размислуваат во насока на помагање на регионот на југоисточна Европа познат по квалитетните и еколошки земјоделски производи, бидејќи во моментот тоа не се прави во доволна мера. „Ако ги земеме предвид глобалните прашања...

Continue reading

konjanoski

Коњановски на средба со охридските земјоделци

Post Views: 3 На средбите министерот пред присутните детално ги образложи новите проекти кои се работат во министертвото за земјоделство и измените на законот за земјодлество, а најголем интерес привлече законот за легализација на обекти изградени на земјоделско земиште, и легализација на трактори.  „Доста интересен е за земјоделците затоа што ќе можат сите објекти кои ги направиле во функција на земјоделието како штали, рибници, помошни простории за чување на земјоделски производи и помошни простории за чување на земјоделска механзација и низа други објекти кои се во функција на...

Continue reading

ujp shalter

Време е за годишните извештаи на фирмите за исплатен приход

Post Views: 2 Време е за годишните извештаи на фирмите за исплатени приходи во изминатата година. Полека се ближат крајните рокови за поднесување на добро познатите обрасци ПДД-ГИ до подрачното одделение на Управата за јавни приходи во Охрид. Во овој образец, правните лица, односно фирмите треба да ги пријават бруто-приходите на даночните обврзници, платениот персонален данок на доход и придонесите, како и вкупно исплатените нето-приходи во изминатата година по повеќе основи. Тука влегуваат нето-приходите по основ на лични примања, авторски права и права од индустриска сопственост,...

Continue reading

земјиште

Рибници најатрактивни на оглaсот за закуп на државно земјиште

Post Views: 6 Во околината на Охрид , поединци и фирми ,  домашни и странски, ќе можат да подигаат маслинарници, овоштарници, оранжерии, рибници, спортско рекреативни терени и да  развиваат  рурален туризам.  Во тек е огласот на министерството за земјоделство, шумарство  и водостопанство  за издавање под закуп на 5600 хектари државно земјоделски површини, а меѓу нив се и парцели во три  охридски села.  Според огласот, земјоделски површини  ќе се издаваат: 2 во Свиништа една од 2800 м2, а другата од 4036 м2, парцела од 1378 м2 во Ботун и до 3000 м2 во Скребатно. Од подрачната едница...

Continue reading

Leskoec

Уште едно лето без вода

Post Views: 1 Уште една пеколна недела дел од Лесковчани ја преживуваат без капка вода. Горливиот проблем кој со години се провлекува, повторно се актуелизира. Иако приклучувањето на градската водоводна мрежа требаше да го реши овој проблем, сепак се провлекува старата приказна. Со недостиг на вода се соочуваат само дел од Лесковчани, и тоа оние кои што живеат во повисоките делови на селото и кои не се приклучени на главната линија. За фрустрацијата на овие граѓани да биде уште поголема, нивните сожители од другата страна нормално се снабдуваат со вода. Стапивме во контакт со надлежните...

Continue reading

lubenici

Одземен бостан при нелегална продажба на јавни површини

Post Views: 1 Спречена нелегална продажба на земјоделски произвиоди од камион. Викендов комуналните инспектори одзедоа лубеници, дињи и други видови земјоделски производи кои се продаваат на јавни површини. Ваквиот начин на продажба кај нас се практикува со  години и појавата е карактериатична за сите градови во Македонија  вели раководителот на комуналниот инспекторат Танас Танасоски. „Како резулата на инспекциската контрола и сообраќајната полиција запленети се 60 тони бостан во 6 камиони “, информира Танасоски. Сопствениците на одземената роба претходно повеќе пати биле опоменувани,...

Continue reading

Климе Попоски

Крв на паричник!

Post Views: 3 „Цените на земјоделските производи на Охридскиот пазар, безобразно високи“, велат граѓаните. Со иста констатација и производителите. Охриѓани туристи во сопствениот град. Иако на градскиот пазар има шаренило од овошје и зеленчук, цените се толку високи што ретко кој може да си го приушти задоволството да си купи она што ќе посака.И земјоделците-производители сметаат дека цените на нивните производи се прилично високи за овој период. „Меѓутоа притиснати од бројните давачки принудени сме истите да ги нудиме по овие цени“, велат тие. Продавачите за да ја формираат својата...

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top