Коњановски на средба со охридските земјоделци

Заменик министерот за земјоделство Зоран Коњановски оствари неколку средби со жителите на Горно и Долно Лакочереј, како и со земјоделците од Мешеишта.

 |  Татјана Маленкова  | 
konjanoski
коњаноски

На средбите министерот пред присутните детално ги образложи новите проекти кои се работат во министертвото за земјоделство и измените на законот за земјодлество, а најголем интерес привлече законот за легализација на обекти изградени на земјоделско земиште, и легализација на трактори.

konjanoski

 „Доста интересен е за земјоделците затоа што ќе можат сите објекти кои ги направиле во функција на земјоделието како штали, рибници, помошни простории за чување на земјоделски производи и помошни простории за чување на земјоделска механзација и низа други објекти кои се во функција на земјоделието да ги легализира. За самата легализација треба да изготват само еден геодетски елаборат за да знаеме што се ноѓа на самата површина колку има квадрати, а сетоа тоа понатака ќе чини едно евро од метар квадратен.не се големи трошоците а добивкаите ќе бидат огромни за земјоделските стопанства“, вели заменик министeрот за земјоделство Зоран Коњаноски.

 Заменик министерот истакна дека со цел да се фомираат и да заживеат задругите, членовите на земјоделските задруги ќе имаат дополнителни бенефиции.

 Коњаноски ги повика земјоделците да не го чекаат последниот рок за легализација 02 август 2013 год. туку веднаш да ги легализираат обејектите изградени на земјоделско земјиште и да поднесат барање за легализација до соодветната општина.

 Заменик министерот не се сложува дека Македонија многу малку користи од своите капацитети во однос на земјоделството. Ако во 2006 год. сме имале извоз на земјоделски производи од 242 милиони евра на годишно ниво, сега имаме скоро милијарда извоз на земјоделски производи, надвор од Република Македонија. Ако во 2006 год. било евидентирано призводство на риба од 400 тони, денеска имаме евидентирано риба од 1600 тони, вели министерот Коњановски.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top