Ознака: земјава

Недостиг на пиротехничари во земјава

Post Views: 3 Македонските пиротехничари ја надминуваат и возраста, максималната старосна граница во светски рамки е до 55 години. Цели 16 години во земјава не е вработен нов специјалист по пиротехника. Во државата во моментов имаме седум пиротехничари кои се пред пензија. Треба опрема која е скапа и треба и луѓе ние во моментов сме седум луѓе и буквално тие луѓе ја поминаа границата на пиротехничари одамна ни требаат млади кадри – вели Ефтим Митров, раководител на пиротехничари во ДЗС. Причината за недостигот на пиротехничари се условите за работа односно ниските плати и...

Continue reading

Претседателот Иванов по 8 -ми пат одржа прием за дипломатскиот кор во земјава

Post Views: 5 На традиционалниот новогодишен прием претседателот на РМ  Ѓорѓе Иванов пред дипломатскио кор во земјава истакна дека минатата  2016  беше ужасна година со политички и економски превирања во светот. Тоа беше година во која најсилно се почувствуваа последиците на двојните стандарди, непочитувањето на меѓународното право, на пропаднати држави. Иванов во обраќањето изрази очекување од  домашните политички партии во постизборниот процес дека ќе водат грижа за интересите на државата. Зборувајќи за предизвиците во оваа година претседателот  потсети на опасностите од  мигрантската...

Continue reading

Расте бројот на пронајдени експлозивни средства во земјава

Post Views: 9 Во земјава секојдневно расте бројот на пронајдени експлозивни средства, стари повеќе од еден век, но исправни и претставуваат голема опасност за населението. Македонија е простор со голем број мини, бомби и гранати од Првата Светска војна кои треба да бидат пронајдени и уништени, велат експертите. Секој втор ден пиротехничарите имаат интервенции на терен. Најризични локации се битолскиот и струмичкиот регион. Последната недела пиротехничарите имале дури осум интервенции. Во последните десет години имавме една жртва и четири луге се повредени, денес се инвалиди. Несреќите...

Continue reading

Земјава со високи температури и портокалова фаза

Post Views: 2 Македонија од утре до сабота ќе биде зафатена со високи температури од портокалова фаза. Од УХМР најавуваат дека температурата некаде ќе достигне и над 40 степени. Поради ова, Министерството за здравство препорачува од работни обврски да се ослободат бремените жени и хронично болните лица на возраст над 60 години, а работодавачите да го реорганизираат работното време  со цел да се избегнуваат активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот. Се препорачува да не се одржуваат спортски активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, а во детските градинки да...

Continue reading

Четири нови случаи во Охрид, a 112 нови случаи на Ковид-19 во земјава за 24 часа

Post Views: 2 Во последните 24 часа се направени 1372 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на ковид-19 во: – Скопје 46 – Куманово 7 – Штип 1 – Прилеп 2 – Тетово 1 – Струга 6 – Велес 4 – Битола 7 – Охрид 4 – Гостивар 3 – Струмица 11 – Радовиш 3 – Кочани 4 – Пробиштип 1 – Берово 1 – Валандово 1 – Виница 1 – Делечево 1 – Кратово 1 – Свети Николе 4 – Кичево 2 – Ресен 1 Во болнички услови се починати 8 пациенти од Teтово (73г), Струмица (58г), Делчево...

Continue reading

Струшката фабрика „Екоферт“ единствена за производство на органско ѓубриво во земјава и Балканот

Post Views: 0 „Екоферт“ е единствената струшка фабрика која во земјава произведува органско ѓубриво. Во фабриката се преработува и произведува нов производ на македонскиот пазар пелетрирано органско ѓубриво. Започнале скормно пред три години со преработка  и пелетирање на органското ѓубре кое досега завршувало неискористено и при тоа  ја загадувало животната средина. Во производниот процес на органското ѓубриво вклучиле  експерти од повеќе области за да дојдат до домашен конкурентен производ.   „Долги години на искуство и релации и комуникации со професори , агрономи и технолози....

Continue reading

Охрид е најскап град според разликите на цени на производите во малопродажба во земјава

Post Views: 2   Разликите на цени на производите во малопродажба го прават Охрид најскап град во земјава, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Големи се разликите кај цените во малопродажба низ државата. Цените на производите во малопродажба за исти производи со иста грамажа имаат различни цени низ градовите во земјава. Според податоците на заводот, многу од продуктите се поскапи во Охрид за разлика во останатите македонски градови. Разликите кај одредени производи достигнуваат и до 100 денари по килограм. Тоа зависи од производот и локацијата каде што се набавуваат. Еден...

Continue reading

Охрид е еден од ретките градови во земјава каде што инспекторите и Мвр спречуваат организирање забави

Post Views: 0 Угостителите и хотелите ги почитуваат протоколите за безбедност од Ковид 19. Градот Охрид е еден од ретките каде што навреме сe спречува организирање забави со превентивно делување на службите од ДПИ и другите служби како што е МВР и останатите инспекторати. Благодарение на нашиот ангажман досега протоколите се почитуваат, информира Цветко Ристески, раководител на подрачната единица на ДПИ. „Таму каде што бевме известени дека е планирано да се одржуваат музички настани, а јавноста како што знае според протоколите музички настани со естрадни уметници се забранети да се...

Continue reading

Се евидентира драстичен пад на странските туристи во месец мај во земјава

Post Views: 5 Во месец мај се регистрира драстичен пад на туристичките посети и ноќевања во земјава. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека бројот на туристите во мај 2020 година изнесува 838 , а бројот на ноќевањата е близу 5000 или изнесува 4 946. Бројот на туристите во мај 2020 година, во однос на мај 2019 година, е намален за 99.2 %, а бројот на ноќевањата е намален за 97.6 %.Бројот на домашните туристи во мај 2020 година, во однос на мај 2019 година, е намален за 97.8 %, а бројот на странските туристи е намален за 99.7 %.И во бројот на реализирани ноќевања...

Continue reading

Лидерите на верските заедници во земјава апелираат граѓаните да бидат поодговорни кон себе и блиските за опасноста на корана вирусот

Post Views: 6 Едногласен апел упатија денес лидерите на верските заедници во земјава до сите граѓани. Повикаа за одговорен однос кон себе си и ближните, а опасноста од вирусот да ја сфатат како реална и сериозна по животот и здравјето. Имајќи ја предвид сериозноста на заканата од пандемијата предизвикана од коронавирусот тие го пофалиле неуморниот труд на лекарите и на медицинскиот персонал при справувањето со вирусот. Според нив, најсоодветниот израз на благодарност за подвигот на здравствените работници треба да се покаже на дело – со почитување на изречените мерки од надлежните...

Continue reading

Под посебни протоколи ќе се отвараат аеродромите во земјава

Post Views: 2 Со лет на WizzAir утре се отвора Меѓународниот аеродрoм Скопје, додека аеродромот во Охрид „Свети Апостол Павле“ ќе се отвори еден ден покасно, во четврток со лет со кој ќе допатуваат туристи од Холандија и Полска, соопшти генералниот директор на ТАВ Македонија, Алпер Ерсој. Протоколите се подготвени и се по сите светски стандарди. Како што напомена Ерсој, патниците мора да дојдат три часа пред летот зашто проверките поради заштитните мерки се малку позабавени. – Во авионите нема да има ограничување на местата за седење зашто, летањето би било неисплатливо. Патниците...

Continue reading

11 во Охрид, 5 во Струга и 193 нови случаи со Covid -19 во земјава за 24 часа

Post Views: 8 Во последните 24 часа се направени 1391 тестирање, а регистрирани се 193 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 140-Куманово 2-Дебар 1-Штип 6-Тетово 19-Струга 5-Велес 2-Охрид 11-Гостивар 4-Свети Николе 1-Ресен 2 На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа три лица од Скопје на возраст од 78 и 47 години хоспитализирани на 4 односно 7 јуни и пациентка на 85 години, хоспитализирана на 9 јуни. Во ГОБ „8 септември“ починаа четири лица, двајца пациенти од Скопје на возраст од 69 и 67 години, хоспитализирани на 9 односно 15 јуни, пациентка од Куманово на 67...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top