Расте бројот на пронајдени експлозивни средства во земјава

Расте бројот на пронајдени експлозивни средства во државата. Секој втор ден пиротехничарите имаат интервенции на терен. Најризични локации се битолскиот и струмичкиот регион. Како дел од програмата на НАТО во земјава се работи на вмрежување на институциите при детектирањето на неексплодирани убојни средства.

 |   | 

Во земјава секојдневно расте бројот на пронајдени експлозивни средства, стари повеќе од еден век, но исправни и претставуваат голема опасност за населението. Македонија е простор со голем број мини, бомби и гранати од Првата Светска војна кои треба да бидат пронајдени и уништени, велат експертите. Секој втор ден пиротехничарите имаат интервенции на терен.

Најризични локации се битолскиот и струмичкиот регион. Последната недела пиротехничарите имале дури осум интервенции.

Во последните десет години имавме една жртва и четири луге се повредени, денес се инвалиди. Несреќите се намалија, а се зголеми бројот на пронајдени убојни средства. Порано имавме мала бројка на пронајдени, а повеќе несреќи зборувам до пред 20 години имаше секоја година жртви – вели Ефтим Митров, раководител на пиротехничарите во ДЗС.

Полицијата и Дирекцијата за спасување како дел од програмата на НАТО работат на проект за вмрежување на институциите при детектирањето на неексплодирани убојни средтсва.

Тоа е долготраен процес во кој што треба да бидат вклучени различни институции, меѓутоа силна професионална експертиза ни е неопходна и токму затоа се ваквите бројки. Македонија е простор каде што има голем број на неексплодирани средства – вели проф Никола Дујовски декан на Факултетот за безбедност.

Се спроведува и кампања за едукација на населението од опасноста од неесклодираните убојни средства.

Досега имаме реализирано повеќе акции за делење на флаери и за подигнување на свеста на населението да се запознае со процедурата што е тоа што треба да преземе еден граѓанин доколку наиде на една ваква ситуација – вели Марина Малиш Саздовска професор на Факултетот за безбедност.

Во рамките на проектот, кој е дел од НАТО програмата ќе биде изработен и софтвер за детекција на неесклодирани убојни средства низ земјава. Од дното на Охридското езеро пред десет години беа извадени 8000 парчиња неексплодирани убојни средства, но според анализите има уште многу  мини, бомби и гранати, кои треба да бидат отстранети.

 

Новинар : Соња Рилковска

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top