Ознака: Зеланд

Терористички напад во Нов Зеланд

Post Views: 2 Новозеландската полиција соопшти дека застрелала насилен екстремист, откако тој со нож ранил шест луѓе во супермаркет во Окленд. Ова е првиот терористички напад во Нов Зеланд, откако Брентон Тарант уби 51 лице и повреди 40 други во оружениот напад во две џамии во Крајстчрч, во 2019 година, како што пренесуваат светските медиуми. Тарант беше осуден на доживотен затвор, а Нов Зеланд оттогаш ги заостри законите за поседување оружје. Премиерката на Нов Зеланд, Џacинда Ардерн, изјави дека станува збор за терористички напад, како и дека напаѓачот е државјанин на Шри Ланка...

Continue reading

Samoa

Денешниов ден не постои за жителите на Самоа

Post Views: 4 Жителите на пацифичкиот остров Самоа отидоа в кревет во четврток и ќе се разбудат в сабота, откако владата донесе историска одлука да ја промени временската зона во која се наоѓа земјата. Самоа во последните 119 години се наоѓаше во источната временска зона која е 11 часа зад централното европско време. Со владината одлука земјата да се префрли во западната зона, направен е скок од 24 часа напред, што во пракса значи дека петок 30 декември во Самоа годинава нема да постои. Географска карта на СамоаГеографска карта на Самоа Со потегот, Самоа влегува во иста временска...

Continue reading

Земјотрес со магнитуда од 7,4 степени го погоди Нов Зеланд

Post Views: 8 Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд. Според податоците на европската геолошка служба потресот е со јачина од 7,4 степени по Рихтер со епицентар на длабочина од 10 километри. Потресот се случил нешто по полноќ по локално време. Епицентарот е на 99 километри од Кристчрч, кој пред неколку години беше разурнат во земјотрес. Тогаш погинаа најмалку 185 луѓе, а потресот беше со магнитута од 6,3 степени по Рихтер. Потресот бил почувствуван и во градовите Велингтон и Чевиот. Се уште нема официјални информации за повредени и материјални штети. Жителите на Нов Зеланд на социјалните...

Continue reading

pomor

Поморот на животните продолжува: по птиците и рибите, мртви ракови

Post Views: 1 Стотици мртви птици, пронајдени се за неколку дена на улиците на два града во американската држава Кентаки, соопштуваат локалните медиуми.Портпаролот на надлежната служба во Кентаки, Мајк Марачин рече дека анализата покажала дека птиците не биле болни, ниту отруени и дека причина за нивното загинување би можела да биде студеното време.Ладното време се смета за причина и за милионите риби кои загинаа во американската држава Мериленд, како и 40 илјади ракови кои се пронајдени на брегот во Англија. Брегот е преполн со мртви ракови, морски ѕвезди и сунѓери. Огромен помор...

Continue reading

nasukan kit

Нов Зеланд: Неизвесно преживувањето на 70 китови

Post Views: 1 Околу 100 доброволци и припадници на локалната власт во Нов Зеланд со тешки напори успеаја преку ноќта да ги одржат живи 70-тте китови кои вчера се насукаа покрај брегот на Северниот остров. Лошото време, изолираноста и оддалеченоста на плажата каде што овие животни излегле од океанот уште повеќе ја отежнуваат целата операција.„Временските услови се ужасни. Има големи бранови поради невремето од изминативе денови и вистински кошмар е дури и да ги донесете луѓето тука“, вели Ингрид Вајзер, спасувач. Оние пак, кои сепак успеаја да дојдат до тука ги покриваат телата на...

Continue reading

kiotvi

Над 120 китови угинаа во Нов Зеланд

Post Views: 12 Над 120 китови угинаа, исфрлувајќи се на брегот изминатиот викенд на две места во Нов Зеланд, но еколозите успеаја да спасат 43 од животните, враќајќи ги при плима обратно во морето. Стотици доброволци се вклучија во акцијата. Тие ги прекриваа китовите со мокри чаршафи, за да ја одржат влажна нивната кожа, додека правеа обиди да ги вратат во водата.Во текот на летото по бреговите на Нов Зеланд често се случува да излезат китови. Научниците се уште не можат да ги објаснат причините за тие т.н. „колективни самоубиства“. {loadposition content9}

Continue reading

Nov Zeland

Силен земјотрес ги потресе бреговите на Нов Зеланд

Post Views: 1 Земјотрес со интензитет од шест степени според Рихтер денеска е регистриран во близина на островите Кермадек, северно од Нов Зеланд, соопшти Геофизичкиот институт на САД. Епицентарот на подводниот земјотрес се наоѓал на 131 километар од островот Раул, кој е најсеверниот од архипелагот Кермадек, на длабочина од 35 километри. Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета во земјотресот.     {loadposition content9}

Continue reading

vaterpolo mk

И ватерполистите на квалификации за ЛОИ во Лондон

Post Views: 3 Македонската ватерполо репрезентација потврди дека ќе учествува на квалификацискиот турнир во Едмонтон, Канада, за место на Олимписките игри, откако доби покана по откажувањето на селекцијата на Нов Зеланд. Со ова тие се трета македонска селекција, по кошаркарите и ракометарите, кои ќе се борат за учество на претстојната Олимпијада во Лондон.На квалификацискиот олимписки турнир ќе настапат 12 селекции, а виза за Лондон обезбедуваат најдобрите четири. Турнирот ќе се одржи од 1. до 8. април, а жрепката на групите е закажана за 19 февруари во Лондон. Македонските ватерполисти...

Continue reading

baskerfest

Деветтото издание на „Баскерфест“ ќе заврши во Охрид

Post Views: 6 Деветтото издание на Фестивалот на улични артисти „Баскерфест 2014“ ќе се одржува низ цела Македонија, односно во 21 македонска општина. Официјалниот старт е во вторник (27. мај) на градскиот плоштад „Македонија” во Скопје, а програмата започнува во Гевгелија на 28. мај. Скопје ќе биде домаќин од 6. до 15. јуни, а целата турнеја ќе трае до 30. јуни со затворање во Охрид, Дојран и Битола. Улични престави ќе има и во Кочани на 30. и 31. мај, Велес на 6. и 7. јуни, Свети Николе 7. јуни, Чешиново-Облешево на 10. јуни, Кавадарци на 13. и 14. јуни, Радовиш 14. јуни,...

Continue reading

Нов Зеланд планира да ги забрани цигарите за идните генерации

Post Views: 4 Лицата кои ќе бидат помлади до 14 години во 2027 година никогаш нема да можат да купат цигари во Нов Зеланд. Ова е дел од предлогот откриен денеска, а со цел да се намали бројот на продавачи на цигари и да се намали никотинот во сите производи. Забраната ќе остане до крајот на животот на овие луѓе, што значи дека лицата кои во 2073 година ќе имаат 60 години нема да можат децении претходно да купат цигари, пренесува Ројтерс. Сакаме да се осигураме дека младите никогаш нема да почнат да пушат, со ова ќе се смета за прекршок продажбата или набавка на производи од никотин...

Continue reading

japonska kujna

Јапонците се нацијата која најздраво се храни

Post Views: 10 На листата на земји според достапноста, квалитетот и разновидноста на храната водат Холандија, Јапонија, Нов Зеланд и САД, покажа истражувањето на меѓународната организација за борба против сиромаштијата – OKSFAM. Меѓу земјите со најнизок рејтинг се Република Чад и низа други земји од Африка. Холандија, Франција и Швајцарија се лидери во “правилната исхрана”. Таму жителите јадат разновидна, корисна и евтина храна. Во таа смисла, тешко дека може да и се најде замерка на Европа. Првите 20 места од листата ги завземаат токму Европјаните, покрај Австралија....

Continue reading

grad

Без улично осветлување за совршено ѕвездено небо

Post Views: 13 Обсерваторијата „Мт. Џон“ во Нов Зеланд се наоѓа на надморска височина од 1.029 метри. Во близина се наоѓа град покрај езерото Текапо кој ги исклучува светлата само за да обезбеди чист поглед кон небото за астрофотографите и астрономите. Повеќето фотографи и астрономи обично не можат да го видат небото доволно добро поради големата осветленост од површината на Земјата. Затоа, секој е повикан да дојде и да фотографира или ужива во прекрасната глетка кога целиот град истовремено се откажува од осветлувањето за да го овозможи реткото искуство. Ова се некои фотографии...

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top