Ознака: здружение

Формирано Здружение на граѓани „Quo Vadis 021“ од Охрид за едукација и превенција од хазардни игри

Post Views: 2 Коцкарот прв пат стапнува во обложувалница или казино од љубопитност, а со првата добивка започнува маѓепсаниот круг од кој тешко се излегува. Првата добивка понатаму води само кон загуби, до загуба на семејството, пријателите, на работното место, на здравјето. Потребно е да се прекине кругот , да се препознаат симптомите на зависност пред да стане премногу доцна, вели Мирче Крстески, Претседател на новоформираното Здружение на граѓани од Охрид за едукација и превенција од хазардни игри „Quo Vadis 021“ „Се навлеков од првиот пат од првата игра во 1991 година. Пијам...

Continue reading

vlasi

Влашката заедница го слави Националниот ден на Власите

Post Views: 11 Денес е националниот ден на Власите. Оваа заедница секоја година на овој ден организира бројни манифестации на кои се презентира влашкиот фолклор, се организираат свечени академии и влашки вечери. Токму тоа ќе се случува денес и на централната прослава во Скопје, но и тука во Охрид каде ќе стане збор околу значењето на овој ден за власите. А 23ти Мај има интересна историја и претставува еден од најзначајните датуми за влашката заедница. Еве зошто. „Овој ден се прославува со одлука на Светската лига на власите. Таа одлука е донесена во Битола пред триесетина години....

Continue reading

penzioneri

Охридското Здружение на пензионери работи успешно

Post Views: 6 Охридското Здружение на пензионери успешно ја заврши минатата година. На денешната Седница на здружението која е пета по ред, а прва во оваа година беше усвоена завршната сметка за 2012 год, а се донесе и програмата за работа за 2013.Mаринела Jовановиќ, претседателката на Собранието на Здружението на пензионери-Охрид, вели дека се задоволни од домакинското работење на здружението. Ова здружение минатата година беше успешно на спортски и културен план. Тоа го освои преодниот пехар на 17тиот републички спортски натпревар на пензионери кој се одржа во скопје, а неговите...

Continue reading

mikseta

Се стиска обрачот околу ММИ

Post Views: 6 Ќе се плаќа или нема да се плаќа за јавно емитување на македонска музика? Сеуште нема разрешница на ова прашање, а во меѓувреме, кај медиумите се поголем отпор против Македонската музичка индустрија, здружението кое наметна нова давачка за сите оние кои јавно ќе емитуваат македонски фонограми. Атмосферата уште повеќе ја вжештија националните медиуми, откако деновиве јавно покренаа иницијатива за одземање на дозволата на ова новоформирано здружение. Вчера трите национални медиуми, Сител, Канал 5 и Алсат-М, ја добија подршката и од останатите свои колеги. „Вчера во Битола...

Continue reading

CEMS

Искра надеж за македонскиот спорт

Post Views: 20 Младите се движечката сила на промените, особено во спортот. Иако состојбите во македонскиот спорт се онакви какви што се, се чини има некаква надеж за сето тоа да се промени. Токму унапредувањето на македонскиот спорт е целта на новоформираното здружение Центар за едукација и менаџмент во спортот. Нивниот претседател, Бојан Захариев, па и сите негови соработници сметаат дека развојот на спортот започнува токму од младите и од раната училишна возраст кога децата се определуваат за некој од спортовите. Но по основното образование, оваа пасија и оваа врска со спортот...

Continue reading

rezija

Ќе се ревидира тарифникот за јавно емитување на македонска музика на ММИ

Post Views: 6 Владата ќе го ревидира тарифникот ММИ за јавно емитување на македонска музика. Овој контроверзен правилник кој го предложи новоформираното здружение Организација на македонска музичка индустрија или скратено ММИ, од неговото донесување па наваму сериозно оспоруван. По многубројните и бурни реакции од страна на локални и национални медиуми, како и од страна на здружението за угостителство и туризам при Стопанската комора на Македонија и други субјекти, Владата на Република Македонија одлучи да изврши негова ревизија. За таа цел тие одредиле дека Министерството за култура...

Continue reading

Споменик за писателот Ванчо Николески

Post Views: 1 Охрид  да му се одолжи на писателот Ванчо Николески со подигање на  споменик, предлагаат од Здруженито на акцијаши „Брег на младоста“. Ванчо Николески е автор на 30 романи, поеми и раскази со кои во национални рамки и пошироко се издигна и  себе си, но и градот Охрид како непресушна културна ризница, напоменува Зоран Стевоски, претседател на Здруженито. Иницијативата  ја поткрепува со фактот што годинава се  навршуваат 100 години од раѓањето на писателот и 50 години од објавувањето на романот „Волшебното самарче“. Споменикот  ќе биде едно признание за неговиот книжевен...

Continue reading

vodici

Манифестацијата „Водици 2013“ со почесен строј и охридска гарда

Post Views: 6   На манифестацијата „Водици“ да има почесен строј и охридска  гарда. Ова е идеја на здружението „Богојавление“ која датира уште од поодамна, но досега не е реализирана. Потпредсадателот на ова здружение, Митко Пендов вели дека заедно со Министерството за култура и Локалната самоуправа имаат намера да распишат конкурс за униформа на охридска гарда која ќе биде препознатлива и ќе ги содржи симболите на Охрид низ вековите. Оваа гарда би се користела и за други манифестации кои ќе се одржуваат во градов. Ова здружение подготвува и други новини со кои ќе привлече гости не...

Continue reading

sportski igri

Одбележан светскиот ден на глувите лица

Post Views: 13 Со помала плата, институции кои не обезбедуваат толкувачи за глувите лица, без додаток за инвалидитет,   глувите лица од Македонија го одбележаа светскиот ден. Иако, Македонија ја потпиша Конвенцијата за заштита на правата на инвлидите, лицата со оштетен слух   се соочуваат со дискриминација, вели претседателот на македонскиот  Сојуз на глуви и наглуви лица, Васко Марков.  „ Дискриминацијата е во поглед на платата,  која ја добиваат во однос на другите лица, таа е пониска. Во работните средини глувите лица иако се способни, вредни и одговорни тие се помалку платени...

Continue reading

radio

Наскоро Здружение на приватните електорнски медиуми во Македонија

Post Views: 0 Новото здружение ќе се вика „Мак Медиа“, а за само еден ден идејата за формирањето доби  поддршка од  дваесет и два медиуми од Охрид, Струга,  Кичево, Битола, Прилеп и Македонски Брод.Одржан иницијативен состанок за формирање на Здружение на приватните електронски медиуми на Република Македонија. Новото здружение ќе се вика „Мак МЕДИА“, а според иницијаторите, цел на неговото формирање ќе биде решавање на наталожените проблеми во медиумската сфера.  Сашо Митаноски директорот на „Супер радио“ вели дека ницијалната каписла за создавање на ова здружение, беа новите барања...

Continue reading

leb

И лебот поскапува

Post Views: 16 Новата цена на лебот која за многу скоро ќе ја обелоденат пекарите, е резултат на серијата зголемувања на цената на пченицата, горивавата и електричкната енергија. Ѓраѓаните во шок. Се чудат како ќе се соочат со новите цени, кога и досега едвај врзуваа крај со крај. Ѓраѓаните си ги глeдаат своите проблеми, а пекарите пак своите. Претседателот на  Мeлничко пекарско здружение „Пекар“ – Охрид, каде членуваат производителите на леб и бели печива од општините Охрид, Дебрца и Струга, Љупчо Настоски вели дека се принудени да ја зголемат цената на лебот доколку сакаат...

Continue reading

bri

Волонтеризам или акцијаштво- на потег младите

Post Views: 6 На иницијатива на група охридски учесници на некогашните младински сојузни акции, во Охрид, се формира граѓанското здружение „Брег на младоста“. Станува збор за клуб кој на волонтерска основа ќе ги спојува младите луѓе кои сакаат да учествуваат во работни акции. Доброволното ангажирање на младите во изградба на капитални објекти беше карактеристично за просторите на поранешна Југославија. Сега оваа форма на работно ангажирање, пред се на младите луѓе, е прифатена во Европа и светот, вели еден од иницијаторите на здружението Љупчо Милкоски. ОН минатата година ја посвети...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top