Влашката заедница го слави Националниот ден на Власите

И натаму главен предизвик на оваа заедница е зачувување и негување на јазикот, фолклорот и културата.

 |  Мишел Наумоски  | 
vlasi
власи

Денес е националниот ден на Власите. Оваа заедница секоја година на овој ден организира бројни манифестации на кои се презентира влашкиот фолклор, се организираат свечени академии и влашки вечери. Токму тоа ќе се случува денес и на централната прослава во Скопје, но и тука во Охрид каде ќе стане збор околу значењето на овој ден за власите.

vlasko oroА 23ти Мај има интересна историја и претставува еден од најзначајните датуми за влашката заедница. Еве зошто.

„Овој ден се прославува со одлука на Светската лига на власите. Таа одлука е донесена во Битола пред триесетина години. Инаку е поврзан со еден од најзначајните датуми во историјата и во созревањето на влашката нација. Во 1905та година, султанот Абдул Хамид донесол еден проглас со кој влашкиот народ го признал како посебен милет или посебен народ, му дозволил отворање на школи на влашки јазик, како и држење на служби во црквите на влашки јазик.“-вели претседателот на охридското здружение на власите, Драган Коровешоски.

А токму влашкиот јазик, влашкиот фолклор и култура сеуште остануваат најголем предизвик на здруженијата на власи низ државава.

vlaski folklor„Претежно активностите на влашката заедница се поврзани со очувување на влашкиот јазик, организирање на курсеви на влашки јазик, продукција во електронска форма на текстови на влашки јазик, а се со цел јазикот да опстане, бидејќи се помалку луѓе го зборуваат јазикот, младите се потешко и потешко го совладуваат, сепак се работи за еден лингвистички тежок јазик, со сложена граматика, и бидејќи не постои редовно образование, обично го учат јазикот од своите родители.“-рече Коровешоски.

Нема понова статистика за бројот на власи во нашиот град. Последните податоци велат дека во Охрид живеат околу 400 жители, но Коровешоски вели дека според нивната евиденција има барем 400 влашки фамилии.

Инаку во моменот, охридското здружение на власите се подготвува за изборното собрание, но и за учество на севлашкиот собир кој ќе се одржи во Грција, а на кој ќе учествуваат влашките друштва од САД, Канада, Франција, Бугарија, Романија, Молдавија, Србија и секако Македонија. Во подготовка е и цд со традиционални чалгиски песни на влашки јазик. Претседателот на охридското здружение, Коровешоски им го честита националниот ден на сите власи, а кон честитките се придружуваме и ние.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top