Ознака: здравствена

logo

Семинар на АХВ во Охрид

Post Views: 0 Употребата на ветеринарно медицинските препарати во лекувањето на животните и нивното влијание врз храната и здравјето на луѓето ќе бидат главните теми на „Регионалниот семинар за националните контакт точки за ветеринарни препарати“, кој ќе се одржи денес во Охрид. Овој научен собир го организра Светската организација за здравствена заштита на животните ОИЕ и на него ќе учествуваат претставници од 35 земји од Европската Унија и од регионот како и претставници од Регионалните канцеларии на Светската организација за здравствена заштита на животните од Софија и од Брисел. Според...

Continue reading

лаб

Во Охрид за болеста ебола нема место за паника

Post Views: 3 Место за пaника нема со вирусното заболување ебола во Охрид, порачуваат од Центарот за јавно здравје- Охрид. Студентот од Нигерија кој вчера е испратен на Инфективната  клиника во Скопје е заради превентива , појаснува епидемиологот д-р Јованка Стурлакова Коровешоска.   „ Еден студент e испратен на Клиника заради покачена температура. 4-от ден од престојот во Македонија му се покачила температурата. Другиот продолживме да го следиме , утрово му измеривме температура , таа е нормална. Нема  место за паника. Многу медиуми објавија дека има болни, нема болни. Секој кој...

Continue reading

Bujar Osmani

Нов Закон за здравствена заштита

Post Views: 2 Целта, е преку темелно преуредување и прецизирање на делови од органзиацијата на системот на здравстена заштита, да се создадат услови, а со тоа и реални шанси од долгорочен рамномерен развој на здравствениот систем за потребите на граѓаните и да се создадат предуслови преку воведување нови решенија кои ќе го подобрат квалитетот на здравствената дејност и ќе го унапредат здравствениот систем доближувајќи го поблиску до пацинетите. Министерот Османи рече дека при изработката на законот се воделе од показателите за состојбите во здравството и искуствата стекнати од постоечкиот...

Continue reading

bolnica pestani

Пештани доби летна дежурна служба

Post Views: 2 Во туристичката населба Пештани после 9 месеци повторно проработува службата за примарна здравствена заштита. Денес во Пештани и официјално се отвори новиот пункт на Здравствен дом Охрид. Целта е на осигурениците но и за туристите да им се овозможи континуирана и достапна здравствена заштита, вели директорката на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Маја Парнарџиева-Змејкова. „Дежурната служба има обврска да овозможи во периодот кога нема покриеност за здравствена заштита на населението да се активираат капацитетите на Здравствениот Дом и матичните лекари...

Continue reading

Експерти го критикуваат извештајот на Светската здравствена организација за е-цигарите

Post Views: 2 Во критиката на студијата на Светската здравствена организација (WHO) за електронските цигари, која послужила како нацрт за студијата на WHO минатиот месец, во која се бара построга регулација на е-цигарите, експерти оцениле дека станува збор за неточен приказ на доказите. “Бев шокирана и изненадена додека го читав извештајот”, рекла на новинарите Ann McNeill, истражувач на националниот центар за зависност при лондонскиот King’s College. “Сметам дека тоа е погрешно прикажување на доказите за е-цигарите”. Популарноста на е-цигарите, каде со помош на батерија се симулира...

Continue reading

penzioneri

Охридските пензионери се запознаваа со своите права од здравственото осигурување

Post Views: 6 Пензионерите од Охрид и Дебрца денес заедно со правникот и докторот соработник на ФЗОМ се запознаваа со правата од нивното здравствено осигурување, како и последните измени околу важноста на упатите и начините на упатување во примарната, секундарната и терцијарната здравствена заштита. Фондот денес им организираше едукативна работилница како дел од потпишаниот меморандум за соработка со Сојузот на пензионери на Македонија. Од Здружението на пензионери рекоа дека ја поддржуваат ваквата иницијатива. „Пензионерите се најранливата група кој анајмногу ги посетува здравствените...

Continue reading

fzom

Невработените кои не се пререгистрирале избришани од ФЗОМ

Post Views: 7 Од вкупно 5370  невработени корисници на бесплатна здравствена заштита, до 31март годинава до кога беше и последниот рок за пререгистрација, оваа обврска ја завршиле 3300 корисници. Како што изјави раководителот на Подрачната единица на ФЗОМ од Охрид, Славе Крстаноски пререгистрација извршиле 61 % од корисниците, што е добар процент во споредба со оној од републичко ниво кој изнесува 56%. Крстаноски нагласи дека 2070 невработени корисници останале без бесплатното здравствено осигурување и истите на 2 април биле одјавени од системот. Сега тие ќе треба повторно да ја подготвуваат...

Continue reading

logo

„LIKE ZA BIKE”

Post Views: 3 Под мотото “LIKE ZA BIKE”, Црвениот Крст од Охрид продолжува со своите активности насочени кон поттикнување на нашите сограѓани за практикување на физичка активност, со цел одржување на здрави животни навики и подобрување на својата здравствена состојба и физичка кондиција. Во таа насока Црвениот Крст ги повикува сите оние кои сакаат да поминат еден прекрасен ден во пешачење, возење велосипед, ролање, конзумирање на здрава храна, утре сабота 29.03.2014-та година во 11 часот да дојдат пред платото пред Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид каде организирано ќе...

Continue reading

Големо предупредување на Светската здравствена организација

Post Views: 2 Избивањето на ебола во западна Африка се оттргна од конторла, но ширењето на болеста може да се запре, им изјавила, во петокот шефицата на Светската здравствена организација (WHO), Margaret Chan на претставниците на Гвинеја, Либерија, Сиера Леоне и Брегот на слонова коска на состанокот во Конакри. “Болеста се шири побрзо отколку нашите напори за да ја ставиме под контрола. Ако таа ситуација продолжи да се влошува, последиците би можеле да бидат катастрофални а постои можност од ширење и во други земји”, рекла Chan, додавајќи дека денешниот состанок мора да претставува...

Continue reading

fzom

Само 45% од невработените се пререгистрирале за здравствено осигурување

Post Views: 4 Во тек е пререгистрацијата на невработени во Охрид. Во општинава има околу 5500 невработени носители на право на здравствена заштита или заедно со осигурениците на нивно име тоа е околу 10 000. Досега над 2400 илјади или 45% од осигурениците од Охрид извршиле пререгистрација во Фондот за здравствено осигурување. Рокот изминува на 31 март. 6000 илјади осигуреници можат да останат без здравствено осигурување доколку не извршат пререгистрација во тој рок, предупредува првиот човек на Фондот Славе Крстаноски. „Морам да кажам дека одзивот е прилично слаб на ниво на Македонија,...

Continue reading

pregled

Здравствени пунктови во селата на Охрид и Дебрца

Post Views: 0 Раководството на Здравствен дом бара од градоначалниците на Охрид и Дебрца простории каде би функционирале здравствени пунктови во селата. Во изминатиов период, односно од почетокот на Јануари 2014, ЈЗУ Здравствен Дом Охрид го спроведува проектот на Владата на РМ „Рурален доктор“ на подрачјето на општините Охрид и Дебрца. Здравствениот дом  организира вршење на примарна  здравствена дејност, согласно утврдена Програма, при што лекарски тимови ги посетуваат сите села во двете Општини. Медицинскиот тим врши лекарски прегледи, советувања и други видови здравствени услуги...

Continue reading

zaev ohrid

Мерки за враќање на средната класа

Post Views: 8 Охриѓани најдобро знаат што е добро за Охрид. Токму затоа претседателот на СДСМ Зоран Заев предлага децентрализација на власта во неколку сфери од општественото живеење, како граѓаните би одлучувале за доброто на општината. Овие пакет мерки доаѓаат со цел да се врати средната класа вели Заев. „ Децентрализација на центрите за социјлни работи. Пренесување на оваа надлежност на општините ќе овозможи тренспарентност во одлучувањето во распределбата на социјалната помош. Општините имаат повеќе и подобри информации од МТСП, за тоа кој се навистина социјално загрозени граѓани,   ...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top