Ознака: здрава

puter od kikiriki

Путер од кикирики подобар од еурокрем

Post Views: 3 Путерот од кикирики има многу хранливи материи и се вклучува во здрава исхрана.. Јадењето во умерени количини може да ви обезбеди здравствени придобивки. Путерот од кикирики е особено добар извор на витамин Е и Б3 или ниацин, како и протеини и одредени минерали. Додека поголемиот дел од маснотиите кои ги содржи путерот од кикирики се незаситени масти и се здрави за срцето. ВитаминиПутерот од кикирики, е добар извор на храна богата со витамин Е и витамин Б3 или ниацин. А 2 суп.лажици путер од кикирики исполнува околу 15 отсто од препорачаната дневна вредност (ДВ) за...

Continue reading

logo

„LIKE ZA BIKE”

Post Views: 3 Под мотото “LIKE ZA BIKE”, Црвениот Крст од Охрид продолжува со своите активности насочени кон поттикнување на нашите сограѓани за практикување на физичка активност, со цел одржување на здрави животни навики и подобрување на својата здравствена состојба и физичка кондиција. Во таа насока Црвениот Крст ги повикува сите оние кои сакаат да поминат еден прекрасен ден во пешачење, возење велосипед, ролање, конзумирање на здрава храна, утре сабота 29.03.2014-та година во 11 часот да дојдат пред платото пред Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид каде организирано ќе...

Continue reading

vitaspring

Шест години постоење за единствената специјализирана продавница за здрава храна во градов, Витаспринг

Post Views: 3 На шестгодишнината од постоењето на Витаспринг, единствената специјализирана продавница за здрава храна во градов, сопствениците сметаат дека веќе се менуваат навиките кај охриѓани за правилна исхрана. Според сопственикот Димитар Арнаудоски, почетоците биле тешки, меѓутоа со тек на време, охриѓани ја разбрале вистинската вредност на здравата храна. Покрај основните производи од здравата храна како што се житариците, во Витаспринг се нудат и чаеви, сушени овошја, но и здрави производи за спортисти. „Нормално со тек на време охриѓани сфаќаат кои се придобивките на здравата...

Continue reading

beli mugri

ОУ „Кочо Рацин“ го одбележа патронатот на училиштето

Post Views: 4   Основното училиште „Кочо Рацин“ го прослави својот патронат. Денес во училиштето имаа отворен ден и се одбележаа бројни активности на учениците  поврзани со нивниот патронен празник 22 декември, кога го празнуваат денот на раѓањето на големиот македонски поет Коста Солев Рацин. Посетителите имаа можност од блиску да се запознаат со креативноста на учениците под менторство на нивните наставници. Покажаа со различни  презентации по сите предмети дека вредно учат и работат. Меѓу секциите како што се по историја, физика, хемија и биологија се претставија и јазичарите од...

Continue reading

boenka

Децата да ги учиме на здрав начин на живот

Post Views: 0 Промовирани прирачници за здрава исхрана и боенка за деца од авторката Весна Пирузева Петровска. Мојата намера е со прирачниците да им го посочам на луѓето правилниот начин  на исхрана за да имаат здрав живот, вели авторката. Во напливот на различна литертура да бидат умешни како да ја изберат вистинската  која  води  кон здрав живот, затоа што несоодветните може да ги  упатат кон погрешни патеки. Предупредува на претпазливост кон користењето на разни нутриционистички совети и  диети од непроверени извори на интернет. „ Најчесто младата популација се служи како со најдобар...

Continue reading

grdinka

Децата од мали нозе учат за здрава исхрана

Post Views: 9 За да бидам вредна, весела и здрава секој ден јадам здрава храна. Преку игра, песна до здрава храна во градинката „Јасна Ристеска“.  Денес во објектот „Лихнида“, нутриционистот Весна Пирузева Петреска, одржа презентација за важноста на здрвата храна, со цел да се подигне свеста кај децата. Децата наброија неколку видови овошје за кои сметаат дека спаѓаат во здрава храна. Горазд рече дека јаде мед и ореви, Сара сака да јаде морковчиња, а Елена секое утро пие чај со мед. Децата се учат уште од мали нозе на здрав начин на исхрана, вели нутриционистот Весна Пирузева Петроска....

Continue reading

drvce

Охриѓани засадија здравје и здрава иднина

Post Views: 1 Охриѓани денес ја засадија својата здрава иднина. Поголем број на граѓани, претставници од јавни претпријатија, професори и ученици денес го збогатија и облагородија местото викано „Мазатар“ во Горно Лакочереј, во непосредна близина на прекрасниот манастир „Свети Спас“. „Денеска садиме на местото кај манастирот „Свети Спас“ на површина од околу 3 хектари со садници од кедар и албиција. Овие услови се добри моментално, одговараат, има влага, не е проблем никаков за прифаќање на садниците.“-вели Зоран Жилески од ЈП „Македонски шуми“. На „Мазатар“ садеше и државниот секретар...

Continue reading

plastenik

Гордана Ристоска од Орман успешен пример на рурална жена

Post Views: 14 Гордана Ристоска, машински инжинер, сопруга и мајка на два сина, секојдневно работи во сопствената леарница и алатница за производство на пластични делови. Ристовска, исто така со голема посветеност произведува и здрава еколошка храна во селото Орман.  Успешно ги усогласува двете дејности и во приватниот бизнис и во градинарското производство. Има пластеници во кои одгледува разновидни градинарски култури, а се грижи и за мини живинарска фарма. Ристоска прави паралела која е предноста од животот  на село.„ Кој има земја добро е да произведува прво за себе, затоа што...

Continue reading

Prodavnica BAKO

Охрид доби специјализирана продавница за здрава храна

Post Views: 0 По Прилеп, Струмица и Куманово „Компанијата Бако од денеска и во Охрид.  Оваа специјализирана продавница за здрава храна работи под слоганот „Вкус кој не се заборава“.  Сопственикот на компанијата Омер Фејзуловски со гордост зборува за растот на фирмата, за сопственото  производство и ланецот на продавници кои го имаат низ земјава. „Очекуваме дека охриѓаните ќе бидат задоволни. Квалитетот ни е број еден. Хранете се здраво, живејте подолго со производите на Бако и се надеваме дека охридѓаните ќе бидат задоволни. Имаме квалитет и наше фабричко производство имаме 150 производи“,...

Continue reading

Сладоледот спаѓа во здрава храна

Post Views: 0 Омилениот летен деликатес има имиџ на непријател за оние кои сакаат да останат витки, но можеби и не е баш така. Некои истражувања откриваат предности во уживањето во сладоледот, и иако делуваат малку претерано сепак нам ни се допаѓа идејата дека се работи за здрава храна. Сладоледот е богат со калциум На возрасен човек, дневно му се потребни 1000 мг. Калциум, додека трудниците и децата имаат поголема потреба за тој минерал. Поради млекото и слатката павлака како основни намирници во производството на сладолед, оваа намирница добро ќе послужи како еден од изворите не...

Continue reading

studenti

Хранливи колачи и печива креираат студентите од ФТУ

Post Views: 8 Високо енергетски бомбици, интегрални грисини, погачици од хелда  и колачи за дијабетичари се 4 -те нови прозиводи кои ги креираа студентите од ФТУ, од насоката гастрономија, диетика и исхрана. Производите се изработени по сопствена рецептура и се наменти за неколку целни групи, како што се дијабетичари или луѓе алергични на глутен. Во проектот се вклучени 20 -тина студенти од повеќе насоки на ФТУ. Студентите изработиле и флаер „Водич за здрав живот“. Задоволни се што се вклучени во проектот и од добиената можност да  промовираат вкусна и исклучително здрава храна. Производите...

Continue reading

Решение на еден од овие проблеми, носи 10 милиони фунти

Post Views: 4 Доколку успеете да решите еден од овие шест проблеми за човештвото, без оглед на тоа дали сте научник или аматер, можете да освоите награда од 10 милиони фунти. Оваа награда, longitude act, одбележува 300 години од своето постоење, кога во 1714 година Велика Британија ги предизвикала пронаоѓачите да решат еден од најголемите предизвици за тоа време – како да се одреди позицијата на брод во морето со помош на географската должина. Овој предизвик го решил часовничар од Јоркшир, Џон Харисон, кој дизајнирал хронометар, првиот морски часовник кој овозможувал прецизна навигација. Во...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top