Путер од кикирики подобар од еурокрем

Путерот од кикирики има многу хранливи материи и се вклучува во здрава исхрана.. Јадењето во умерени количини може да ви обезбеди здравствени придобивки. Путерот од кикирики е особено добар извор на витамин Е и Б3 или ниацин, како и протеини и одредени минерали.

 |   | 
puter od kikiriki
puter od kikiriki

puter od kikirikiПутерот од кикирики има многу хранливи материи и се вклучува во здрава исхрана.. Јадењето во умерени количини може да ви обезбеди здравствени придобивки. Путерот од кикирики е особено добар извор на витамин Е и Б3 или ниацин, како и протеини и одредени минерали. Додека поголемиот дел од маснотиите кои ги содржи путерот од кикирики се незаситени масти и се здрави за срцето.

Витамини

Путерот од кикирики, е добар извор на храна богата со витамин Е и витамин Б3 или ниацин. А 2 суп.лажици путер од кикирики исполнува околу 15 отсто од препорачаната дневна вредност (ДВ) за витамин Е во согласност со Националниот институт за здравство . Витамин Е, е антиоксиданс, состојка која поддржува соодветна функциа на имунолошкиот систем и ги штити клетките на телото. А 2 суп.лажици содржи 4,4 mg ниацин. Ниацинот, според Линус Паулинг Институтот за микрохранливи истражувања, е важен за енергетскиот метаболизам, или конвертирање на јаглени хидрати во енергија.


puter od kikirikiМинерали

Путерoт од кикирики ги содржи двата главни минерали, магнезиум и фосфор, и мало количество на манган кои се важни за развој и одржување на коските. Магнезиумот е важен за метаболизмот на енергијата, како и регулирањето на крвниот притисок.


Протеини и здрави маснотии

2 суп.лажици. путер од кикирики, обезбедува 8 g протеини.Путерот од кикиритки не содржи лош холестерол и не е засолен,а нуди само 5 mg натриум, како и 2 гр диететски влакна. Протеините се потребни да се изгради структурата на клетките на телото, ткивото, мускулите и други компоненти.

Поголемиот дел од маснотиите во путер од кикирики се мононезаситени масти. Според американската асоцијација за срце, мононезаситени масти помагаат во намалување на нивото на ЛДЛ или “лош” холестерол во крвта, каде се  намалува ризикот за развој на болести на срцето.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top