Ознака: заштита

pravobranitel

Бесплатна телефонска линија за пријавување на повреда на избирачките права

Post Views: 6 Во канцеларијата на Народниот правобранител во недела на 13 април на денот на одржување на првиот круг на изборите за претседател на Македонија, во периодот од 7 до 19 часот ќе функционира бесплатната телефонска линија 0800-54321 на која граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право. Отворени за граѓаните ќе бидат сите седум канцеларии на Народниот правобранител во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, за да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права. Покрај лично во канцелариите, како и на бесплатната...

Continue reading

nasilstvo

Не биди насилник

Post Views: 0 Расте бројот на жртвите на семејно насилство. Месечно од Струга за помош се јавуваат по 4 жртви на СОС линијата 15 700, додека пак многу поголем број на пријави на СОС линијата дури 480 се однесуваат за насилство на работното место и непочитување на човековите права, вели претседателот на „Езерка“, Драгица Павлеска Попеска. Таа додава дека од ден на ден расте бројот на жртвите кои се охрабруваат и зборуваат за насилството што го трпат и тоа најчесто жените и постари лица. „Имаме доста пријави на семејното насилство и граѓаните веруваат во невладиниот сектор. Но наше...

Continue reading

Предлог програма за заштита на луѓето од кучешки напади

Post Views: 3 Сe поголем е бројот на граѓани кои биле нападнати или каснати од куче, а има и такви кои фатално завршиле. Ова било причина Ефто Стојаноски-дресер на кучиња од Охрид да изготви Предлог програма за заштита на луѓето од кучешки напади која денес беше презентирана пред охриѓани. Пред две години тој издал и книга на оваа тема, но институциите останале глуви на проблемот кој е се поевидентен. Стојаноски вели дека има начини како да се спречи оваа појава, а при тоа да не бидат загрозени кучињата, а граѓаните да бидат заштитени. Причини за вакво агресивно однесување на кучињата...

Continue reading

куче

Охриѓанец подготви програма за заштита на луѓето од кучешки напади

Post Views: 4 Ефто Стојаноски, познат охридски дресер на кучиња, изработил програма за заштита на луѓето од кучешки напади . Програмата е сработена  пред неколку години, а деновиве нападот на кучиња врз луѓето е актуелна тема. За опасностите од напад на кучињата врз луѓе Стојаноски вели дека со години предупредува, а досега надлежните не покажале интерес да го слушнат знаењето на дресерите кои работат со кучиња. За таа цел изготвил многу предлози со кои ќе се заштитат и луѓето и кучињата. Точно напладне, во сабота, во општинската сала, Стојаноски организира јавна расправа. Поканети...

Continue reading

pazi kuce

Според новиот закон, кастрација или еутаназија за агресивните кучиња

Post Views: 19 Според новиот закон за заштита и благосостојба на животните ако куче нападне два пати, веднаш ќе биде усмртено, а сопственикот  ќе добие забрана да чува кучиња, пишува Дневник. Во случај кога куче ќе нападне човек или животно, се врши процена на околностите при нападот. Ако нападот не бил испровоциран или кучето е агресивно, а сопственикот сака да продолжи да го чува, тоа ќе биде кастрирано, а газдата ќе треба да посети обука. Ако кучето нападнало човек втор пат, тоа веднаш се одзема и се евтаназира, а сопственикот добива забрана за чување какви било кучиња во период...

Continue reading

Нема укинување на Законот за заштита од пушење

Post Views: 3 Нема укинување на Законот за заштита од пушење. Од еснафот на угостители од Охрид велат дека тие биле иницијатори на само некои измени на законот и додефинирање на работите, а не и негово целосно укинување. Пратеникот Томислав Тунтев кој беше предлагач на ова барање во Парламентот на РМ вели дека во овој момент не постои никаков нов предлог закон што го изготвила Владата ниту пак нов предлог што е во владина процедура, ниту пак некакви работни групи изготвиле некаков нацрт текст. Во овој момент во собраниска процедура е предлогот на седум пратеници за измени во законот...

Continue reading

privatnost

И за „тупење“ со реклами преку телефон, треба согласност

Post Views: 0 Согласно  Законот за заштита на личните податоци, личните податоци можат да се обработуваат единствено доколку постои законска основа или согласност од субјектот на личните податоци. Исто така, во согласност со Законот за заштита на личните податоци, обработката на личните податоци за цели на директен маркетинг е дозволена само по претходно добиена согласност од субјектот на личните податоци. Во таа смисла, согласноста треба да биде дадена од страна на субјектот на личните податоци, односно треба да му биде дадена можност да избере дали ќе ја даде или не својата согласност...

Continue reading

Квалитетно изработена урбанистичко-планска документација овозможува заштита и унапредување на животната средина

Post Views: 0 Квалитетно изработена урбанистичко-планска документација овозможува заштита и унапредување на животната средина, а пак уредувањето на просторот и неговото планирање во дослух со граѓаните креира пософистициран лик на Општината и овозможува нејзино просторно искористување, изјави на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник на ВМРОДПМНЕ и коалицијата „За подобар живот“ Др. Митко Тилевски. „Со цел да се прифатат и да бидат вградени барањата за бесправно изградени објекти, континуирано се изработува ДУП за сите населени места, доколку, како дел од постапката,...

Continue reading

pozarna

Пожарите ќе се гасат со стари возила

Post Views: 5 Откривање на сторителите на пожари, побара струшкиот командир на Противпожарната едница Урим Каба, на денешниот состанок на Советот за првенција и заштита во летниот период. Загрижува фактот што  од 298 пожари кои се случиле  лани  сите  се со oзнака  непознат сторител, нагласува командирот Каба. „Огромен број од кои ни еден н е е откриен. Апелирам до надлежните органи овие предизвикувачи на пожари да ги откријат бидејќи е невозможно ние да интервенираме на разни локации. Се соочуваме со застарен возен парк, лимитиран  број на вработени и не може да постигнеме на сите...

Continue reading

gradonacalnici

Ден на Охридското езеро

Post Views: 5 Одбележан Денот на Охридското езеро. Годинава домаќин општина Струга. Градоначалникот Рамиз Мерко, ја пофали десетгодишната соработка со двете соседни општини Охрид и Подградец, и посебно стави акцент на бенефитот од збратувањето. „Денеска ние се движиме на граница меѓу Македонија и Албанија со лични карти“-истакна Мерко. Изминативе 10 години постигнавме добра соработка, така и ќе продолжиме, нагласи градоначалникот на Подградец, од соседна Албанија, Артан Шкмби. „Имаме доста вложување во заедничка трговија и заеднички вложувања во заштита на Охридското езеро, значи...

Continue reading

Од денес стапува на сила новиот Закон за заштита на личните податоци

Post Views: 3 Од денеска стапува во сила новиот Закон за заштита на личните податоци, донесен во февруари годинава, кој беше со одложена примена за да им се даде можност на компаниите и институциите во земјата да се прилагодат на промените. Со примената на овој Закон се изврши усогласување со Општата регулатива за заштита на личните податоци 2016/679 на Европскиот парламент и на Советот од 27 април 2016 година за заштита на физички лица во поглед на обработката на лични податоци. -Имајќи ги предвид новите предизвици во однос на основните човекови права и слободи кои се појавуваат...

Continue reading

Дефиле по повод 5 јуни – Светскиот ден за заштита на животната средина

Post Views: 0 Во рамки на своите програмски активности, а по повод 5 јуни – Светскиот ден за заштита на животната средина, Црвен крст Охрид преку своите волонтери од програмата “Грижа за стари лица” ќе организира дефиле со едукативен карактер, низ улиците на Охрид, со цел подигнување на свеста и свртување на вниманието на јавноста кон бројните еколошки проблеми во светот и кај нас. Дефилето ќе започне на 5-ти јуни 2017 година, понеделник, во 11,00 часот од пред седиштето на Црвен крст Охрид, а поворката ќе се движи по тротоарите на улица Димитар Влахов, градскиот плоштад и ќе...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top