Post Views: 5
Министерството за образование и наука информира дека започна првото пријавување и запишување ученици во јавните средни училишта во Република Македонија, во рамки на првиот од вкупно двата предвидени рокови за упис во задолжително средно образование.
Пријавувањето ќе се спроведува и во текот на денешниот ден, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 30 јуни 2016 година. Квалификационото тестирање за училиштата каде ќе има пријавено поголем број на кандидати, ќе се организира на 1 јули, а резултатите ќе се објават на 2 јули.
Второто пријавување...
Post Views: 1
Центарот за јавно здравје од Охрид и годинава ќе биде на располагање за сите заинтересирани да го заштитат своето здравје спроведувајќи имунизација против сезонскиот грип.
Се очекува имунизацијата да започне во првата половина на месец ноември, со висококвалитетни четиривалентна вакцина. Со цел квалитетно спроведување на имунизацијата против сезонски грип годинава, центарот за јавно здравје ја нуди можноста сите заинтересирани за имунизација да се најават за вакцинирање со потребната доза вакцина против сезонски грип, со доставување на потребните податоци како, име,...
Post Views: 5
Охрид во духот на светските кулинарски и гастрономски тајни. Под мотото „Don’t Worry, Be Ohrid!” од вчера официјално започна Меѓународниот гастрономски натпревар – „Гастро Мак”.Триста мастер шефови и готвачи од триесетина земји ширумс ветот ќе разменуваат искуства и меѓусебно ќе ги запознаваат своите традиционални јадења. 90 лиценцирани судии од Светската асоцијација на здруженијата на шефови , гастрономски амбасадори и почесни гости ќе ги оценуваат зготвените специјалитети.
Годинешен претседател на судскиот тим е славниот хрватски готвач Стево Карапанџа. Тој во...
Post Views: 1
Општина Охрид со свечена седница го започна чествувањето на 11 Октомври – Денот на Народното востание. На свеченоста свое пригодно обраќање и честитка до присутните имаше градоначалникот Константин Георгиески.
„Овој ден е симбол на Македонскиот непокор и слободарскиот дух. Во очи на големиот празник, денес одбележуваме 78 години од четиригодишната народно – ослободителна борба на Македонскиот народ во Втората светска војна. Благодарение на пожртвуваноста на храбрите борци и на нивните идеали за слобода, денес, ние сме свои на своето. Наша определба и денес, е сигурно...
Post Views: 0
Во рамките на програмата за комунален развој, сообраќај и улици, денеска започна асфатирање на неколку тесни улички во Пештани.
Асфалитрањето ќе продолжи во селата Коњско, Елшани, Лескоец и населбата „Радојца Новичиќ“. За овие зафати ќе бидат потрошени 7.500.000,оо денари, средства обезбедени од Буџетот на општина Охрид.
Post Views: 8
Утрово, под силно полициско обезбедување, со комбиња на АД „Македонски пошти“ почна дистрибуцијата на гласачкиот материјал до избирачките комисии низ дражавата. Според најавите на Државната изборна комисија (ДИК) во текот на денот материјалот ќе биде доставен до сите 80 општински изборни комисии и Градот Скопје.
Станува збор за 4,5 милиони гласачки ливчиња и друг доверлив материјал.
Се е подготвено и денес ќе се дистрибуира цел материјал затоа што активностите ги почнавме во раните утрински часови со цел материјалот на време да пристигне во сите општини. Комбињата и...
Post Views: 3
Во согласност со законските процедури и Акцискиот план за постапување по препораките од последниот состанок на Комитетот за заштита на светското културно и природно наследство на УНЕСКО, Општина Охрид денес ја започна најавената акцијата за уривање на дивоизградени објекти на подрачјето на општината.
Според предвиденото, во акцијата за уривање, паралелно ќе бидат отстранувани дивоизградени објекти кои што се во тек на израдба и оние дивоградби кои се опфатени со регистарот на дивоизгредени објекти, кои се изградени во периодот од 2006-та до 2019-та година.На почетокот,...
Post Views: 6
Рамазан (тур. Ramazan од арап. رمضان, Рамадан) е исламски празник кој трае во текот на целиот деветти месец од исламскиот календар.
Се верува дека во текот на тој месец светата книга — Куранот му бил откриен на Архангелот Гаврил, кој потоа му го пренел на пророкот Мухамед. Рамазан е време на пост, молитва, солидарност и милосрдие, во кој муслиманските верници целодневно се воздржуваат од конзумирање храна, цигари, алкохол, но и од лоши мисли, идеи и дела.
Постот почнува со изгрејсонце (суфур) и трае до зајдисонце (ифтар). Јадење и пиење се дозволени во текот на ноќта....
Post Views: 0
Од 2 до 6 септември во Трпејца се одржува второто издание на Меѓународната уметничка колонија „Трпејца 2019“, во организација на Здружението „За Трпејца со љубов“.
Заедно со домаќините – уметниците Ѓоко Симјаноски и Свето Стефановски веќе три дена творат и Дражен Конатар од Бјело Поље, Црна Гора, Јовица Костиќ и Владисав Богичевиќ од Ниш, Србија и Петрит Лараку од Поградец, Албанија.
Колонија има и едукативен карактер. Утре уметниците ќе творат заедно со учениците од подрачното училиште „Св. Наум Охридски“во Трпејца.
Покровител на колонијата годинава е Општина Охрид....
Post Views: 0
Во охридските училишта започна новата учебна година. Најавениот штрајк од страна на СОНК не се реализира, па новите првачиња во охридските основни училишта беа пречекани од нивните учителки. Во школскиот двор и ходниците на основното училиште „Христо Узунов“ утринава можеше да се забележи раздвиженост. Учениците дојдоа на првиот училиштен ден и веќе ги зедоа учебниците за претстојната учебна година.Учебната година во „Христо Узунов“ започна со предвидената динамика. Првачињата дојдоа на време, за нив имавме и свечена приредба, а и останатите ученици го одржаа првиот...
Post Views: 5
Општина Охрид започна со подготовка на планот за одржлива урбана мобилност, наречен ПОУМ. Во овој паметен вид на планирање, за разлика од традиционалниот пристап на планирање посебен акцент се става на активното вклучување на граѓаните од самиот почеток на процесот.
Овие активности се преземаат со цел да се оптимизира ефикасноста на сообраќајот, да се подобри мобилноста на пешаците и велосипедистите, да се промовира значењето на е-мобилноста во насока на намалување на емисиите на CO2, да се растовари сообраќајот во централно градско подрачје, да се зголеми нивото на...
Post Views: 4
Олимпискиот оган беше запален денес во Античка Олимпија во Грција, по што факелот го започна долгото патување до Сочи каде на 7. февруари ќе бидат отворени зимските Олимписки игри.
Актери во костими од Античка Грција учествуваа во специјалната церемонија на палење на огнот, кој за прв пат во историјата ќе биде пренесен и во вселената.
Гости на настанот беа новиот претседател на Меѓународниот олимписки комитет Томас Бах, како и шефот на организацијата на Игрите во Сочи Дмитриј Чернишенко. Првиот носител на огнот беше 18-годишниот грчки скијач Јоанис Антониу. Тој го предаде...