Започна пријавувањето за имунизација од сезонски грип во Охрид

Центарот за јавно здравје од Охрид и годинава ќе биде на располагање за сите заинтересирани да го заштитат своето здравје спроведувајќи имунизација против сезонскиот грип.

 |   | 

Центарот за јавно здравје од Охрид и годинава ќе биде на располагање за сите заинтересирани да го заштитат своето здравје спроведувајќи имунизација против сезонскиот грип.

Се очекува имунизацијата да започне во првата половина на месец ноември, со висококвалитетни четиривалентна вакцина. Со цел квалитетно спроведување на имунизацијата против сезонски грип годинава, центарот за јавно здравје ја нуди можноста сите заинтересирани за имунизација да се најават за вакцинирање со потребната доза вакцина против сезонски грип, со доставување на потребните податоци како, име, презиме, датум на раќање, возраст, адреса на живеење и контакт телефон на следните начини:

-со јавување на телефонските бореви на ЦЈЗ Охрид 046231030, 070723029
-на mikroohrid@gmail.com е маил адресата
-лично во прсторитте на центарот на адреса ул. „Сирма Војвода“ бб, секој работен ден од 8-14 часот.

Исто така и оваа година центарот ќе спроведе имунизација во домашни услови за лица кои не се во можност да дојдат во амбулантите на центарот, лица постари од 65 години, лица со телесен инвалидитет и сл.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top