Започна првото пријавување и запишување ученици во јавните средни училишта

Министерството за образование и наука информира дека започна првото пријавување и запишување ученици во јавните средни училишта во Република Македонија, во рамки на првиот од вкупно двата предвидени рокови за упис во задолжително средно образование.

 |   | 

Министерството за образование и наука информира дека започна првото пријавување и запишување ученици во јавните средни училишта во Република Македонија, во рамки на првиот од вкупно двата предвидени рокови за упис во задолжително средно образование.

Пријавувањето ќе се спроведува и во текот на денешниот ден, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 30 јуни 2016 година. Квалификационото тестирање за училиштата каде ќе има пријавено поголем број на кандидати, ќе се организира на 1 јули, а резултатите ќе се објават на 2 јули.

Второто пријавување од јунскиот уписен рок и запишување на учениците ќе се врши на 4 јули, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 6 јули.

Пријавувањето и запишувањето на учениците во августовскиот рок се врши на 24 август, а резултатите од запишувањето на учениците и слободните места ќе се објават на 25 август.

Училиштата кои во двата уписни рока не ги пополниле утврдените ученички места за запишување согласно конкурсот, продолжуваат со запишување на учениците до 31 август 2016 година.

Инаку, конкурсот за упис во јавните средни училишта во учебната 2016/2017 година, обезбеди вкупно 35 297 ученички места и тоа 24 583 на македонски наставен јазик, 9 728 на албански наставен јазик, 952 на турски наставен јазик, 34 на српски наставен јазик, во сите јавни средни училишта во Република Македонија.

По однос на видот на образование, 23 632 места за наменети за стручно образование, 10 985 за гимназиско образование, 476 уметничко образование и 206 за Спортска академија.

Бројот на поени за запишување во средно училиште е следен: за гимназиско образование 60 поени, за здравствена струка 70 поени, за економско, правна и трговска струка 60 поени, за сообраќајна струка (за образовниот профил техничар за патен сообраќај 55 поени и за образовниот профил техничар за транспорт и шпедиција 60 поени) и за образовниот профил техничар за очна оптика од струката лични услуги 60 поени, за електротехничка струка и тоа: за електротехничар за компјутерска техника и автоматика 55 поени, за електротехничар за електроника и телекомуникации 50 поени, а за останатите образовни профили 45 поени. За образовните профили во тригодишно траење бројот на поени изнесува 30 поени за сите профили.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top