Ознака: Завод

Започна чистењето на потегот Хидробиолошки завод-Св.Наум

Post Views: 3 Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ започнаа широко-опфатна акција за чистење на расфрлан комунален отпад на потегот од Хидробиолошки Завод до Свети Наум. Покрај тоа што се расчистуваат површините покрај коловозните ленти од магистралниот пат, се расчистуваат и површините во населените места на овој потег: Рача, Свети Стефан, Лагадин па се` до Свети Наум. Големи количини тешко разградлив отпад (пластична и картонска амбалажа, лименки, најлон кеси се подигнати околу паркинг-просторот кај Горица 3, околу дискотеката Горица 1 и во нас.Свети Стефан. За жал повторно на површина...

Continue reading

logo

МТСП: Повик за користење на бесплатна рекреација и рехабилитација на деца со пречки во развојот

Post Views: 1 Министерство за труд и социјална политика ги повикува сите заинтересирани лица, кои имаат  деца кои се со пречки во  телесниот развој  на возраст од 6-26 години и се корисници на правото на посебен додаток, да се пријават за користење на бесплатна услуга за рекреација и рехабилитација на деца со пречки во развојот во ЈУ Завод за заштита и рехабилитација „Бања Банско“-Струмица. Oваа услуга може да ја користат деца со церебрална парализа и децата кои имаат пречки во телесниот развој или  комбинирани пречки (со примарен телесен инвалидитет), на возраст од 6 до 26 години...

Continue reading

tabela

Колку ѓубре прават македонците?

Post Views: 1 Вкупното количество создаден комунален отпад во Република Македонија во 2013 година изнесува 792.785 тони, а годишното количество создаден комунален отпад по жител изнесува 384 килограми, што е за 0,6 отсто повеќе од истото количество во 2012 година, соопшти Државниот завод за статистика. Оттаму информираа дека вкупното количество собран комунален отпад во Македонија во 2013 година изнесува 554.938 тони. Споредено со 2012 година, вкупното количество собран комунален отпад во 2013 година бележи намалување од 0,1 отсто. Од вкупното количество собран комунален отпад, 439.571...

Continue reading

„Кардиолошкиот Завод“ обоен во црвено

Post Views: 6 Заводот за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања – Охрид, по повод Светскиот ден на срцето, што годинава се одбележува под мотото “МОЕТО СРЦЕ… ТВОЕТО СРЦЕ…”, синоќа беше осветлен во црвено.  На овој начин медицинскиот тим на установата испрати порака за подигање на свеста за подобра грижа за здравјето на срцето, дотолку повеќе што кардиоваскуларните заболувања и натаму се причина број еден за смртност кај нас и во светот. „ Светската Здравствена Организација годинава излезе со број од 17,5 милиони смртни случаи кои настанале како...

Continue reading

Celebi

Џамијата Мустафа Челеби во Струга ќе добие нов сјај

Post Views: 1 Џамијата Мустафа Челеби во Струга ќе добие нов сјај. Националната установа „Завод за заштита на спомениците на културата и музеј“ од Охрид, до крајот на оваа година ќе ја изврши конзервацијата и реставрацијата на овој верски објект кој во текот на минатата година беше делумно срушен. Проектот за нејзината реставрација, Завод и музеј ќе го реализира со помош на турската агенција за соработка и координација-ТИКА. Директорката на Завод и музеј, Тања Паскали-Бунташеска, вели дека до 10 Март, проектите за конзервацијата би требало да бидат завршени. „Интензивно се работи...

Continue reading

ucilnica

Се намалува бројот на основците

Post Views: 4 За повеќе од 2 проценти намален бројот на учениците во основните училишта за оваа учебна година, информираат од Државниот завод за статистика. На почетокот на учебната 2013/2014 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесуваше 191 051.Ова претставува намалување за 2.2% во однос на претходната учебна година. Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на учениците во редовните средни училишта, на почетокот на учебната 2013/2014 година, изнесува 86 418 што претставува намалување за 3.9% во однос на претходната учебна година. {loadposition...

Continue reading

Кривична пријава за поранешната директорка на Завод и Музеј, Охрид

Post Views: 2 Поради голема финансиска штета на буџетот на Р.Македонија, Министерството за култура поднесе кривична пријава против поранешната директорка на Завод и музеј Охрид. Министерот за култура Роберт Алаѓозоски кој денес беше во посета на охридските институции за култура, открива дека од остварените разговори со раководителите, најгорливо прашање било блокираната сметка на Завод и музеј Охрид, настанато поради непостапување по судски спор во случајот за потпорните ѕидови до музејскиот комплекс Куќата на Робевци меѓу установата и еден од соседите. „Станува збор за еден обемен...

Continue reading

Враќањето на поранешниот градоначалник Бакрачески на работа во Кардиолошкиот Завод ја разбранува охридската јавнос

Post Views: 0 Екс градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески се врати на работа во Кардиолошкиот завод „Св. Стефан“ каде и претходно работеше. Поранешниот директор на оваа здравствена установа по завршувањето на градоначалничкиот мандат од актуелната директорка Гордана Донеска е поставен за раководител на одделението за срцеви артмии. Оваа информација дел од медиумите ја пренесоа како деградирање на Бакрачески на ниво на медицинска сестра затоа што на тоа одделение се вршеле кардиолошки прегледи. Дел од граѓаните оваа информација ја примија како реваншизам и загуба за здравството...

Continue reading

kuka struga

Дали Струга се менува?

Post Views: 41 Како Струга, нема друга, но се чини како да станува друга, реагираат стружани. Пет општински куќи во старото градско јадро, деновиве на лицитација. Општината веќе три од нив продала. Стружани реагираат, бараат Завод и Музеј на Охрид да поведе малку грижа и за културното наследство на Струга, бидејќи малку куќи останаа да зборуваат за минатото. Првиот човек на Завод и Музеј, Тања Паскали Бунташеска, вели дека не држат коментарите на стружани оти во општината ништо не се прави за заштита на културното наследство. Признава дека неколку стари објекти го изгубиле статусот...

Continue reading

Охридскиот завод и музеј ги прави завршните подготовки за учество на „Форум на словенските култури“ во Блед

Post Views: 6 Се прават завршните подготовки за учество на НУ “Завод за заштита на спомениците и музеј – Охрид“ на Форумот на словенските култури во Блед. Во видео презентација ќе биде прикажан дел од огромното културно наследство кое го има Охрид, а во кој ќе бидат претставени Куќата на Робевци, на Христо Узунов и Григор Прличев, како и Галеријата на икони, Самоиловата тврдина, ранохристијанските базилики, Музејот на вода, набројува кустосот Милчо Георгиески. „Сега сме во фаза на подготовка на видео материјалот за да ја претставиме институцијата и нашата работа. Тешко е од...

Continue reading

Охридскиот Завод и музеј Денот на музеите ќе го одбележи со изложба во реновирана галерија

Post Views: 6 Завод и музеј ќе го одбележи денот на музеите со традиционална изложба. По 27 пат ќе бидат изложени современи уметнички дела на уметници од земјава и странство кои оставиле свои дела во музејската збирка, напоменува музејскиот кустос Сашо Блажески. „Претежно станува збор за македонски уметници, млади творци. Има професионалци и од декоративната уметност, накит.Застапени се сите техники , масло на платно , скулптура“, информира Блажески. Со оваа изложба започнува и изложбениот период од Програмата за активности на Завод и Музеј. Во периодот од мај до октомври се планирани...

Continue reading

Од Хидробиолошки завод повикуваат да се намали испустот на реката Црн Дрим кај Струга

Post Views: 2 Од Хидробиолошки повикуваат да се намали испустот на реката Црн Дрим кај Струга. Веднаш да се намали испустот на реката Црн Дрим  кај Струга, го повикуваат Елем од Јавната научна Установа  Хидробилошки завод Охрид. Минатата недела упатиле официјално барање до Елем во кое укажуваат на последиците од намалувањето на водостојот во езерото.  Во моментов состојбата со нивото на водата во Охридското езеро е алармантна и загрижувачка, посочуваат од таму. Директорот  на установата, д-р Елизабета  Велјаноска Сарафилоска , вели драстично намаленото ниво на водата може да биде...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top