„Кардиолошкиот Завод“ обоен во црвено

Заводот за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања – Охрид, по повод Светскиот ден на срцето, што годинава се одбележува под мотото “МОЕТО СРЦЕ… ТВОЕТО СРЦЕ…”, синоќа беше осветлен во црвено. 

 |   | 

Заводот за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања – Охрид, по повод Светскиот ден на срцето, што годинава се одбележува под мотото “МОЕТО СРЦЕ… ТВОЕТО СРЦЕ…”, синоќа беше осветлен во црвено.  На овој начин медицинскиот тим на установата испрати порака за подигање на свеста за подобра грижа за здравјето на срцето, дотолку повеќе што кардиоваскуларните заболувања и натаму се причина број еден за смртност кај нас и во светот.

„ Светската Здравствена Организација годинава излезе со број од 17,5 милиони смртни случаи кои настанале како последица на кардиоваскуларни заболувања, тоа е навистина алармантно и потребно е сите да се вклучиме во намалување на оваа бројка, а ние тоа го можеме. Оваа година мотото на светскиот ден на срцето е „Моето срце, Твоето срце“ како единствена порака упатена кон секоај индивидуа, кон семејството, кон здравствените работници, фармацефтските куќи, државните институции со една заедничка цел вклучување во активности кои ќе допринесат во менување на животниот стил, во превенција и здавје на срцето.“ – рече Елена Коваческа Башуроска, директорка на болницата.

Лекарскиот тим во заводот ги следи светските трендови во кардиоваскуларната медицина и ги воведува новите методи, постапки и процедури тука кај нас. Но примарната превенција на основните ризик фактори кои доведуваат срцеви заболувања е основна во грижата за здравјето на срцето поради што Заводот врши континуирана едукација на пациентите и на општата популација. Сите активности и животни навики кои помагаат во справување со високиот артериски притисок, дијабетесот, покачените маснотии во крвта, редуцирање на стресот се значајни за спречување или намалување на можноста за заболување на срцето.


„  Тука секако спаѓа физичката активност која ние како установа, единствена во Македонија, се занимава со кинези тераписки програм на пациенти кои оболуваат од кардиоваскуларни заболувања и која што е единствена установа која што врши континуирана едукација не само на пациентите туку и на општа популација во делот на примарната превенција. Секако дека советуваме физичка активност, било каква да е. Доколку се работи за општа популација препорачуваме пешачење по рамен терен, возење велосипед,  пливање за кое што имаме можности тука во Охрид да советуваме пливање и  било која друга физичка активност која е особено значајна за редукција на ризик факторите “ – рече Никола Бакрачески, раководител на оддел за интервентна кардиологија.

Лекарскиот тим на пациентите во текот на оваа недела ќе им дели брошури и стручни совети кои се однесуваат на сите аспекти на превенција на срцевите заболувања. Активностите по повод „Светскиот ден на срцето“ ќе завршат со хуманитарен настан од кој средствата ќе се наменат за деца со здравствени проблеми од семејства кои се под социјален ризик. Кампањата „ Кардиолошкиот Завод “ Охрид, ја реализира во соработка со „Алкалоид“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top