Ознака: животот

plaza makoteks

Дел од плажа во Лагадин причина за кавга

Post Views: 7 Простор на плажа во Лагадин од 300 метри квадратни причина за сериозна кавга помеѓу двајца корисници. Од 19 -ти април, кога Комисијата од Министерството за транспорт и врски ја постави границата меѓу соседните плажи на хотел Макотекс во Лагадин и соседниот корисник, почнале да пристигнуваат првите закани по животот за вработените од Макотекс, раскажува Климе Тренески. Соседниот концесионер на просторот од плажата поставил маси и столици и го узурпирал просторот кој со договор од ресорното минитерството е доделено на користење на хотел Макотекс, тврди  Тренески. Овој...

Continue reading

humanitarni paketi

Хуманитарни пакети за најзагрозените

Post Views: 2 Сашо Точко, му го честита кумството на Чифлиганец и му се заблагодари за неговото учество во хуманиот гест, вклучувајќи се во оваа акција. Точко вели дека изборот на 50 социјално најзагрозени семејства е направен според нивна селекција, скенирајќи ја состојбата на сите кои се пријавуваат. Тој се надева дека на овие семејства до година состојбата ќе им се подобри и ќе можат сами да допринесат за подобар живот, а со тоа и за подобра егзистенција. Воедно, Точко ги покани сите присутни, утре да бидат дел од атмосферата за фрлањето на крстот во водите на Охридското Езеро....

Continue reading

paketcinja

Новогодишна радост за децата од дневниот центар во црквата Св. Ѓорѓија

Post Views: 2 Радост за дечињата со посебни потреби од детскиот центар во црквата Св. Ѓорѓија. Охридскиот градоначалник и советниците им поделија, новогодишни пакетчиња на овие дечиња, со надеж дека ќе измамат насмевки на нивните лица барем за миг. „Времињава се многу тешки, секако дека на секого му е потребна помош, меѓутоа најпотребна помошта им е најранливите групи, а тоа се овие деца. Ние посотојано од самиот почеток гледаме да вложуваме во образованието и за оваа ранлива група на деца. Во услови кога во македонија скоро секаде се затвораа целодневните настави, ние успеавме не...

Continue reading

penzioneri

Вратата на Месниот огранок од Горна Влашка маала е отворена за сите пензионери

Post Views: 10 Месниот огранок на  Здружението на пензионери од Горна Влашка маала е еден од поактивните во Охрид. Иако формиран на почетокот од оваа година пенизонерите од овој реон имаат донесено програма со многу активности. Неодамна пензионерите одржаа средба на која беа присутни и пензионери од соседните месни ограноци од Видобишта и Васил Главинов. Присутни беа над 130 пензионери кои беа запознаети со нашите планирани активности за да се подобри животот на  пензионерите, вели претседателот на Месниот огранок Горна Влашка Маала, Димче Стојкоски. „Се обидуваме на изнемоштените...

Continue reading

brod ilinden

Потресна исповед на двајца преживеани од несреќата на бродот „Илинден“

Post Views: 8 Денес пред охридскиот суд сведочеа двајца од петнаесетте најавени сведоци. Стојанка Георгиевска и Марија Павлова,  и двете ја преживеале бродската несреќа, но во неа загубиле некој од најблиските. И двете бугарски државјанки со идентични искази. Пред судот изјавија дека пред испловувањето, никој не ги прифатил, ниту им укажал каде да седнат. Ниту една од нив не знаела да плива. А, не им било ни покажано каде во бродот се наоѓаат појасите за спасување. Од кобната судбина, која го снашла нејзиниот сопруг, Павлова, ја спасил самиот капетан Филевски. И покрај ова, таа пред...

Continue reading

SVR

Самоубиство во село Tребеништа

Post Views: 6 Утринава околу 04.00 часот (18) Н.Д. се самоубил зад семејната куќа со пушката која легално ја поседувал неговиот татко. Предходно несреќното момче имало сообраќајка со своето возило на стариот пат Волино-Мешеишта. Удрило во дрво, по што го оштетило возилото, но некако успеало да дојде до својот дом. Најверојатно, во момент на силен емотивен стрес момчето се одлучило да си го одземе животот. Полицијата, истражен судија и патолог извршиле увид на местото на трагедијата. патологот не констатирал траги на насилство врз телото на починатиот.    {loadposition content9}

Continue reading

sudnica

Одложено првото рочиште за потонувањето на бродот „Илинден“

Post Views: 6 Главниот судски претрес што се води против Сотир Филевски и претставникот на реномираната германска компанија „Лојд“, Бранко Бајиќ, одложен. Судијката на овој спор Милка Танеска, истиот го презакажа за 18 јануари 2011 година. Главна причина поради што денес во Основниот суд во Охрид не се одржа главниот претрес, беше неприсуството на второ обвинетиот Бајиќ, иако уредно бил поканет по диломатски пат, рече Танеска. Бранителите на обвинетиот категорични во својот став дека нема вина кај Филевски. „Вина има некој но не и обвинетиот“, рече бранителот Саво Коцаре, и додаде...

Continue reading

Sv Naum Ohridski Cudotvorec

11 века од смртта на светецот кој од својата душа направи олтар за Господа

Post Views: 14 Искрена благодарност за животот и делото на една од најзначајните фигури во христијанскиот свет, Св. Наум Охридски Чудотворец. Денес во Охрид во организација на Дебарско-кичевската епархија и Македонската православна црква, се одржа Меѓународен симпозиум по повод 1.100-годишнината од смртта на Свети Наум Охридски Чудотворец. Поглаварот на МПЦ, Г-дин,Г-дин Стефан истакна дека од временска дистанца на 11 векови, сеуште тешко е да се издвои само едно нешто од животот на една ваква комплексна личност, чиј живот и творештво се вистинско богатство за една земја. Поглаварот...

Continue reading

defekt struja

Внимателно со струјата

Post Views: 6 „Голем напон на струја ни ги изгоре електричните апарати“. Денес на ова се пожалија дел од жителите на ул. „Васил Стефоски“ населба Воска. Во близина на крајбрежниот дел на овој опфат, некаде на 100 метри површина, пред 7 дена во моментот кога екипи на ЕВН изведувале зафат одеднаш во куќите се слушнало гласно пукање. Во истиот момент неприклучените електрични апарати светнале и прегореле, а дел од неонките се топеле, во паника кажуваа жителите сведоци на оваа појава. Не останало ништо од нивните фрижидери, телевизори, компјутери, ресивери и друго освен празни неупотребливи...

Continue reading

Животот на Власите на Балканот на почетокот на 20 век прикажан преку фотографии

Post Views: 20 Со изложбата се прикажани разни региони на Балканот кој го прикажуваат животот на Власите, нивната  носија, социјално- економската  положба и улога на почетокот од 20 век истакнува претседателот на влашкото здружение „Луњина“ од Охрид, Драган Коровеш. „Сметаме дека Власите како автохтоно население преставуваат мост на Балканот кои ќе придонесат за негово поврзување.Тие преставуваат врзно ткиво кое Балканот ќе го поврзат на регинално ниво, па и Европа. Изложбата на фотографии е под покровителство на општина Струга, а на отварањето беше присутен и струшкиот градоначалник...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top