11 века од смртта на светецот кој од својата душа направи олтар за Господа

Искрена благодарност за животот и делото на една од најзначајните фигури во христијанскиот свет, Св. Наум Охридски Чудотворец. Денес во Охрид во организација на Дебарско-кичевската епархија и Македонската православна црква, се одржа Меѓународен симпозиум по повод 1.100-годишнината од смртта на Свети Наум Охридски Чудотворец.

 |  Крсте Голабовски  | 
Sv Naum Ohridski Cudotvorec
Св Наум Охридски Чудотворец

simpoziumИскрена благодарност за животот и делото на една од најзначајните фигури во христијанскиот свет, Св. Наум Охридски Чудотворец. Денес во Охрид во организација на Дебарско-кичевската епархија и Македонската православна црква, се одржа Меѓународен симпозиум по повод 1.100-годишнината од смртта на Свети Наум Охридски Чудотворец.

Поглаварот на МПЦ, Г-дин,Г-дин Стефан истакна дека од временска дистанца на 11 векови, сеуште тешко е да се издвои само едно нешто од животот на една ваква комплексна личност, чиј живот и творештво се вистинско богатство за една земја.

Поглаварот Стефан потенцира дека се што Св. Наум работел, го правел заради љубов кон Бога. Бил голем мисионер, учител,просветител, светител, монах, чудотворец. Претседателот на собранието на РМ, Трајко Вељаноски истакна дека  годинава низ најразлични манифестации и научни собири се одбележуваат 1100 години од упокојувањето на Св. Наум чудотворец и додаде дека и покрај големата науна литература која ја поседуваме, а се однесува на овој светец, сеуште има што да се истражува.

simpoziumЗа животот и делото на Св.Наум говореше и охридскиот градоначалник Александар Петрески, кој кажа дека станува збор за еден од најистакнатите ученици на словенските просветители Кирил и Методиј, учесник во нивната Моравска мисија. Бил учител, писател и меѓу основоположниците на словенската и македонска, писменост и просвета, основач на манастирот Св. Архангел кај Охрид, кој денес во негова чест е именуван манастир Св. Наум.

Св. Наум Охридски – чудотворец бил меѓу основачите и учител во Преславската книжевна школа, успешно ја продолжил дејноста на свети Климент во Охридската книжевна школа и се занимавал и со литература. Починал на 23 декември 910 во манастирот што го изградил на брегот на Охридското Езеро.По повод 1.100 години од упокојувањето на Свети Наум Охридски – Чудотворец во катедралната црква „Света Софија“ во Охрид беше отворена изложбата на икони посветена на светителот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top