Ознака: евра

evra

Охриѓанец затајувал данок од над 29.000 евра

Post Views: 1 Охриѓанец сопственик на фирма, водел фиктивно сметководство, не поднесувал даночни пријави, против правно подигал средства од банки со што го оштетил буџетот од 28.215 евра, информираат од МВР. Имено, С.Д. (44) од Охрид во текот на 2009 и 2010 изиграл неколку доверители, при што наместо да ги подмири обврските во износ од 42.680 евра, тој парите ги подигал од жиро сметка и фиктивно ги евидентирал како материјални трошоци во износ од 58.788 евра во 2009 и 53.899 евра во 2010 година. Во текот на 2009 година, пријавениот  во книговодството употребил невистинита  фактура...

Continue reading

sobi

Изгор глоби на лице место, за нелегалните станоиздаватели

Post Views: 1 Популарните локации на уличните станоиздавачи актуелни и годинава. Тие не избираат начин на пристап до моторните возила кои не се со охридска регистрација. Не ретко се случува мобилните станоиздавачи своите туристички капацитети на гостите да им ги нудат на сред улица или додека чекаат семафор, притоа не водејќи сметка на елементарната култура. На ваков начин и самите тие  се изложуваат на опасност загрозувајќи ја сопствената безбедност и животот. Поради тоа деновиве засилен е инспекцискиот надзор во соработка со охридската полиција. Раководителот Танас Танасоски вели...

Continue reading

NP Galicica

Од утре на Галичица или со одобрение или со 3000 евра в џеб

Post Views: 1 Од утре секој кој ќе сака да се движи во границите на паркот ќе мора да добие соодветно одобрение од дирекцијата на Националниот парк „Галичица“ за престој или посета на паркот. Ренџерите од НП „Галичица“ ќе ги контролираат сите посетители. Стигна забраната  охриѓани и гостите да не смеат да палат скари,  стрништа и плевел во излетничките места кои влегуваат во националниот парк и во шумите. Од денес строго ќе се контролира секое движење на посетителите во шумите и парковите стои во најновата делумна забрана како превенција од летните шумски пожари. Кон оваа забрана...

Continue reading

skuter

Скутерите ќе одмораат до 18 часот

Post Views: 0 Од 20 јули до 20 август стапува на сила ограничувањето на пловидбата на пловните објекти на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро. Забраната се однесува на пловните објекти „скутери“ кои се со јачина поголема од 45 kW кои можат да пренесуваат максимум 3 лица. Ограничувањето важи за периодот од 11.00 до 18.00 часот секој ден и важи за целата водена површина на Охридското, Дојранското и Преспанското Езеро. Оваа одлука е донесена за заштита на граѓаните и сите домашни и странски посетители на езерата, односно поголема безбедност на капачите и заштита на животната...

Continue reading

temeli za spomenik

Споменикот на Св.Наум ќе го оформи светиот триаголник на плоштадот

Post Views: 3 Светиот триаголник конечно ќе се оформи. Споменикот на Свети Наум кој треба да го комплетира посакуваниот изглед на плоштадот денес ги доби своите темели. Градоначалникот Петрески и градските советници засукаа ракави и учествуваа во поставувањето на темелите на овој грандиозен споменик. Вредноста на споменикот изнесува 160 000 евра-вели градоначалникот Петрески. Свети Кирил и Методиј, Свети Климент Охридски и Свети Наум. Ова се трите споменици кои го формираат таканаречениот „свет триаголник.“ За да се комплетира оваа замисла единствено недостигаше споменикот на Свети...

Continue reading

tomograf

Охидската општа болница се поднови

Post Views: 6 Сериозно внимание за здравството, приоритет на Владата на ВМРО – ДПМНЕ. Охидската општа болница се поднови Денес свечено пуштен во употреба компјутерски томограф во вредност од 800 000 евра, во кои учествуваше и болницата со средства во вредност од 30 000 евра. Црвената лента по повод пуштањето во употреба на томографот, ја пресече носителот на листата на 5 тата изборна единица Антониот Милошоски, во присуство на докторската фела од речеиси сите здравствени установи во градот. Целиот регион вклучувајќи ги и пациентите од Албанија, отсега ќе имаат можност да ги почуствуваат...

Continue reading

Aleksandar Petreski

Кривична пријава за Љубен Буџакоски

Post Views: 1 Пријавата ја поднесе градоначалникот на Охрид, Александар Петрески бидејќи според него, настаните околу водата во Лескоец, се политизираат. Петрески смета дека проблемот со водата во Лескоец е одамна надминат и зачуден е кому му одговара белото да го претставува како црно и обратно. Петрески не попушта. Тој смета дека водата што ја користат мештаните мора да се плати и притоа потенцира дека постапката за приклучок од стар кон нов водоводен систем е секаде иста и за град и за село, поточно секој треба да ги запази законски пропишаните нормативи. Петрески рече дека како...

Continue reading

VMRO-DPMNE, Shokaroski

Здравство по терк на модерниот свет

Post Views: 6 Бесплатно болничко лекување за над 100. 000 пензионери, лекување во странство за само 200 евра, аптеки на тркала во руралните средини, се само дел од мега проектите за наредните 4 години, во здравството. „Работиме за да создадеме здравствен систем, од кој благодет ќе имаат сите здравствени корисници“. Харалампие Шокароски, кандидатот за пратеник на ВМРО – ДПМНЕ, на долго и широко ги кажа сите предности, приоритети и идни вложувања на Владата на Груевски, во делот на здравството. Тој рече дека никако не смее да се заборават големите инвестиции во здравството кои ги овозможи...

Continue reading

vmro-dpmne

ОК на ВМРО ДПМНЕ со нови обвинувања кон Петрески

Post Views: 1 „Александар Петрески и СДСМ го прокоцкаа Охрид за свои интереси.  Имаа ретка прилика да бидат големи за Охрид, но и како и се досега ја промашија поради лични интереси“ итакна претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Атанаско Михаилов на денешната пресс конференција. Претседателот на Охридската ВМРО ДПМНЕ во продолжение на своето излагање уште додаде дека сега Петрески и неговата матична партија  панично се обидуваат да се извадат за прокоцканата прилика со некакви списоци на дела што наводно ќе ги направеле за Охрид. Михаилов јавно запраша зошто досега со веќе над 50 милиони...

Continue reading

Gorica

Земјиштето кај „Горица“, златна кокошка за општината

Post Views: 1 Општина Охрид ги доби првите пари од продажбата на земјиштето кај Горица. На сметката од општината  веќе се легнати се околу милион евра, бидејќи износот на целата парцела е нешто повеќе од еден милион евра. Портпаролот на Општината Симон Илиевски информира, дека 80% од износот на уплатените средства кои според Законот за градежно земјиште треба да ги добие општината, се веќе на нејзината сметка. Парцелата е со површина од 15.878 метри квадратни, површината за градење изнесува 6.667, а нејзината максималната бруто развиена површина изнесува 29.343 метри квадратни. Понудата...

Continue reading

emo

Охридски „ЕМО„ зеде кредит од 5,1 милиони евра

Post Views: 5 Загубарот „ЕМО“ од Охрид и „Комерцијална Банка“ АД Скопје склучија договор за рамковен револвинг кредит лимит во износ 5,1 милиони евра за потребите од тековно финансирање на започнатите проекти, за издавање на гаранции, акредитиви итн. Врз основа на овој договор се воспостави и заложно право-хипотека од прв и втор ред врз објектите на „ЕМО“. Охридскиот загубар „ЕМО“ според неревидираниот финансиски извештај за 2010 година објави нето загуба од 234 милиони денари, додека загубата во 2009 година изнесуваше 337 милиони денари. Неодамна компанијата која со години работи...

Continue reading

zvezdi

Бледнеат ѕвездите на сместувачките капацитети

Post Views: 1 На Охридското крајбрежје се нудат сместувачки капацитети од најразлични  категории. Во податоците со кои располага секторот за туризам и локален економски развој се евидентирани 1833  објекти за приватно сместување од мал обем.  Според категоризацијата на објектите, се нудат апартмани  со висок комфор, но и просечни соби. Апартманите со 4 ѕвезди, најмногу ги има 107  во старото градско јадро и 41 во Лагадин. Веднаш потоа доѓаат високо комфорните апартмани во Рача, 10, и само 6 во Пештани. Од понудените објекти, сепак на крајбрежјето  најмногу се нудат  соби со една...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top