Ознака: евра

Црн Дрим Струга

Пуштени во оптек фалсификувани евра во Струга

Post Views: 9 На 24-ти септември 2021 година, во Полициската станица во Струга било пријавено дека во три спортски обложувалници во Струга биле пуштени во оптек фалсификувани евра. Според пријавеното, во трите обложувалници, во периодот од 21:00 до 21:30 часот влегле по три лица и од вработени размениле фалсификувани банкноти од по 100 евра. Банкнотите биле подигнати за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случаите – информираат од МВР.

Continue reading

Компанијата „DM“ донираше 50 инфузиони пумпи во вредност од 53.000 евра

Post Views: 4 Компанијата „DM“ донираше 50 инфузиони пумпи во вкупна вредност од речиси 4 милиони денари во Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје. Со оваа донација компанијата има за цел да придонесе во борбата против корона вирусот, но и да ја подобри опремата за сите пациенти кои се лечат во болниците во нашата земја. дм дрогерие маркт како општествено одговорна компанија активно го поддржува здравствениот систем од почетокот на пандемијата, во прилог на што говорат повеќекратно извршените донации на медицинска опрема потребна за повеќе болници...

Continue reading

Го купија за 25 топки, а го продадоа за 35 милиони евра

Post Views: 3 Колку е важно, односно пресудно, во клубот да се има врвен скаут сведочи денес примерот на 18 годишниот Ренато Санчез, новата ѕвезда на фудбалското небо. Имено, последните денови често во јавноста можеше да се чуе дека Баерн направил извонредна работа кога во мај потпиша петгодишен договор со Санчез, меѓутоа малку кој истакна колку тука профитирала Бенфика. Скаутите на тој португалски клуб во Санчез препознале талент кога имал само девет години и од локалниот клуб Агиас да Мискуере на Луж го довеле за само 750 евра и 25 фудбалски топки. Девет години подоцна Санчез е...

Continue reading

Ролан Гарос дневно заработува 2,5 милиони евра

Post Views: 10 Навивачите на Ролан Гарос секој ден трошат во просек 2,5 милиони евра, а парискиот грен слем дневно го посетуваат околу 23.000 луѓе и секој од нив просечно троши околу 110 евра. Само за влезници за мечевите, на просечен посетител му се потребни 70 евра. Цената на билетите се од 10 до 220 евра со тоа што ниските цени важат само за дуелите на помалку атрактивни тенисери во првите фази на турнирот. Веќе од четвртфиналето цените на влезниците се троцифрени. Ланч пакетите со сендвич и пијалок се 10 евра, а половина литар вода чини 4 евра. Ниту десертите не се евтини, па...

Continue reading

Запленето „Ламборџини“ од 270.000 евра поради брзо возење

Post Views: 6 Полицијата во Данска заплени луксузен спортски автомобил „Ламборџини хуракан“, поради брзо возење, само неколку часа откако неговиот сопственик го купил возилото. Маж, инаку ирачки државјанин кој живее во Норвешка, го купил „Ламборџинито“ во Германија за околу 270.000 евра. Бил фатен како вози 236 километри на час додека се враќал во Норвешка, на дел од автопатот каде што ограничувањето на брзината е 130 километри на час. Според данските закони, полицијата има право да го заплени возилото на несовесен возач и да го понуди на аукција, а парите одат во данскиот буџет. Полицаецот...

Continue reading

Меѓународниот монетарен фонд одобри финансиска поддршка за нашата земја, во износ од околу 176 милиони евра за борба против пандемијата на вирусот КОВИД-19

Post Views: 3 Меѓународниот монетарен фонд(ММФ) одобри финансиска поддршка за нашата земја, преку Инструментот за брзо финансирање, во износ од околу 176 милиони евра. Преку овој инструмент се овозможува исклучително брз и поволен пристап до финансиски средства од ММФ, во услови кога економија со здрави фундаменти е погодена од надворешен, неочекуван и привремен шок, каков што е пандемијата на вирусот КОВИД-19.Како и поголем дел од економиите во глобални рамки, и македонската економија привремено ќе биде погодена од појавата на новата вирусна инфекција. Ефектите ќе се почувствуваат...

Continue reading

Казни од 5.000 евра во Грција за лажен сертификат за вакцинација

Post Views: 3 Казни за работодавците во приватните здравствени центри во случај да имаат невакциниран вработен, но и казни за поседување или издавање лажен сертификат за вакцинација или потврда за прележан Ковид-19, предвидува амандманот од Министерството за здравство на Грција доставен во грчкиот Парламент, јави дописничката на МИА од Атина. Секој кој ќе се обиде или ќе успее да добие сертификат за вакцинација, а не е вакциниран, или потврда за прележан Ковид-19, а не бил болен, како и за секој вработен, кој на било каков начин учествува во издавањето лажен сертификат за вакцинација,...

Continue reading

Казни до десет илјади евра за трговците кои не ја почитуваат одлуката на Владата за замрзнување на цените на основните прехранбени производи

Post Views: 7 Државниот пазарен инспекторат на терен. Испекторите проверуваат дали во трговците на  маркетите ја почитуваат одлуката на Владата за замрзнување на цените на лебот, шеќерот, брашното тип 400, сончогледово масло за јадење, трајното млеко, свежото месо и сувомесни производи, сирењето и урдата. Имено, овие производи треба да ги имаат цените од 1 декември, кои не смеат да бидат променети до крајот на јануари следната година. Од Инспекторатот велат дека се проверуваат сите маркети низ државата, а казните за непочитување на одлуката се високи и достигнуваат и до 10.000 евра. Државниот...

Continue reading

Сеп Блатер повторно на удар на истрага, заташкал 100 милиони евра мито

Post Views: 7 По апсењето на челниците на CONEMBOL и CONCACAF, најмоќните луѓе на фудбалот од двата американски континенти, на удар на американските истражители повторно е и 79 годишниот Сеп Блатер. BBC ексклузивно објави дека FBI ја истражува улогата на Блатер во корупциската афера тешка 100 милиони евра. Американските власти се сомневаат дека тој ја толерирал и заташкал корумпираноста на поранешниот претседател на ФИФА Жоао Авеланж и членот на извршниот одбор Бразилецот Рикардо Тешеира кои од компанијата ISL примиле околу 100 милиони евра мито, а за возврат им осигурале вносни маркетиншки...

Continue reading

Нема лекари во државното здравство што работат за 250 евра плата

Post Views: 9 Од три извори добивме потврда дека во Македонија не постои лекар што зема 250 евра плата. Платите се многу повисоки. Рецензираме објава на Фејсбук во кој е споделен текст со наслов ,,Само во Македонија: Пекар со плата од 600 евра, а лекар со 250 евра”. Во самата содржина на текстот лекарите не се споменати ниту еднаш, односно на ниеден начин не е поткрепена информацијата дадена во насловот на текстот дека има такви меѓу нив што земаат плата од 250 евра. Таа информација е само дадена во насловот и спомената е еднаш. „Вистиномер“ се обрати до првиот човек на Министерството...

Continue reading

Субвенции до 300 евра за вградување еколошки уреди во возилата

Post Views: 0 Според огласот, како што појасни Бектеши, сите граѓани кои од утре ќе вградат ваков вид уред во своите возила ќе можат да остварат право на поврат од 50 проценти од средствата за вградување на плински уред, но не повеќе од 18 илјади денари, односи 300 евра. За оваа мерка од Буџетот на Министерството предвидени се 11 милиони денари. – За да добијат субвенции, сопствениците на возила произведени од 2005 година па наваму треба да извршат купување и вградување уред за погон на ТНГ, метан или друг вид алтернативно гориво во возилата, по денот на објавувањето на јавниот повик...

Continue reading

Comodita Home ќе донира душеци во вредност од над 100 000 евра

Post Views: 22 Со донацијата на Детска Клиника Козле, Comodita Home ја започнува својата хумана акција на донации на над 1500 душеци, а донацијата е во вредност од над 100 000 евра! Comodita Home е на пазарот на Македонија од 2019 година, а наскоро го отвораме дваесеттиот продажен салон. Посебна гордост на брендот се токму душеците кои се сопствено производство на Comodita Home. Фабриката за производство на душеци на Comodita Home, е фабрика со еден од најголемите капацитети за производство во светот. Со оглед на тоа дека располагаме со душеци, тестирани и сертифицирани од виско-стручни...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top