Ознака: ДУИ

Никој не вели дека активисти на ДУИ пишувале графити за ВМРО во Тетово

Post Views: 10 Пишува: Ардит Рамадани. За време на предизборната кампања, извадено од контекст е дури и соопштениeтo на државна институција. Вистина е дека полицијата ги уапсила лицата кои пишувале графити во Тетово. Меѓутоа, никаде не пишува дека тие лица се активисти на Демократската Унија за Интеграција (ДУИ), иако рецензираната вест го тврди токму тоа. Иако за вој случај од Секторот за внатрешни работи (СВР) во Тетово испратиле соопштение уште во денот на настанот, истото не е вметнато во написот. Сосема легитимно при пишување на една вест новинарот да користи анонимни извори,...

Continue reading

semafor

Распуштено Собранието, сите пратеници гласаа „ЗА“

Post Views: 5 Собранието на Македонија на денешната 87. седница со 117 гласови „за“ и ниту еден против и воздржан донесе одлука за распуштање на актуелниот собраниски состав. Иницијативата за распуштање на Собранието во саботата ја поднесе ДУИ откако не беше исполнето нивното барање за консензуален кандидат за претседател на Македонија. Владејачката ВМРО ДПМНЕ прифати одржување предвремени парламентарни избори на 27 април, односно на вториот круг од претседателските избори. Опозициските СДСМ  и НСДП исто така ја прифатија иницијативата на ДУИ. {loadposition content9}

Continue reading

gruevski i ahmeti

Вечерва ќе се знае дали ќе има предвремени парламентарни избори

Post Views: 1 Вечерва извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи вонредна седница на која единствена точка на дневен ред ќе биде одлуката на ДУИ во понеделник да побара распуштање на парламентот. Ако и ВМРО-ДПМНЕ се согласи со оваа одлука на нивниот коалициски партнер, тогаш владеачката коалиција лесно ќе го обезбеди потребното мнозинство за самораспуштање на парламентот. Тоа ќе значи дека веќе наредната недела претседателот на Собранието Трајко Вељаноски би можел да ги распише предвремените парламентарни избори. Ова би биле осми по ред парламентарни избори. Ваквото сценарио е актуелно...

Continue reading

Trajko Veljanoski

Ќе има или не предвремени парламентарни избори?

Post Views: 3 Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски се очекува утре да ги распише изборите за шеф на државата, кои според првичните најави од владејачките партии треба да се одржат на 13 и 27 април. За евентуални предвремени избори заедно со претседателските владините партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ќе тактизираат до крајните законски рокови до кога може да се распушти Собранието доколку изборите би се одржале заедно со вториот круг за избор на претседател. Партиите на Никола Груевски и Али Ахмети го чекаат крајниот рок бидејќи с` уште нема договор меѓу нив и за предлогот на ДУИ...

Continue reading

Лазаревска: Незнаењето на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ резултира со целосна деградација на македонското образование

Post Views: 1 Незнаењето на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ кулминираше со безмилосно трошење на народните пари на “проекти“ од типот : „Компјутер за секое дете“, екстерно тестирање и оценување на учениците и наставниците , целосно нефункционална Кембриџ програма, пренатрупаност на наставниот кадар со двојна администрација и многу “проекти“ кои на крајот резултираа со целосна деградација на македонското образование, обвини кандидатот за пратеник од СДСМ, Жаклина Лазаревска. Новата влада предводена од СДСМ и коалицијата ќе спроведе итни промени, за европско образование, кажа Лазаревска. Таа наброја...

Continue reading

pres vmro-dpmne-struga

ВМРО-ДПМНЕ Струга контра градоначалникот Мерко

Post Views: 5 ВМРО-ДПМНЕ-Струга станува опозиција на градоначалникот Рамиз Мерко. Незадоволни од работењето на Струшкиот градоначалник, тие од денес преминуваат во негова лична опозиција, а не опозиција на неговата партија. Велат со ДУИ имале одлична и плодна соработка. Претседателката на општинскиот изборен штаб, Надица Николоска додаде дека ВМРО-ДПМНЕ-Струга има сериозни сомнежи дека во својата работа, Мерко не се придржувал кон законите и не ги почитувал интересите на Стружани. „ВМРО-ДПМНЕ посебно изразува остро незадоволство од третманот кој Македонците во општина Струга го имаат...

Continue reading

malik shemshedini

ДУИ ги манипулира гласовите на албанците

Post Views: 1 ДУИ е во клиничка смрт. Мерко само се обидува да ја спаси. Струшкиот огранок на ДПА, со здружени сили на ограноците на ДПА на Пелагонискиот регион изразија вознемиреност во врска манипулацијата со гласовите на Албанците. Малиќ Шемшедини, претседател на огранок на Преспанскиот регион, рече дека основните вредности на демократијата се изгубени и тоа било, ни помалку, ни повеќе, туку само конкурентност на политичките опции. Тој предупреди дека албанска нација има насекаде, не само во Струга. Шемшедини во кратки црти спомна дел од пропустите на ДУИ, посебно во градовите...

Continue reading

zijadin

ДПА реагира на партиските вработувања во Струга

Post Views: 1 ДПА по втор пат реагира на новите партиски вработувања во Струга. Претседателот на општинскиот огранок Зиадин Села вели дека во СВР Струга неодамна се вработени 7 лица сите македонци, кадар на ВМРО ДПМНЕ и тоа без конкурс. Тој јавно прашува каде е овде правичната застапеност која треба да ја има.  „ Пред два дена се вработени двајца членови на ВМРО ДПМНЕ, а уште двајца се очекува да се вработат во наредните денови – вкупно четворица вработени сите македонци. Повеќе од јасно е дека ВМРО заедно со ДУИ на прагот на предвремените избори веќе работат во правец на етнизација...

Continue reading

Zijadin Sela

ДПА Струга со низа обвинувања за градоначалникот Мерко

Post Views: 3 Општинската ДПА од Струга со низа обвинувања за работењето на градоначалникот Рамиз Мерко. Наместо албанци во неколкуте јавни институции во Струга, се вработуваат само македонци. Најголемата вина за тоа ја сносат Градоначалникот Рамиз Мерко и пратеникот од ДУИ, Тахир Хани обвинија денес на прес конференција од Струшкиот огранок на Дпа. „Мерко кој е претседател на огранокот на Дуи во Струга и пратеникот Хани во четири очи договараат се што е на штета на албанците“, вели претседателот на  огранокот на ДПА, Зијадин Села. Тој го обвинува Струшкиот градоначалник дека во Струга...

Continue reading

влада

Составот на новата влада

Post Views: 10 Мандатарот Никола Груевски синоќа до Собранието на Република Македонија ја достави владината програма и имињата на новите министри во новиот владин кабинет. Вицепремиерските места од ВМРО-ДПМНЕ ги задржуваат Зоран Ставрески и Владимир Пешевски. Гордана Јанкулоска останува на чело на МВР, додека Министерството за култура и натаму ќе го води Елизабета Канческа-Милевска.Никола Попоски, досегашниот амбасадор во ЕУ, ќе ја раководи македонската дипломатија, Никола Тодоров ќе биде прв човек на Министерството за здравство, а нов министер за образование и наука од редовите на...

Continue reading

Kondarko

ДИК:Прелиминарни резултати: ВМРО-ДПМНЕ 437.665 гласови, СДСМ 367.876

Post Views: 2 Државната изборна комисија (ДИК) ја заврши обработка на сите ливчиња од вчерашните избори, според кои ВМРО-ДПМНЕ освои 437.665 гласови, што е точно 39 отсто, додека СДСМ освоил 367.876 гласови, или 32,78 отсто.На трето место се наоѓа ДУИ со освоени  114. 870 гласови (10,24 отсто), ДПА 66.055 (5,89), НДП 29.981  (2,67), ВМРО-НП 28.125 (2,51), Нова Демократија 19.732 (1,76), Обединети за Македонија 17015 (1,52), ЛДП 16556 (1,48), по што следуваат партии со освоени гласови под еден процент.На предвремените парламентарни избори гласале 1.158.459 граѓани, од што бројот на...

Continue reading

Ramiz Merko

Мерко со уште една одговорна позиција

Post Views: 2 Тој е избран како делегат на Генералниот совет на ДУИ. Мерко скромен и послушен на одредбите на својата опција и лидерот Ахмети. Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко како активист на ДУИ се најде меѓу 75 те делегати  во трката од 159 кандидати. Познато е дека на вториот конгрес на Демократската унија за интеграција што се одржа во саботата 19 декември, лидерот Али Ахмети остана на кормилото на оваа политичка опција уште четири години. На Конгресот беа избрани и членовите на Генералниот совет. Мерко задоволен од своето место меѓу делегтите, и потенцира дека  конгресот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top