Мерко со уште една одговорна позиција

Тој е избран како делегат на Генералниот совет на ДУИ.

 |  Николовска Биљана  | 
Ramiz Merko
Рамиз Мерко

Тој е избран како делегат на Генералниот совет на ДУИ. Мерко скромен и послушен на одредбите на својата опција и лидерот Ахмети.

Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко како активист на ДУИ се најде меѓу 75 те делегати  во трката од 159 кандидати. Познато е дека на вториот конгрес на Демократската унија за интеграција што се одржа во саботата 19 декември, лидерот Али Ахмети остана на кормилото на оваа политичка опција уште четири години. На Конгресот беа избрани и членовите на Генералниот совет. Мерко задоволен од своето место меѓу делегтите, и потенцира дека  конгресот се одржал на високо демократско ниво.

Градоначалникот Мерко рече дека чест е да се биде делегат на висока партиска позиција, но секако дека му значи и градоначалничката позиција бидејќи од тука потекнува севкупнто негово искуство во политиката.

Продолжување на споредувањето на Охридскиот договор, интеграцијата на Македонија во НАТО и во ЕУ, стратегија за економскиот развој на земјата и понатаму остануваат дел од заложбите на оваа политичка опција, што сите ги прифативме како реалност од старна на нашиот лидер Али Ахмети рече Мерко.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top