ДИК:Прелиминарни резултати: ВМРО-ДПМНЕ 437.665 гласови, СДСМ 367.876

Државната изборна комисија (ДИК) ја заврши обработка на сите ливчиња од вчерашните избори.

 |   | 
Kondarko
Кондарко

Државната изборна комисија (ДИК) ја заврши обработка на сите ливчиња од вчерашните избори, според кои ВМРО-ДПМНЕ освои 437.665 гласови, што е точно 39 отсто, додека СДСМ освоил 367.876 гласови, или 32,78 отсто.
На трето место се наоѓа ДУИ со освоени  114. 870 гласови (10,24 отсто), ДПА 66.055 (5,89), НДП 29.981  (2,67), ВМРО-НП 28.125 (2,51), Нова Демократија 19.732 (1,76), Обединети за Македонија 17015 (1,52), ЛДП 16556 (1,48), по што следуваат партии со освоени гласови под еден процент.
На предвремените парламентарни избори гласале 1.158.459 граѓани, од што бројот на важечки ливчиња изнесува 1.126.392 , а неважечки 32.067. Одѕивот изнесува 63,36 отсто.
ДИК во текот на денот на прес-конференција треба да ги објави првичните официјални резултати од парламентарните избори.
Според симулацијата на граѓанската асоцијација МОСТ, ВМРО-ДПМНЕ има 56 пратеника, со трите пратеника од дијаспората, СДСМ 43, ДУИ 14, ДПА 8, НДП 2.

Crvenkoski i Shekerinska

СДСМ му честиташе на ВМРО-ДПМНЕ

Победата на ВМРО-ДПМНЕ му ја честитаа првите луѓе на СДСМ, претседателот Бранко Црвенковски и кандидатот за премиер Радмила Шекеринска. Двајцата потенцираа дека СДСМ, со освоените 370 илјади гласови, од изборите излегува зајакнат и најавија дека битката „не е завршена, туку допрва претстои“.

„Народот е секогаш во право дури и кога греши… Битката продолжува. Ако видовте што можеме да направиме со 18 пратеници може да замислите што ќе направиме со 43“, изјави Црвенковски кој гарантираше дека времето на неговата партија допрва доаѓа.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top