Post Views: 0
Североистокот на САД, по снежните бури кои оваа недела однесе 13 животи, се припрема за поплави со најавеното затоплување кое ќе го стопи снегот.
Спрема државната хидрометеоролошка служба снегот во најтешко погодените подрачја содржи во себе помеѓу 10 и 15 цм вода. Западниот дел од државата Њујорк, а посебно подрачјето на градот Бафало од средата го затрпа повеќе од два метра снег. Се очекува во наредните денови зголемување на температурите до 10 степени целзиусови но и повеќе, а во прогнозата се очекува и дожд.
Американскиот црвен крст го повика населението да се засолни...
Post Views: 7
Десетмина ученици од ОУ „Григор Прличев“ добија врвна иновативна награда на ниво на државата. Тим составен од вредни и паметни ученици од 6-то до 9-то одделение од ОУ Григор Прличев се прво рангирани на проектот „Значење на користење на алтернативни извори на енергија за зачувување на здравата животна средина“. Учениците Леонид Тодороски, Митко Савев, Софија Милеска, Климент Симоноски, Дарјан Славкоски, Леонид Курто, Ивана Јанкулоска, Марија Јакимоска, Димитар Ѓуроски и Сара Неделкоска го сочинуваат амбициозниот тим кој освои врвна иновативна награда. Тие со помош на...
Post Views: 5
Преку заживување на земјоделските задруги ќе се подобри пласаманот и бенефитот на земјоделските производители во земјава. Ова го истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков на Регионална конференција „Земјоделски задруги – придвижувачи на промена“ која денес и утре се одржува во Охрид. Цветков рече дека нашата земја има многу направено во однос на земјоделските задруги. Тој потсети дека задругарството во РМ се уште е во некој зачеток. За две три години откако е донесен Законот за земјоделски задруги, се формирани 19 задруги, но министерот...
Post Views: 0
Работно одбележувањето на денот на трудот 1 Мај со отпочнување на кампања за утврдување на минимална плата во државата, која не би требало да биде под 160 евра, најави Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).
„Наша проценка е дека многу подобро е да одиме со една ваква иницијатива, отколку демагошки да одиме по улици. Сметаме дека ова е многу поконкретна содржина и поприфатлива за работниците, отколку со неколку луѓе да прошетаме низ улиците “, изјави претседателот на ССМ, Живко Митрески.
Според него минималната плата би требало да биде над 160 евра, оценувајќи дека...
Post Views: 14
Куќата на Робевци целосно ќе се обновува. Внатрешноста на еден од најрепрезентативните градски објекти во Охрид ќе добие нов лик, најави министерката за култура на Република Македонија Елизабета Канческа – Милевска.
Наскоро со поддршка на Министерството за култура и со донација од турската агенција за поддршка на културното наследство „Тика“ целосно ќе се обнови и ентериерот во Куќата на Робевци, во кој ќе биде претставена и реконципирана поставка, посветена на животот на ова старо охридско семејство, рече Канческа – Милевска.
Министерката рече дека Охрид како бедем...
Post Views: 2
Охридскиот бисер стана заштитен бренд на Македонија. Со тоа се става крај на злоупотребите некои трговци да им подметнуваат на купувачите копии, а не оргинални бисери. На овој чекор се одлучија семејствата Филеви и Талеви кои се единствените охридски семејства кои ја имаат тајната рецепта за правење на Охридскиот бисер. Формирале Здружение, направиле Елаборат преку Технолошко- метaлуршкиот факултет и и покажале на државата како го произведуваат, раскажува Михајло Филев. „ Врз основа на тој елаборат, Заводот за заштита на индустриско стопанство ни додели трговски...
Post Views: 5
Фестивалот Охридско лето се закити со уште едно вредно признание како најголема културна манифестација, водечка во градењето на културните вредности на државата.
На синоќешната свеченост во Скопје, по повод 70 години од постоењето на Македонската филхармонија, Охридско лето доби благодарницата за особен придонес во растежот и развојот на најстарата национална музичка институција во земјава. Наградата ја прими претседателот на Управниот одбор, Зоран Вељаноски- Летра. Според него голема е честа да се добие едно вакво признание кое ги потврдува напорите Фестивалот да...
Post Views: 0
Со одлука на Управниот суд , пет хектари на манастирот „Св. Наум“ се одземат од владение на МПЦ и се даваат на располагање на државата, објави телевизија „Телма“.
Одлуката за експропријација е без образложение за каква намена ќе се употреубва земјиштето и дали интересот е јавен како што предвдува законот. Напротив пред судот воопшто не е наведена употребата, иако ова земјиште и претходно беше наменето за проектот во Љубаништа што требаше да го гради индискиот инвеститор Субрата Рој.Синодот на МПЦ на вчерашната седница изрази жалење од оваа одлука. Сметаат дека негативно...
Post Views: 20
Со цел правилно информирање на јавноста Претседателството на ОпО на СБ одржа Вонредна седница на ден 14.10.2014 година на која што ги усвои следните ставови и зајклучоци:
1. Сојузот на борците на Македонија, како непартиска, невладина, патриотска, мултиетничка и единствена Организација на учесниците во НОБ низ која ја изборија слободата и државноста на оваа земја, не се бори за власт . Но СБ има морален кредибилитет да се бори за опстанокот, безбедноста и за прогресот на државата меѓу другото и со давање на свои мислења, свои ставови и низ критички однос кон сето она...
Post Views: 1
Регионален семинар на тема „Да зборуваме за младата генерација, можни решенија и стратегија за тоа како да се справиме со невработеноста на младите во регионот и во земјите од ЕУ“, одржа УНАСМ во Охрид. Дивна Змејкоска нагласи дека Унијата ќе даде се од себе со нивната стручност и експертиза и во соработка со другите сродни организации од регионот да го унапредат овој процес .
„Целта на семинарот е размена на искуства и информации на државите од регионот и државите членки на ЕУ. Сето ова сакаме да придонесеме да го имплементираме во соодветните држави бидејќи состојбата...
Post Views: 3
На планинските превои Стража и Маврово поради лошите временски услови од 6,10 часот утрово е воведена забрана за тешки товарни возила, извествува Авто мото сојузот на Македонија.
Инаку, сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата, се одвива отежнато во зимски услови поради интензивни врнежи од снег и остатоци на коловоз. Дополнително отежнување се и ниските температури, кои условија појава на голомразица
На возачите им се препорачува крајно внимателно возење, прилагодена и намалена брзина на движење по лизгавите и со остатоци од снег коловози...
Post Views: 2
За Нова година и Божиќ дома. Македонските граѓани не се во финансиска кондиција за празнување вон границите на државата. Ќе слават главно во домашна атмосфера, заедно со семејството или со пријателите. Дел од граѓаните сепак и ќе патуваат- но најмногу во домашните туристички центри. Само малкумина со подлабок џеб ќе си дозволат новогодишен излет на подалечните европски дестинации. Ваквата слаба заинтересираност, за туристичките работници е резултат на нискиот стандард, но и на неможноста да се прославува подолго од два-три дена. Иако помасовно зимување очекуваат по божиќните...