Ознака: додава

mashina

Се најде лек за залениот отпад

Post Views: 8 Дополнување на уште една коцка на мозаикот на градското зеленило во градов. Покрај селектирањето на хартијата и пластиката, ЈП „Охридски Комуналец“ почна со селектирање и на зелен отпад. Тоа го прави шредер, машина набавена од Германија, за што ЈП одвои нешто повеќе од 2 000 евра, средства од сопствен буџет. Првиот човек на претпријатието Сашо Алче, вели дека капацитетот на машината е од 6 до 8 метри кубни преработка на зелен отпад на час. Како продукт се добива муљч, кој пак ќе се употреби за подобар изглед на градските паркови, додава тој. Ваквиот чекор е во интерес...

Continue reading

bazen

Охриѓани после долги години, повторно на базен

Post Views: 5 Охридскиот базен наскоро ќе биде ставен во функција. Во завршна фаза е монтирањето на опремата за овој објект, а неодмна заврши и фарбањето на самиот базен, велат од ЈП „Биљанини извори“. Директорката на ЈП Гордана Јовановска кажа дека опремата од Словенија веќе е на царина и од утре почнува монтирањето на истата.  Јовановска додава дека причина за тоа што малку се издолжи периодот на реконструкција на базенот, се временските неприлики, односно големиот број на дождливи денови, кои било пречка за успешно спроведување на самото фарбање на базенот, кое бара одредени оптимални...

Continue reading

pozar

Внимавајте да не настане пожар!!!

Post Views: 1 Високите температури „идеални“ поттикнувачи на пожари. За да се спасиме од нив треба свеста на населението да биде на многу високо ниво.  Од НП „Галичица“ започнаа со спроведување на превентивните мерки кои се дел од опертативниот план на паркот за заштита од пожари. „Ние ги преземаме сите неопходни мерки, кои пред се се превентивни, како и едукација на населението. Во таа насока, годинава, како и лани, ќе дистрибуираме над 10.000 флаери со едукативна содржина за заштита од пожари. Досега поделени се 20 илјади во сите угостителски објекти, но и на сите оние кои гравитираат...

Continue reading

dup

Задоцнети реакции на ВМРО ДПМНЕ за втора урбана

Post Views: 4 Наводната дислокалцијата и пренамена на објектот ФТУ од образовен во туристички центар ги размрда политичките партии. На денешната комисија за урбанизам спротиставени ставови на советничките групи. Советниците од ВМРО ДПМНЕ рагираат на деталниот урбанистички план за втора урбана заедница, па поради тоа оваа советничката група за истиот гласаше против. „Разговаравме сосема отворено и она што е најважно увидовме дека локалната самоуправа треба при донесувањето на макар и вакви урбанизтички планови многу повеќе да се консултура со засегнатите страни многу повеќе да е транспарентна...

Continue reading

rekonstrukcija bolnica

Старите пропусти на болничкиот блок ќе ја поскапат реконструкција

Post Views: 0 Десет месеци од започнување на реконструкцијата на дел од болничкиот блок, работите се одвиваат со полна пареа, информира директорот на Општа Болница, д-р Љубен Арнаудов. Тој додава дека градежните зафати се во полн ек. „Непотребно во чаршијата се создава тензија дека на болницата ништо не се работи. Болницата се работи со планираниот тек кој што го има изготвено проектната единица, истакнува д-р Арнаудов. Директорот појанува дека станува збор за стар објект кој при сегашната реконструкција покажал низа пропусти  во поранешната изградба, а кои  сега мора дополнително...

Continue reading

strelci

Летен училишен спортски камп во Охрид

Post Views: 1 Летен училишен спортски камп во Охрид. Дел од него се 80 тина деца кои постигнале солидни резултати во сите спортови на ниво на основните и средни училишта во Македонија. Во склоп на кампот денеска напознатиот најдобриот стрелец на сите времиња од  Македонија, Бранимир Јованоски, во стрелачкиот клуб одржа предавање. Јованоски кој е едниствениот носител на злато за Македонија на олимпијадата во 1992 год. во Барселона и добитник многу други награди на европски и светски натпревари, но и селектор и тренер на репрезентативците кои настапуваа на параолимписките игри на идните...

Continue reading

muzicko ucilishte

Се поголем интересот на охриѓанчиња за музичко образование

Post Views: 3 „Охриѓанчиња се многу музикални и сакаат музички да се образвуваат“, вели директорката на ОМУ Методи Патче – Нина Момираска. На уписите  во месец мај се запишаа деца во прво одделение 9 годишно училиште  на инструментите клавир и виолина и прва година 6 годишно образование на инструментите флејта, гитара, хармоника и кларинет. „ Интересот во Охрид од година во година е се поголем оваа година капацитетот кој можеме да го поднесеме е 30 ученици а досега примивме 62 деца и 20, 30 беа одбиени. Интресот е голем, Охрид е град на музикални деца и жалосно е сите кои се...

Continue reading

pushtanje vo upotreba

Готов системот на патеки

Post Views: 1 НП „Галичица“, со нов туристички производ, систем на патеки. Денес тој и официјално беше пуштен во употреба, а е во должина од 350 км. Овој систем околу година дена се обележувал и градел, вели првиот човек на паркот Зоран Ангелоски. Тој додава дека процесот на изградба не бил воопшто лесен бидејќи дел од информативните табли, патоказите и маркерите се поставувале на непристапни терени. Очекувањата на Ангелоски се дека во иднина новиот туристички производ, за Охридско преспанскиот регион ќе има голем допринос за развој на туризмот, а истиот бил изграден поради неколку...

Continue reading

Летра

Финишираат подготовките за фестивалот на францускиот филм

Post Views: 8 Од 2 до 5 јули по четврти пат во Охрид ќе се Фестивалот на француски филм. Директорот на фестивалот за Македонија Зоран Велјаноски – Летра вели дека на селекцијата на програмата се работело  цела година. „ На фестивалското издание ќе има поширок избор на филмови од најновата француска продукција“, додава Велјаноски. „ Подготовките течат непрекинато цело време разговараме преговараме со француските партнери со Францускиот културен центар, Француската амбасада Министерството за култура и градот Охрид. Мислам дека за многу кратко време ќе излезиме и со кои филмови“,...

Continue reading

Проработи информативниот центар на Галичица

Post Views: 1 Информативниот центар на НП „Галичица“, ставен во функција. Управата на паркот веќе ги зазеде своите позиции во канцелариите на центарот, уште пред еден месец. Во тек е фазата на уредување на делот за посетители. Според најавите на директорот на паркот Зоран Ангелоски, до крајот на јули целиот објект треба да биде комплетно уреден и официјално да биде ставен во употреба за сите посетители. Изминатиот период во рамките на активности на националниот парк се случија многу работи. Една од нив е процедурата за обука на лиценцирани туристички водичи која е единствена од ваков...

Continue reading

muzej na voda

Културен, здравствен или каков туризам имаме?

Post Views: 3 На вратите на Охрид полека пристигнува летната туристичка сезона. Во исчекување на првиот поголем наплив на туристи, постојано се прашуваме дали ланската лоша сезона останала зад нас или пак не чекаат црни сценарија. Не еднаш се говорело за важноста на туризмот за градов, но и општо за државата, но изгледа се помалку луѓе слушаат или сакаат да слушнат. Она што првенствено недостига, а за кое сите се согласуваат е недостигот на државна стратегија за развој на оваа високопрофитабилна гранка. Ваква стратегија еднаш беше донесена, но мораше да се ревидира поради некои сериозни...

Continue reading

komarec

Охрид, рај за комарци

Post Views: 8 Прскањето против комарци на големо доцни. И годинава епизодно се повторува истото сценарио. Локалната чија што надлежност е да го спроведе прскањето против комарци, сеуште преговара како и кој ќе го изведува тоа. Центарот за јавно здравје, установата која е стручна за тоа, не е ниту консултирана, ниту има било какви индиции за соработка, иако се работи за јавно добро на Охрид, а пред се на охриѓани и туристите, вели директорот на оваа установа Атанаско Михаилов. Тој додава, се создава впечаток дека Охрид нема интерес за тоа и оти градоначалникот и Локалната самоуправа...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top