Ознака: добие

biblioteka

Охрид ќе добие современа градска библиотека

Post Views: 3 Годинава Охрид ќе добие современа градска библиотека од отворен тип, истакна Министерката за култура на Република Македонија Елизабета Канческа Милевска, при нејзината денешна посета на оваа национална установа. Министерката ја најави и конзервацијата на една од нашите највредни книги, „Прохор-пчинското евангелие“. Охрид до крајот на годината ќе добие современо уреден простор според сите светски стандарди за библиотечно работење и чување на богатиот книжевен фонд од околу 150 илјади библиотечни единици на националната установа библиотеката „Григор Прличев“, истакна...

Continue reading

pristaniste

Бакрачески:Охрид вети и ќе добие модерно пристаниште

Post Views: 1 Охрид ќе добие модерно пристаниште. Според плановите тоа ќе биде на истото место, но и ќе ги има сите потребни инсталации за да се догради еден крак на левата страна. ќе се направат заштитници за бранови, со што пристаништето конечно ќе добие нов и современ лик и ќе овозможи потполни услови за модерен воден сообраќај. Ова денеска токму од таму го вети кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, д-р Никола Бакрачески. Тој додаде дека Охридското езеро и Охрид со овој проект ќе добие лик, функција и организација како што доликува на...

Continue reading

nova avtobuska

Нова автобуска-приоритет за кандидатот за градоначалник Васил Ристески

Post Views: 9 Независниот кандидат за градоначалник подржан од Социјал-демократската унија, м-р Васил Ристески презентираше уште еден од приоритетните проекти. Доколку ја добие подршката од граѓаните, Ристески вети нова автобуска станица која би се изградила на местото на старата. Тој рече дека постојното решение повеќе наликува на „паркинг простор“ наместо на автобуска станица. „Еден од приоритетните проекти според мојата изборна програма е изградба на современа автобуска станица која ќе биде за пример во Македонија. Исто така покрај овој паркинг простор, кој ќе биде современа автобуска,...

Continue reading

avtobus 2 kata

Охрид ќе добие двокатен панорамски автобус од Владата

Post Views: 0 И Охрид ќе си добие двокатен панорамски автобус. Владата на последната седница донела одлука на општината да и додели еден од овие отворени двокатни автобуси. Тој ќе има капацитет од 60 седишта, а неговата намена се состои во промовирање на туристичките вредности на Охрид. Ќе се употребува за превезување на туристите од еден до друг туристички локалитет. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави ваквата одлука на владата. Од таму велат ова е еден од елементите кој на Охрид му недостасуваат во поглед на туризмот. „За да можеме институционално тоа да го решиме, и јавно...

Continue reading

opsta bolnica

Охрид ќе добие најсовремена болница

Post Views: 20 Во ова се уверивме лично кога на наше барање со цел да видиме како течат градежните активности, со директорот на општата болница д-р. Љубен Арнаудов и претставник на фирмата изведувач направивме обиколка на новиот објект. Објектот кој започна да се гради пед 8 месеци е во завршна фаза, а за скоро време треба да се донесе мебелот и медицинската опрема. „Добивме многу повеќе отколку што очекуваваме“, вели директорот на општата болница Арнаудов. „Добивме болница по европски стандарди кои во 2015 год. Ќе стапат на сила во Европа, а ние ќе ги имаме во 2013 год. Самото земење...

Continue reading

akademija

Кој ќе го добие најголемото општинско признание- Св. Климентовата награда?

Post Views: 5 Градоначалникот Александар Петрески и годинава ќе го избира добитникот на Св. Климентовата награда. Петрески ќе пресече кој ќе биде носител на наградата од пристигнатите  номинации. Оваа пракса се воведе минатата година со цел да се растеретат од притисокот и да здивнат 5-те членови на Комисијата за одбележување на празници, манифестации и доделување на наградите и признанија,  бидејќи изминатите години доделувањето на наградите го тресеа скандалозни случувања. За да се избегнат ваквите несакани ситуации советниците тежината на изборот ја префрлија на еден човек- Градоначалникот,...

Continue reading

ОО на СДСМ обвинува за состојбите во болницата

Post Views: 4 ОО на СДСМ одржа прес конфернција за состојбите во Општа болница Охрид. При тоа кажаа дека охриѓанки се породуваат во Струга, а фамилијата  печали пари во Охрид. Во измантиве две години во Охрид наталитетот паѓа, а во Струга се шири, ете така ВМРО ДПМНЕ води грижа за охриѓани, истакна претседателот на ОО СДСМ Наум Јованоски. И додаде дека парите и профитот им е пред граѓаните и здравјето на охриѓани. „Играта се откри, заврши. Болницата ќе ја догради дедото на зетот, пратеникот и висок функционер на Вмро Дпмне, Александар Спасеноски. На наводна електронска аукција од...

Continue reading

turnir

Велигденски турнир мал фудбал 2012

Post Views: 0 „Велигденскиот турнир во мал фудбал“ од година во година полека но сигурно, прераснува во регионален. Организатор на неговото овогодинешно четврто издание е Јавното претпријатие „Биљанини извори“, а генерален покровител е Локалната самоуправа од Охрид. Директорот на ова претпријатие, Боро Шајн за оваа година најавува вистински спектакл. „Сакам да напоменам дека овој турнир сакаме да го подигнеме на уште повиско ниво, односно сакаме на овој охридски терен да организираме турнир кој ќе биде истовремено и спектакл. Да победи најдобриот, очекуваме да се појават екипи не...

Continue reading

plivac

Охрид конечно ќе добие затворен базен

Post Views: 7 Охрид ќе добие затворен 25 – метарски базен. Овој објект кој ќе го гради агенцијата за млади и спорт е еден од 9 те пливачки базени, кои ќе се градат наредната година од страна на Агенцијата.  Изградбата на затворен базен во Охрид беше најавена и на седницата на влада на 17 ноември, кога уште беше соопштено дека базените ќе се градат согласно стандардите на ФИНА и ќе бидат соодветни за ватерполо и пливање. „Пратејќи ги владините седници во кои се зборуваше за Охрид, добив впечаток,  а тоа го кажа и премиерот дека сум вршел опстукции на владините проекти наменети...

Continue reading

Saso Alce

Засега, Сашо Алче незаменлив

Post Views: 8 Период за назначување на директори. Изборот на Локалната власт за директорските позиции се врши по теркот на добро проверени и докажани кадри, кои пред се законски ја исполнуваат обврската за можност да седнат во директорските фотељи. Конкретно, станува збор за избор на директор на ЈП „Охридски Комуналец“ за што тече и оглас. Петрески вели дека досегашниот В.Д. директор Сашо Алче, заслужува да го добие решението за директор без оглед на останатите пријавени кандидати. Петрески изјави – „ Верувајте дека незнам во моментов дали тој е единствениот кандидат или не. Знаете...

Continue reading

NP Galicica

Од утре на Галичица или со одобрение или со 3000 евра в џеб

Post Views: 1 Од утре секој кој ќе сака да се движи во границите на паркот ќе мора да добие соодветно одобрение од дирекцијата на Националниот парк „Галичица“ за престој или посета на паркот. Ренџерите од НП „Галичица“ ќе ги контролираат сите посетители. Стигна забраната  охриѓани и гостите да не смеат да палат скари,  стрништа и плевел во излетничките места кои влегуваат во националниот парк и во шумите. Од денес строго ќе се контролира секое движење на посетителите во шумите и парковите стои во најновата делумна забрана како превенција од летните шумски пожари. Кон оваа забрана...

Continue reading

Konjanoski vo poseta avtokamp Sv Naum

Се реконструира воениот камп во Св. Наум

Post Views: 31 Министерот за одбрана Зоран Коњановски во посета на автокампот „Свети Наум“, со цел лично да се увери за текот на активностите за целосната реконструкција на комплексот. Во првата фаза од проектот е предвидена изградба на 15 бунгалови, која се очекува да биде завршена до крајот на август годинава, кога во новоизградените бунгалови според плановите треба да бидат сместени првите гости.  Комплексот по завршувањето на првата фаза ќе има вкупно 34 бунгалови и ќе биде од полуотоворен тип, така што покрај припадниците на АРМ, ќе може да летуваат и останатите граѓани на Република...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top