Бакрачески:Охрид вети и ќе добие модерно пристаниште

Охрид заслужува и ќе добие модерно пристаниште, вети кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Бакрачески.

 |  Маленкова Татјана  | 
pristaniste
пристаниште

Охрид ќе добие модерно пристаниште. Според плановите тоа ќе биде на истото место, но и ќе ги има сите потребни инсталации за да се догради еден крак на левата страна. ќе се направат заштитници за бранови, со што пристаништето конечно ќе добие нов и современ лик и ќе овозможи потполни услови за модерен воден сообраќај. Ова денеска токму од таму го вети кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, д-р Никола d-r BakraceskiБакрачески.

Тој додаде дека Охридското езеро и Охрид со овој проект ќе добие лик, функција и организација како што доликува на една современа туристичка дестинација.  
Бакрачески прецизираше дека во изминативе неколку месеци, тој како кандидат за градоначалник, неговиот тим , капетанот и  дел од кандидатите за советниците, правеле континуирани напори за туркање на овој проект.

„Направивме максимални напори да добиеме финансиска подршка од државата за реализација на еден храбар проект за реконструкција и модерниција на градскотот пристаниште. Успеавме во тоа добивме максимална подршка и денес можам со задоволство да кажам дека  најголем дел од активнотите кои беа предвидени во нашиот план и проект за модернизација на ова градско пристаниште се веќе во завршна фаза. Ова е приметр на кој начин во иднина јас како градоначалник и советот  може треба и мора да соработува со државата и државните институции“, истакна д-р. Никола Бакрачески, кандидат за градоналаник од ВМРО ДПМНЕ.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top