Ознака: децата

kuklena preststava

Дискриминацијата преку куклени претстави

Post Views: 1 Основците од струшките рурални средини ќе се запознааваат со концептот на дискриминација. Тоа се прави преку 11 куклени претстави, во организација на Локалната агенција за развој. Денес куклена претстава беше прикажана во струшкото село Драслајца, поточно во О.У. „Св Климент Охридски“. Целна група беа децата од трето до шесто оделение. Јасмина Попоска од Локалната агенција за развој, вели дека најинтересно после претставата е да се слушнат размислувањата на децата, кои поставуваат интересни прашања. Таа појасни на што се става главниот акцент преку овие претстави.На...

Continue reading

Возрасните да не пушат пред децата

Post Views: 2   Превенција од болестите на зависност. Учениците од 7, 8, 9 одделение и прва и втора година слушаат предавања од своите врсници, волонтери во Црвениот Крст Охрид, за превенција од никотинизмот, алкохолизмот и зависност од дрогите. Станува збор за реализиација на проект преку кој учениците добиваат повеќе информации, попристапни и поразбирливи за нив, појаснува д-р Соња Стурлакова Димовска. „Сега тие болести на зависност започнуваат од многу порана возраст, односно има податоци за присуство на овие зависности особено никотинизмот кај многу помали деца односно веќе дури...

Continue reading

volontiranje

Не е лесно да се биде волонтер

Post Views: 2 Младите осмооделенци од струшкото основно училиште „Јосип Броз Тито“, заедно со своите пријатели од Словенија, ги прават првите чекори во волонтерската работа, соочувајќи се со првите предизвици но и задоволства од оваа работа. Основците од Струга и Словенија заедно учат за предизвиците на волонтерската работа. Волонтерите на виножито, според името на самиот проект, во следните неколку дена, ќе учат како да работат со децата со посебни потреби, како да се грижат за својата најблиска околина,а и за многу други вештини, вели Маргарита Рувинова Ническа – координатор на...

Continue reading

Како ни се хранат децата додека се на училиште

Post Views: 3 Пециво со сирње и спанаќ и јогурт имаа денес децата на мени во училишната менза на ОУ „Христо Узунов“. Ова е едно од ретките основни училишта во градов каде има училишна менза и каде исхраната на учениците е организирана. Пред десетина години во училиштето имало кујна во која се подготвувал и топол оброк, но од пред три години кујната се дава под концесија. Како најдобар понудувач се јавува познатата охридска фирма „Жито леб“ која ги исполнила сите услови одредени од училиштето, а понудила и најдобра цена. Според договорот храната која им се дава на учениците треба да...

Continue reading

deca kina

Малите кинези, најпаметни

Post Views: 24 Проучувањето на тоа која земја има најпаметни ученици има големо значење за земјите. Во однос на надежите на владата и економистите. Поради овие причини, досега се извршени голем број на студии за да се одреди во која земја живеат „најпаметните“ деца. Во 2009 година Организацијата за Економска Соработка и Развој ги објави резултатите од освојата „Програма за интернационални ученици“. Имено ученици на возраст од 15 години беа теститани во 65 земји. Резултатите беа изненадувачки. Децата од Кина, Финска, Кореја и Сингапур се покажаа како многу паметни. Децата од САД...

Continue reading

semejno nasilstvo

Децата трпат насилство и молчат

Post Views: 15 Децата се неми сведоци на секојдневните случувања. Тие сеуште молчат и го трпат семејното насилство. Оваа констатација не само што е евидентна на државно ниво, евидентна е и во општина Охрид.  Стручните тимови на Центарот за Социјални Работи, активно работат и се насочени кон сузбивање на оваа појава. Од таму велат дека семејното насилство денес, иако е препознатливо, сеуште се крие под пазувите на семејствата. Тоа најповеќе негативно влијае кај децата, вели Снежана Толеска Митаноска, психолог во ЦСР. Таа вели дека минатата година евидентирале 36 случаи на семејно...

Continue reading

kuce

Куче за домашен миленик = мир и спокојство

Post Views: 12 Сопствениците на кучињата самите ги имаат искусено придобивките од чување на куче – од мирна и спокојна состојба, до одлични здравствени придобивки. Доколку отсекогаш сте сакале куче или размислувате да си земете куче, овие факти ќе ви помогнат да се одлучите. Здравствени придобивки 1. Прошетките со кучето го подобрува вашето физичко здравје. 2. Галењето на куче го намалува крвниот притисок, и ги намалува шансите за кардиоваскуларни болести. 3. Чувењето на куче кај децата ги намалува шансите за егзема, честа алергија на кожата која предизвикува црвенило и чешање. 4....

Continue reading

japonci

Јапонците, паметен народ

Post Views: 10 Јапонците го почитуваат времето, па просечното време на доцнењето на возовите во Јапонија е седум секунди, деца до шесто одделение во училиштето учат етика, забрането е мобилните телефони да се користат во јавниот превоз, бидејќи ги вознемируваат другите луѓе. Целиот свет им се восхитува на Јапонците, кои нивната земја по 1945-та година ја воскреснаа од пепелта и од целосно уништена стана една од најпросперитетните и најбогатите земји во светот. Сепак, обично сé се завршува само со восхитување, а ние самите како општество не се ни обидуваме да направиме нешто за да...

Continue reading

Градинката Билјaна поплавена со фекалии децата привремено сместени во Лихнида

Post Views: 3 50 дечиња од градинскиот дел и 16 од јасли од објектот Билјана се принудно преместени во дуг клон на Детската градинка Јасна Ристеска. Хаварија на канализационата мрежа предизвикала  појава на фекалии во пералната па децата и вработените се принудно преселни  од Билјана во  градинката Лихнида, информира директорката Роза Костеска.   „Во моментов се чисти и дезинфицира објектот. Во тек на оваа недела пријавивме и во Центарот за јавно здравје за да се дезинфицира со соодветни средства  покрај тоа што ние ги употребивме расположливите средства. Ги замолуваме родителите...

Continue reading

Дениците донираа лап топ компјутери и таблети за децата со оштетен вид во ОУ „Братство Единство“

Post Views: 10 Шест дечиња од ОУ „Братство Единство“ кои имаат оштетен вид денес добија вредна и значајна донација од лајонс клубот Деница. Тие денес им доделија два лап топ компјутери и четири таблети кои ќе им користат во образовниот процес и кои треба да им помогнат во полесно совладување на наставните содржини. Дениците велат дека им требала соработка со многу луѓе за денешната донација да се случи како што треба, токму затоа два месеци биле во постојани контакти со претставници на ОУ „Братство Единство“ како овие лап топ компјутери и таблети би отишле во вистинските раце. „Сакавме...

Continue reading

Поголемо трпение кај наставниците за децата со дислексија

Post Views: 7 Потешкотии во читањето, често пишување на буквите наопаку како да се гледаат во огледало, неможност за следење на секвенци, решавање на математички задачи, а во исто време во најголем дел се работи за деца со натпросечна интелегенција. Ова се само дел од најпрепознатливите симптоми на состојбата наречена дислексија. Иако за неа не постојат направени истражувања во земјава за тоа колкав број од децата се носители на оваа состојба, сепак според помали истражувања направени на ниво на град Скопје, во средните училишта, се дошло до релативна бројка од 17 проценти од сите...

Continue reading

росица

Децата од градинката Росица со приредба и го честитаа празникот 7 мај на охридската полиција

Post Views: 0 Со песна и игра најмали дечиња од мултикултурната градинка Росица на полицајците им го честитаа денот на бебеднсоат и полицијата 7 мај. Децата играа и  пееја пригодни песни на македонски, турски и  алабански  јазик. Трета година по ред во грaдинката Јасна Ристеска се реализира проектот Мојот пријател полицаец, а на гости им доѓаат полициски службеници. „На ваков начин успеавме кај децата  да формираме навики за безбедно живеење и чување на сопствениот живот и здравје и со помош на нашите пријатели полицајци кои се присутни во  градинката, а децата ги посетуваат нивните...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top