Дискриминацијата преку куклени претстави

Приказ на дискриминација преку куклени претстави. Основците од струшкиот рурален регион, преку 11 претстави, кој ги организира Локалната агенција за развој, ќе се запознаат со оваа појава и нејзиното препознавање.

 |  Билјана Николоска  | 
kuklena preststava
kulkena pretstava

kuklena preststavaОсновците од струшките рурални средини ќе се запознааваат со концептот на дискриминација. Тоа се прави преку 11 куклени претстави, во организација на Локалната агенција за развој. Денес куклена претстава беше прикажана во струшкото село Драслајца, поточно во О.У. „Св Климент Охридски“. Целна група беа децата од трето до шесто оделение.

kuklena preststavaЈасмина Попоска од Локалната агенција за развој, вели дека најинтересно после претставата е да се слушнат размислувањата на децата, кои поставуваат интересни прашања. Таа појасни на што се става главниот акцент преку овие претстави.
На субјектите кои се директно вклучени во образовниот процес, веќе им се презентирани насоките кои треба да им ги посочат на децата за препознавање на дискриминацијата, вели Попоска. Таа додава дека кај децата сеуште постојат  стереотипи и предрасуди за другите.  
kuklena preststavaПретставите покрај што се интересни за основците, тие на некој начин и одговараат на поставената цел, а тоа е како децата да ја препознаат и како да се заштитат од дискриминацијата, вели педагогот на училиштето Даница Алексиеска.
Драслајчкото основно училеште е трето каде се изведува куклена претстава после Вевчани и Мороишта. До крај на месецов вакви претстави ќе се изведат во струшките села, Октиси, Делогожда, Франгово, Заграчани, Радолишта, Лабуништа, како и во О.У. Браќа Миладиновци-Струга. Во некои од училиштата од руралните средини се поклонети 5 комплет сцени, како би можеле децата со наставниците и сами да организираат куклени претстави, велат од Локалната агенција за развој на Струга.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top