Ознака: денеска

zemjotresna mapa

Силен земјотрес повторно ја погоди Јапонија

Post Views: 6 Силен земјотрес со интензитет од 6,2 степени според Рихтеровата скала, денеска ја стресе Јапонија. Потресот бил почувствуван и во Токио, каде зградите се нишале околу половина минута.Епицентарот на земјотресот бил во префектурата Тошиги, северно од Токио на 10 километри под површината на земјата. Засега нема информации за евентуални жртви и причинети материјални штети, ниту пак е издадено предупредување за цунами. {loadposition content9}

Continue reading

Bojko Borisov

Бугарскиот премиер поднесе оставка

Post Views: 1 Бугарскиот премиер Бојко Борисов рече дека ГЕРБ дошле на власт со волјата на луѓето и дека на истиот начин повторно ќе ја бараат довербата од народот. Бугарскиот премиер Бојко Борисов од трибината на парламентот изјави дека на седницата на министерскиот совет, која ќе се одржи денеска на пладне, најави дека ќе поднесе оставка на Владата. Борисов рече дека ГЕРБ дошле на власт со волјата на луѓето и дека на истиот начин повторно ќе ја бараат довербата од народот. Тој беше категоричен дека вчера Владата направила максимум, за да одговори на барањата на демонстрантите и...

Continue reading

logo

Светски ден на радиото

Post Views: 7 Денеска се слави светскиот ден на радиото, прогласен од страна на УНЕСКО. Неговата цел е да се подигне свесноста за значењето на радиото меѓу јавноста и медиумите, да се охрабри вмрежувањето и меѓународната соработка меѓу радиодифузерите и да се промовира пристапот до информациите и слободата на изразување преку  брановите на овој медиум.Радиото, како универзален медиум кој досега до различни заедници и маргинализирани групи, нудејќи притоа забава, едукација, користење на правото на слобода  на изразување, јавни дебати, е составен дел од секојдневието на многумина. Со...

Continue reading

pozar

Не стивнуваат пожарите во Грција

Post Views: 6 Во Грција не стивнуваат шумските пожари на полуостровот Пелопонес, на Крит и во регионот на Коринт поради што се евакуирани повеќе села и е прогласена вонредна состојба. Шест од вкупно осум авиони „Канадер“ се оштетени и се повлечени од гаснењето, има настрадани пожарникари, кои се хоспитализирани, соопштуваат денеска медиумите во Атина. Огнот во областа Ахаја, северно од градот Патра, на полуостровот Пелопонес, беснее од вчера и досега уништил ниви и насади. Во некои региони на областа е прогласена вонредна состојба. Вчера биле евакуирани и жители од село во близина...

Continue reading

burgas

Бургас, 8 жртви, нападот дело на самоубиец

Post Views: 4 Нападот врз автобусот со израелски туристи во Бугарија во кој загинаа најмалку осум лица е дело на ,,напаѓач самоубиец“, изјави денеска бугарскиот министер за внатрешни работи Цветан Цветанов. „Експлозијата ја предизвикал еден човек кој загинал во нападот и чијшто идентитет уште не е утврден“, рече Цветанов на аеродромот во Бургас. Тој кажа дека напаѓачот имал лажна возачка дозвола издадена во Мичиген во САД. Министерот рече дека во автобусот со израелски туристи загинале осум лица, шест Израелци, еден Бугарин и самиот напаѓач. Според извештаите, во автобусот имало...

Continue reading

oslo

Маж се самозапали пред судот во кој му се суди на Брејвик

Post Views: 1   Засега неидентификуван маж се замозапали денеска пред зградата на Судот во Осло, каде во тек е судскиот процес против масовниот убиец Андерс Брејвик. Како што соопшти норвешката полиција, мажот прво се обидел да ја пробие заштитната ограда околу Судот, но кога не успеал во тоа се самозапалил. При инцидентот, тој се здобил со сериозни изгореници. На Брејвик му се суди поради нападите на островот Утоја и во Осло во јули минатата година, при кои уби 77 лица. {loadposition content9}  

Continue reading

wolf

Германскиот претседател поднесе оставка

Post Views: 7 Германската опозиција претходно денеска го повика Вулф да се повлече од функцијата, откако обвинителството побара од Парламентот да му го одземе имунитетот поради обвиненијата за корупција. Од средината на декември минатата година 52-годишниот Вулф е подложен на жестока критика во германските медиуми, кои го обвинуваат за обид за прикривање на аферата со приватниот кредит, добие од сопругата на пријател индустријалец, додека бил регионален премиер, посочуваат агенциите. Оттогаш не минува ниту една недела а да не се појави нов скандал околу името на претседателот.Досега...

Continue reading

imunitet

Словачките пратеници си го укинаа имунитетот

Post Views: 7 Словачките народни претставници денеска го укинаа пратеничкиот имунитет, но и имунитетот на другите функционери, почнувајќи од шефот на државата. За законот за укинување на имунитетот гласаа сите 147 присутни пратеници од вкупно 150.Новиот закон, благодарение на иницијатива на опозициската левица, партијата СМЕР на поранешниот премиер Роберт Фиц, имунитет се укинува и на другите функционери – шефот на државата, обвинителите, полицајците, агентите на разузнавачката служба СИС, на затворските чувари и на железничката полиција. Во вторникот 17 пратеници од либералната...

Continue reading

hacker

Приведен романски хакер упаднал во серверите на американската армија, НАСА и Пентагон

Post Views: 4 Романски хакер, осомничен дека ги нападнал серверите на американската армија, НАСА и Пентагон, денеска е приведен од романската Дирекција за истражување на организираниот криминал и тероризмот (ДРПОПТ), соопштија романските медиуми. Дваесетгодишниот хакер, познат под псевдонимот TinKode, денеска е приведен од романските истражни органи, соопштија судски извори. Тој ќе биде сослушан денеска во регионалната служба на ДРПОПТ во Темишвар, во западна Романија. {loadposition content9}

Continue reading

solarna bura

Соларна бура ја погоди Земјата

Post Views: 9 Соларна бура стигна на Земјата и станува се’ посилна. Сонцето не’ бомбардира со радијација од најсилната бура во последните шест години. Ерупцијата на Сонцето ослободи најголема радијација од 2005 година, која би можела да ја наруши сателитската комуникација, особено во поларните региони. Денеска бурата ќе го достигне својот врв,а најголеми ефекти ќе почувствува северниот дел на Земјата. Соларната бура се појавила во неделата околу 4 часот наутро, нејзината радијација стигнала на Земјата околу еден час подоцна, а ќе не’ погоди во три различни периоди. Врвот ќе биде денеска,...

Continue reading

pres

Полски обвинител си пукал во глава на прес конференција

Post Views: 8 „Обвинувањата кои на моја сметка ги изнесоа медиумите не се вистинити и се неправедни“ рече Пшибил, а потоа ги замолил да излезат за да ја проветри салата. Откако излегле новинарите слушнале пукање и го нашле обвинителот во локви крв, откако се обидел да си го одземе животот. Обвинителот бил пренесен во болница од каде сооопштија дека е жив и во стабилна состојба. {loadposition content9}

Continue reading

Денеска и утре втор уписен рок на ФТУ

Post Views: 11 Денеска и утре на охридскиот Факултет за туризам и угостителство се сприведува вториот уписен рок за новата академска 2020/2021 година. Во првиот уписен рок место на факултетот си обезбедија 117 бруцоши, а според објавениот дополнителен конкурс има слободни уште 207 места. На насоката туризам има место за 51 студент, 46 на осигурување, 23 на царина и шпедиција, 19 за менаџмент во услужен сектор (профили: финансиски, промотивен, логистички менаџмент и менаџмент во култура), 9 за гастрономија и 27 за хотелско – ресторански менаџмент. Во првиот уписен рок нема запишани...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top