Ознака: денеска

kej

Рачна граната покрај кејот на Охридското Езеро

Post Views: 13 Туристите и граѓаните на Охрид кои денеска шетаа на кејот на Охридското Езеро, на само пет метри од брегот, можеа да забележат неексплодирана рачна граната, најверојатно, од Втората светска војна. Се работи за рачна граната која се наоѓа на длабочина од околу половина метар од десната страна на рекреативниот мост пред хотелот Палас. Се очекува надлежните служби и експерти пиротехничари да ја отстранат бомбата, која е потенцијална опасност за околината. Се претпоставува дека гранатата на ова место во Охридското Езеро пред два дена, за време на невремето, ја донеле силните...

Continue reading

zasaduvanje drvca

Продолжија активностите за одбележување на слободен Охрид

Post Views: 4 Еколошка акција во ОУ Св. Климент Охридски, по повод патрониот празник на нашиот град. Претпладнево во дворот на училиштето беа засадени садници, акција која ја спроведоја ЈП Охридски Комуналец, раководството на училиштето и советот на родители. Првата садница ја засади градоначалникот Александар Петрески кој истакна дека чест е да се живее во Охрид, но при тоа искажа благодарност и почит до сите кои дадоа свој придонес за ние денеска да живееме во слободен Охрид. „Локалната самоуправа имаше многу активен период во изминатите неколку месеци. Денеска продолживме со средување...

Continue reading

Кај охридски средношколци пронајдена марихуана

Post Views: 3 Настанот кој фрли црна дамка врз охридската Гимназија денеска го потвридија и од СВР и од училиштето. Директорот на средното училиште Св. Климент Охридски, Наум Рилкоски кој денеска службено беше во Скопје, во телефонскиот разговор истакна дека вакви постапки на учениците никако нема да бидат толерирани, туку напротив децата ќе бидат санкционирани. Рилковски потврди дека деновиве се разговарало и со родителите и со пет од децата инволвирани во случајот, а за утре била закажана средба со уште едното дете и неговите родители.  Директрот уште кажа дека за случајот ќе се...

Continue reading

sudnica

Одложено првото рочиште за потонувањето на бродот „Илинден“

Post Views: 6 Главниот судски претрес што се води против Сотир Филевски и претставникот на реномираната германска компанија „Лојд“, Бранко Бајиќ, одложен. Судијката на овој спор Милка Танеска, истиот го презакажа за 18 јануари 2011 година. Главна причина поради што денес во Основниот суд во Охрид не се одржа главниот претрес, беше неприсуството на второ обвинетиот Бајиќ, иако уредно бил поканет по диломатски пат, рече Танеска. Бранителите на обвинетиот категорични во својот став дека нема вина кај Филевски. „Вина има некој но не и обвинетиот“, рече бранителот Саво Коцаре, и додаде...

Continue reading

vakcinacija

Денеска започна вакцинацијата против сезонски грип

Post Views: 2 Во Медицинскиот центар во Охрид денеска почнува вакцинацијата на населението против сезонски грип. Според податоците од Заводот за здравствена заштита од Охрид, засега се обезбедени 2.500 вакцини. Медицинските лица препорачуваат вакцинација за периодот на сезонски настинки и грипови,  за заштита на популацијата од појави на епидемии од пошироки размери. Во рамките на акцијата минатата година се вакцинирале повеќе од 2.000 охриѓани, информира Центарот за јавно здравје од Охрид. Директорот на Центарот, Атанаско Михаилов, истакна дека изминатите три години во Охрид не...

Continue reading

11 Oktomvri

Македонскиот народ празнува

Post Views: 19 Делегација на локалната самоуправа состевена од советниците Љупчо Настоски, Драган Пандески, Климе Тренески, Љубен Буџакоски, потесното семејство на Петре Пирузе мајски, како и претседателот на Општинската организација на сојузот на борците Гоце Ѓорѓиески, претпладнево на спомен одбележјата на народните херои во градскиот парк, пред судската зграда како и спомен одбележјата на борците од НОБ над бензинската пумпа кај Билјанини извори положија свежо цвеќа.    Инаку, пред точно 69 години храбриот македонски народ, наоѓајќи се, по кој знае кој пат, под туѓа инвазија и...

Continue reading

letstravelbalkans

Патничката агенција „Letstravelbelkans“ најдобра агенција за 2010 год.

Post Views: 2 Државата ги наградува највредните. По повод светскиот ден на туризмот денеска точно напладне во клубот на пратеници министерството за економија на најдобрите инкаминг туристички агенции, хотели и ресторани во земјава за 2010 год. им додели признанија за својот труд. Една од агенциите кои ја освоија довербата на министрвото за економија е  Патничката агенција „Letstravelbelkans“.Главната филијала на оваа агенција е во Турција, но покрај таму свои претставништва има и во Дубровник, Египет и Македонија, поточно Охрид. Оперативецот Филип Стефаноски презадоволен што токму...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top