Македонскиот народ празнува

Македонците ширум светот денеска го одбележуваат 11-ти Октомври, денот на македонското народно востание против фашистичките окупатори врз Македонија.

 |  Татјана Маленкова  | 
11 Oktomvri
11 Октомври

11 OktomvriДелегација на локалната самоуправа состевена од советниците Љупчо Настоски, Драган Пандески, Климе Тренески, Љубен Буџакоски, потесното семејство на Петре Пирузе мајски, како и претседателот на Општинската организација на сојузот на борците Гоце Ѓорѓиески, претпладнево на спомен одбележјата на народните херои во градскиот парк, пред судската зграда како и спомен одбележјата на борците од НОБ над бензинската пумпа кај Билјанини извори положија свежо цвеќа.    
Инаку, пред точно 69 години храбриот македонски народ, наоѓајќи се, по кој знае кој пат, под туѓа инвазија и окупација, на денешен ден се крена на организиран општо народен отпор и востание против германските и италијанските фашистички окупатори.
Со нападот од страна на Првиот прилепски партизански одред врз Бугарскиот полициски участок во Прилеп на 11 октомври 1941 година беше означен почетокот на организираното македонско востание против окупаторот. Еден ден подоцна на 12 Октомври се огласија и партизаните од Кумановскиот одред за конечно ослободување на Македонија од Бугарскиот, Италијанскиот  и германскиот окупатор.
Во текот на четиригодишната војна, Народноослободителната војска на Македонија постепено прерасна во доброорганизирана 110 илјадна армија.
За време на окупацијата Македонија претрпе огромни економски штети и големи загуби на човечки животи. Со одржувањето на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година се поставија темелите на повеќе вековната идеја за основање на самостојна македонска држава.
Денеска, повикувајќи се на борбениот дух на 11-ти Октомври 1941-та година, им одаваме најдлабока почит на паднатите борци во Народно Ослободителната Борба и им порачуваме дека за секогаш ќе останеме верни на нивните заложби, дека Македонија и македонскиот народ знае да ја чува и брани својата слобода, демократија, сувереност и независност.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top