Ознака: денеска

brodovi

Потонаа три рибарски брода во Јужно Кинеско Море

Post Views: 6 Повеќе од 70 лица се водат како исчезнати откако потонале три рибарски брода во Јужното кинеско море, кое го погоди тајфун, јавуваат кинеските медиуми. „Три рибарски брода потонаа во неделата откако помина тајфунот Вутип. Седумдесет и пет лица се водат како исчезнати“, јавува агенцијата Синхуа. На отворено море имало пет брода со 171 патник во моментот кога поминал тајфунот. Досега се спасени 15 лица, а акцијата за спасување трае и денеска. Тајфунот Вутип, проследен со ветрови што достигнуваат брзина од 140 километри на час, го погоди кинескиот остров Хајнан. Денеска...

Continue reading

keri i lavrov

Денеска во Сирија, средба Кери – Лавров

Post Views: 2 Американскиот државен секретар Џон Кери и неговиот руски колега министерот за надворешни работи Сергеј Лавров денеска во Женева ќе ги започнат разговорите посветени на рускиот планза решавање на сириската криза со хемиското оружје. Според американските власти, се очекува преговорите во Женева да траат два дена.Во меѓувреме петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН разговараа за француската предлог резолуција и го повикаа претседателот на Сирија Башар ал Асад да се откаже од употребата на хемиско оружје. {loadposition content9}

Continue reading

Bulent Arinc

Демонстрациите против градежниот проект на турската влада, „праведни и легитимни“

Post Views: 5 Првите демонстрации, организирани во Истанбул минатата недела, против градежниот проект на турската влада, што потоа се проширија низ целата земја, беа „праведни и легитимни“, изјави денеска турскиот вицепремиер Булент Аринч. Првите демонстрации, темелени на еколошката загриженост, се праведни и легитимни, посочи Аринч, кој е и портпарол на владата, за време на прес конференција во Анкара по средбата со претседателот Абдула Ѓул. Првите демонстрации почнаа во Истанбул против плановите за растурање на паркот Гези во рамки на проект за реконструкција на плоштадот Таксим,...

Continue reading

protesti

Протестите во Турција стануваат помасовни

Post Views: 0 Стотина приведени демонстранти и жестоки судири со полицијата ја одбележаа минатата ноќ во Турција. Локалните медиуми пренесуваат дека бројот на демонстранти станува сè помасовен. Ноќеска најрадикално расположените демонстранти во Анкара се обиделе да се втурнат кон канцеларијата на премиерот Ердоган, но полицијата го спречила обидот. Демонстрантите го обвинуваат премиерот Реџеп Таип Ердоган за злоупотреба на моќта и обид да ја исламизира земјата. Од изутринава територијата околу зградата на владата и министерствата се опокружени од силите на редот. Турскиот премиер...

Continue reading

Денеска започнуваат велигденските пости

Post Views: 2 Денот по Прочка е чист понеделник кога почнува големиот велигденски пост. На овој ден се чисти куќата, децата и возрасните се бањаат, шишаат и бричат. Особено се внимава садовите за храна да се измијат и испоснат од мрсното. Во минатото тоа се правело со брашно или пепел и со подолго вриење. За време на велигденските пости покрај вообичаените конзумирања храна од растително потекло, житарици, зеленчук и овошје, постојат и одредени карактеристични продукти што се подготвуваат само во одредени денови за време на постите. Во текот на седумнеделниот период на Велигденскиот...

Continue reading

mayon

Вулканот Мајон се разбуди, однесе пет жртви

Post Views: 12 Еден од најактивните вулкани на Филипини денеска исфрли големо количество на камења и пепел , усмртувајќи на тој начин најмалку пет алпинисти, информираа филипинските медиуми. Спасувачки тимови со хеликоптери се упатија кон планината Мајон на околу 340 километри од Манила за да ги извлечат мртвите тела на алпинистите и да ги згрижат повредените , од групата од околу 20 тина алпинисти кои биле затекнати од ненадејната ерупција на вулканот, изјави гувернерот на покраината Албеи Џои Салкеда. Алпинистите биле усмртени од огромното количество на камења кои биле исфрлени...

Continue reading

pogreb

Погребана „Челичната лејди“

Post Views: 1 Во Лондон е во тек погребот на бившата британска премиерка Маргарет Тачер. На комеморацијата во катедралата Свети Павле, покрај кралицата Елизабета и британскиот премиер Дејвид Камерон, присуствуваат и многубројни странски државници. Семејството Тачер ги замолило присутните да не носат венци, а парите да ги донираат за Кралската болница во Челзи. Маргарет Тачер почина на 8-ми овој месец на 88 години. Дури и ѕвоната на кулата-часовник во Лондон, „Биг Бен“ денеска за миг ќе замолкнат за време на погребната церемонија за поранешната британска премиерка .Одлуката за „замолчувањето“...

Continue reading

erusalim

Католиците го слават Велики Петок

Post Views: 3 Огромен број христијани од католичка вероисповест го одбележуваат денеска Христовото распнување во Светата земја. Верниците се упатуваат во црквата на Божјиот гроб во источен Ерусалим за утрешната миса, со која почнуваат настаните поврзани со Велики петок. Римокатолиците и протестантите ќе учествуаат подоцна денеска во процесии по стапките на Исус во Стариот град. Вечерва ќе биде отслужена света литургија во црквата во Витлеем, каде се родил Исус Христос. {loadposition content9}  

Continue reading

premier

Северна Кореја и се закани на САД

Post Views: 6 Северна Кореја денеска соопшти дека нејзините стратешки ракети и далекосежната артилеријата се ставени во борбена готовност насочени кон американските воени бази. Северна Кореја денеска соопшти дека нејзините стратешки ракети и далекосежната артилеријата се ставени во борбена готовност насочени кон американските воени бази во Гуама, Хаваите и американскиот континент, откако американските бомбардери B-52 изведоа нови летови над Корејскиот полуостров, заканувајќи му е на Северот. „Од овој момент врховната команда на Корејската народна армија ќе ги стави во борбена положба...

Continue reading

Во Македонија денеска се одбележува 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

Post Views: 1 Празникот се празнува по повод основањето на Македонската револуционерна организација во Солун. Имено на 23 октомври 1893 година во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов во Солун се собрале шестмина млади мажи за да ги ставаат основите на тоа, коешто ќе стане симбол и знаме на борбите на Македонците за слобода. Основоположниците биле: Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Aрсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев. Тие основаат конспиративна група, нарекувајќи ја македонски револуционерен комитет. Организацијата се борела за ослободување на...

Continue reading

logo

Започна самитот на новите економски џинови-БРИКС

Post Views: 3 Во јужнафриканскиот град Дурбан денеска почнува петата средба на високо ниво на земјите од групата БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка), пренесоа руските медиуми. За време на дводневниот форум, освен општите дискусии меѓу лидерите на петте држави, ќе има и серија билатерални средби. Гостин на форумот ќе биде претседателот на Египет, Мухамед Морси, кој ќе се сретне со Владимир Путин. Се очекува од политичките теми, што ќе се разгледаат на средбата на врвот, да доминираат конфликтот во Сирија, проблемите на Блискиот исток и иранската нуклеарна програма. Се...

Continue reading

papata francisko

Устоличен новиот поглавар на Римокатоличката Црква

Post Views: 2 Папата Францис денеска е свечено устоличен за нов поглавар на Католичката црква. На свечената инаугуративна миса на плоштадот Свети Петар во Ватикан, на која новиот Папа ја презеде службата, пристигнаа над стотина илјади верници. На големата свеченост пристигнаа голем број светски и европски државници меѓу кои и претседателот на Македонија, Горѓе Иванов. „Драги браќа и сестри, му благодарам на Господ што можам да ја славам оваа света миса на почетокот на мојата служба како Папа. На празникот на Св.Јосип, на именденот на Рајтцингер продолжувам по неговите стапки“, рече...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top